Пробај со стапчиња за ражничи и подебели цевки. Ако ги става и стапчињата, значи му се јадат ражничи @danichap супер се идеите за надвор. Мм зимата залепи креп трака на паркет, па по тоа одеше, а колку поедноставно ќе беше со јаже И лајк за играта од камени Ќе ја пробам со мојава, иако знам како ќе заврши. Со плачки
И ние цртаме во двор со креди, и имам нацртано кругови, бројки во нив и во последниот името, демек таму да стигне и во куќичка, избегала од лавот. За криењето како помала го игравме, треба пак да го пробам сега кога повеќе разбира поинтересно ќе и биде.
Ќе почне да става во пластелинот кашкавал и ќе витка во фолија Ако детето си е по јадење, ич не му требаат вакви игри. Почни да го запознаваш со кујнскиот прибор и нивната намена
сега спие и кога ќе стане оди се качува на столче седнува и вика ам ам ам Иначе да не сум оф топик ептен си играше порано со кујнски прибор како кутлача цедалка тенџериња.. веќе не се интересни.
Еве игри, вежби и помош истовремено, со примеси на неред Кога месиш кифли на пр., дај му да мачка јајце врз кифлите и да наросува сусам, или други семиња. Кај нас месење без тоа не поминува И заедно да месите, се разбира.
му дадов тесто во раце. шанса нема хахаха. Се буни ги испрљал рацете хахахахах. неќе он на готово само да седне да јаде. гурман на татко му хахахахаха иначе со внука ми редовно колачи со модли правевме кога беше мала. Ако немаш пробано
Јас така на мојот му давам да наросува цимет и кокос за доручек . Нешто во тањир нешто на под ... Кога му правам макарони обавезно сам го остававам да јаде . Јас сум од тие мајки кои даваат дете да се прави бербат Поготово пред бањање . Од јамбо имам купено бои за раце . И често му давам да 'црта'.Шлака по хранилка ,на листови ... излегува некој цртеж на крај Во план ми е да го оставам со нозе да бои но кога ке е потопло . Ова со тесто ке го пробам некој ден
Јас уште малку и селам дете на тераса Испланирани ми се сите највалкани игри за таму, а вака мм само ме кара. Насекаде има ориз, грав, залепен пластелин, бои на ѕидовите Инаку и мојава беше многу прљаво дете, ама после втората година, капка вода почна да не поднесува. Хиперсензитивноста си го направи своето. Ни препорачаа некои игри, и наредно во план е играње со пена за бричење, и ако најдам некаде од тие украсните лигави топчиња што служат за декорација во цвеќарниците. Бтв, ако знае некој каде може да се најдат, нека ми пише, или некоја замена за нив. Имаше на времето едни лигави топки мислам што ги лепевме на прозори.
@LiliBoz Колку месеци има твоето? Мојата е скоро 19 и уште пика се' во уста ( освен јадење ) . Не знам до кога ке ни трае таа фаза.
19+ . А храна почна сам да став во уста откако виде посебна салама и не сакав да му дадам па сам си зема
Исто сме играле и ние со чашки, како плусеви ги редевме, може квадрати да редите, триаголници или нацртани линии на хартија во разни бои и да ги поклопува со стапчињата. Ме бендиса. Бои и форми можеш од година и пол да покажуваш и да учиш. Мојава околу 2 г почна да ги кажува,ко прозборе. Броеви после 2г. И во дланки е интересно да и криеш паричка, да погоди дали е во лева или десна. Горе долу слични ни се игриве...и ние се тргаме со фајќалките за жешко од кујна и ги вртиме. Е ова со права и крива линија го немаме пробано. Не ми текнало јажето да го извадам. Некоја врвца и ставам како линија на тепих и ја прескокнуваме на 3....1,2,3..скокај...од последна скала да скокниме. Надвор кога сме на игралиште за кошарка или фудбал ги прескокнуваме линиите обавезно. И ова со круговите ќе го пробаме. Убаво е и шишиња да наредиш на растојание да ги поминувате цик цак (немаме и ние уште пробано)....полигон игри во главно за надвор се супер.
@alana ние вакви редиме ( како жолтото и портокаловото) Имаме 12 парчиња во разни бои и ги сортира, за коцкарската игра, или ги носи натаму наваму. Цик цаков ќе се обидеме и ние, не ми текнало. @VedaG10 мислам дека е играта во када, ама она подобро ќе каже.
Ништо посебно, да црта на огледало со неа и да се размачкува самата, ќе оставам на нејзината имагинација
Стапчињата од претходниот пост употребени на друг начин. Ја издупчив кутијата со нож и редевме во дупчињата.
Супер ти се овие конусчињава баш за таа намена. Чувај ги и за понатаму кога ќе пораснат и научат точак и ролери или повисоки за тогаш .