Значи, те цитирам : „Ги има во Рамки околу 50 денари. ..“...Е сега, читајќи набрзина јас сфатив Рамки е продавницата, затоа пишав не знам кај се наоѓа...Значи страшно глупава испаднав
Da spodelam pozitivno iskustvo so kartive. Sinko e 18+, mnogu mu se interesni, si zaigruvame zaedno i po pola saat, gi delime naopaku na mama, tato i dete pa potoa gledame sto komu se padnalo, ili mu gi redam po 3 vo red i go prasuvam da pogoduva, tie sto ke gi pogodi gi redime na kupce i go falam kolku golemo kupce ke pogodi. Nauci mnogu novi poimi, za pogolemi deca se i za bukvi ucenje gi ima od zadnata strana. Gi zedov od prosvetno delo, 125 denari.
Истите карти ги имавме кога малата имаше 1 година, плус направивме homemade, супер се за учење нови поими Од мене палче нагоре
I jas sednav doma da pravam, ama nekako sporo mi idese (baraj slikicki pa site da bidat so ista golemina....) pa sreka mi tekna da pobaram vo prosvetno delo i mnogu se izraduvav koga gi najdov. Inaku da, moze i za pomali decinja od 12+ mislam ke im zadrzat vnimanie.
Ние само со македонските играме не знаев дека и англиските се вакви. Ќе купам сега и англиски и германски. Ги ина и у веро околу 100 ден се. Јас по маркети па само барам предмети што би можеле да бидат играчки со малку фантазија. Чаши у боја, стапчиња, цевчиња... летово со вода ќе биде се ќе претураме и ќе боиме вода. Ќе пишам како било.
Јас имам неколку од меките книги од Топер, внатре се на пример со слики од сите животни и јас го прашувам он ми го покажува па после обратно, он со палче пипа јас морам да ги кажувам животните и така до недоглед...па како прави секое од животното итн.. ова од просветно уште утре идам да набавам
Ај да бидам искрена, мајка ми ги направи Рачно нацртани и пластифицирани, ги користи и за на работа, па и за внука ѝ направи. Јас сум антиталент за цртање
Ги купив и јас македонските за почеток. Не сака баш букви да учи, а веќе ги знае повеќето работи од сликите, па наместо тоа игравме асоцијации. На пример ја држам јас картата накај мене свртена и и викам, што е зелено и прави кре, кре? И она вика жаба, па и ја покажувам картата и се радува дека погодила. И и кажувам дека е ж за жаба. И така и со другите.На крај правевме кула со картите, како ние кога бевме деца што си правевме, па она ја буташе и на тоа најмногу се радуваше. Купивме и пластелин по милионити пат, имаше еден интересен во просветно, во чашки, а на капачињата одозгора морски животни. И со тоа се изнаигравме. Плус и книга со Петар Пан, не знам зашто, многу го сака. Уште од сега не сака да порасне.
Супер што сте нашле друг начин да ги искористите картите. Инаку да, поимите се лесни за поголеми деца, синко ги знаеше повеќето а за брзо ги научи и останатите, ама уште успевам да му задржам внимание. Кула не сме пробале да правиме, еве идеа за утре!
Прв пат влагам во темава. Не ни знаев дека постои и пријатно се изнанадив дека баш ова барав Периодов ќе се фатам и јас во колосек за првични и полесни игри. Едвај чекам да си играме цртаме и боиме вака Ама знаејки го моево мало кујзнае дали ќе сака да игра Повеќе од 10 секунди не го држат сегашниве игри Реткоо многу ретко да си заигра со нешто 5 минути Дали е таков дали треба форсирање и вежбање еве не знам Сакам да пробам со коцки и слагалици и со животни дека единствена желба му се живоните па ќе видиме што ќе испадне Браво за вас се иснагледав чуда. @mariz ме потсети на моите игри од детството јас многу сакав да играм боам цртам сечам сложувам
Нашиве врсници, па да пишам. На мојава најомилена и е оваа Дење ноќе само вакви игри играе, со форми и вметнување во соодветно. Пробајте.
Овие од лидлот се а? Супер Јас купив риба и внатре кругови за да ги става кругчињата еднаш два пати три пати дур ги стави и толку. Не ја игра ама не се откажувам ќе пробам со друго деновиве ќе пазарам ако имаш време стави некоја сликичка од играчкиве со кои си игра за да имам идеа што да купам. Ова рипчето го видов и за проба го земав ама нема разни форми може затоа му е досадно дека ова е за бројки и бои наменето а мојов мал е за тоа ама гледам обожава да вади нешто било што и да става да мести како на пример капачето од шишето обожава да го вади и става во таа фаза се.. да отклопува и заклопува. Јас забележав кај моево видна разлика во разбирање и играње откако се вмеша 2 ипол недели со малку поголеми дечиња. Нон стоп ги следеше што и како играат и почна и тој да изразува интерес. Многу подобро е така според моево искуство Верувам малава учи многу од поголемата и ја следи во игрите па пробува и таа Видно и позитивно се изненадив
Да, од лидл е. Одлични, и пред се ефтини, дрвени играчки за моторика имаат. Следи акции. Сликава на третата страна ја имам објавено. Првата горе е со чеканче. Да ги чука делчињата кои се местат на дупките. Втората е иста како желчето од горе. Форми. Првата од вториот ред е тешка за нив сеуште, кругчето само успева мојава да го стави, не и другите форми. Таа до него е повторно форми. Да се ставаат во соодветната вдлабнатина од една дрвена плоча. Таа под нив се како вентили, да се вежба идбртување/завртување. Ама и за обаа се мали они. Коцките мијава сеуше повеќе сака да ги руши кулите. Кога е на арните до 5-6 ги реди во висина. Вечер ќе сликнам од играчките кои се за нивна возраст отприлика па ќе допишам.
Фала ти дани. Отприлика имам увид. Јас оваа во лидл ја зежав 13 евра нели е скапа? Може на акција ти си ги земала.. Видов дека на ливчето пишуваше 2 ипол евра викам ништо пари одам на каса ја куцаат 13 евра се фатив за глава а сигурна сум дека беше таа играчка. По колку од прилика ги имаш купено?
Скапа е. Нормална цена и е 4-5 еу тука. На попусти, доколку не се продаде, по неколку недели ќе падне за 30% .
Гледам и јас дека е скапа. 4 5 евра е соема пристојна цена. Не знам зошто така. Баш периодот ќе забележам како идат цениве ама у глобала се е поскапо за разлика од англија.