Po sovet na @Lolipop23 kupivme karti i nie. Priblizno isti. Cekam da stane i da gi otvorime, sigurno ke im se raduva. Dani i jas sum prezadovolna od igrackite vo lidl, a gledam i maliot isto igra so formite od kockata koja ja kupiv pred nekoe vreme. Ke. Odime i vo tedi podocna, sakam da mu dadam so vodeni boi da proba da crta. Flomasterite gi jade, so mrsnite boicki ok mu odi, drvenite isto vo usta gi stava, vodeni i temperni da probame. Nas n3 zanimaat Zivotni, instrumenti i formi (kocki) momentalno. Instrumenti pokraj barabance s5o kupivme, limenkite od nescafe mu se br. 1, kutii od konduri i drveni lazici za tropanje. So plasticni sadovi po pola h se zanimava. Pomalite vo pogolemite gi sobira, gi prevrtuva, cuka, sobira igracki vo niv itn. Kocki drveni redi sam, probuva pa e presreken koga ke mu uspee. Kocki gumeni imame isyo i tie mu se interesni za redenje edna vrz druga pa go ucam so topce da gi rushi. Zivotni, slikovnici so zivotni obozava, cel den ke kazuva koe zivotno kako pravi i pocna da prasuva sto e toa, po negovo sekako, i sam si odgovara i si vika bravo. Dodeka rabotam nis doma go slusam @vitamina ete nekoja ideja. A i so casi plasticni, redime kula, ja butkame so mali topcinja posle nekoe vreme gi gmecime casite ko ke ni se zdosadi i taka
Само смислуваме нешто, да биде интересно, па и среќа соработува и го интересира Имаме сега интересна активност, јас му цртам улици, небо, вода, имам купено куп стикери од Алиескпрес превозни средства, па он лепи на улицата коли, од страните семафори, на небо авиони, во вода бродови... како си знаат се Без замерка за цртежот, го нацртав за 2мин Имаме куп, ама овој како најдобар Се брзински ги цртам... Нареден пат на компјутер ке ги направам.. боље така
Еј инаку како играчките на Дани, за фантастична солидна цена има во Автокоманда, во Анаконда што се наоѓа до Бензинската карши Зегинот... имаше голем избор, баш за роденден ги купив тие плочките форми со дупчиња за некои 200ден +-
Јас рибава ја видов 2 ипол евра сигурна бев во цената. На каса испадна 13 евра што е премногу.. Инаку многу интетесни идеи, се гледа дека те интересира уметност видов прекрасни цртежи од тебе. И јас вака као мала си цртав и имав на времето тетратка цртав кукли и им правев посебно на лист хартија облека и им ги лепев одлепував пак лепев.. Уживав во тоа .. Ќе пробам и јас вака со малиот со цртежите ама уште мал ќе почекаме
Леле исто и јас Јас дури цртав луѓе и нив ги сечев, облеката посебно нацртана и исечена со тоа што ја правев да може да се закачи и откачи, а луѓето дури и подлога да стојат им правев И после си игравме со тие со сестра ми А во фиока тука кај мм имам два тефтери што сум црткала, си ги чувам за спомен На ред ми се годишни времиња, сакам нешто интересно за тоа да смислам, ако имам време да реализирам како што ке посакам
Браво @mariz од тебе стално крадам идеи исто вакво му правев ама се цртав. Ние периодов скоро ништо вакво не играме. Од сабајле шетаме до еден, па спие и од 6 до 9 пак надвор. Доага, јаде, туш и се комира. Ама ако, надвор е изнаигран и изнатрчан, ваквите игри што му ги смислувам од септември. Баш пред некој ден врнеше попладне и седиме дома и му текна, ми вика задачка ( така ги вика) имаш, викам немам. И јас не сум прибрана дома. Само мојот сака повеке логички да решава.
Од каде картиве? И колку чинат?Мојава поголема е, ама гледам пишува за 3+ на опаковкава...Навистина има внатре 10 предлози за игри или само така пишува? Јас и имам земено од Просветно дело една книга Убави девојчиња...за да ги облекува, да им лепи облека...убава книга. Слаби сме и ние со игри...надвор повеќе...ај па си викам во зима што ќе правиме. Можи и од @mariz играва да ја пробаме...само стикери да најдиме...ако е девојче многу превозни средства ја интересираат. Со вода гледам повеќе игри летово да се искористи дури е топло. И давам пластични тубичиња полни со вода да ги стиска...пиштолчиња идат во предвид, играње во песок, топки.
Да споделам со што се занимаваме најмногу моментално. Дете скоро 2 години е. Играње со топка. Криенка. Капење на животни...омилено, ама се прави цела жива вода. И редење коцки и составување на ова детево.
Izvini sega gledam. Da 10 igri stvarno ima, katalog vnatre so pravila ima. Inaku 10 evra gi kupiv vo edna knizara.
Има и кај нас, загледав тука во Прилепов . Интересно е за органи да учи...му се помислив и не зедов...не памтам колку пари беше.
Da imav edno garazice ova sama ke mu go napravev. Ovde retko koj kupuva igracki po se izgleda, site doma pravat i smisluvaat. Decata im se na pod so dve igracki... A kaj nas doma... Kaj da zgaznes ke te zabode nesto. Sekoj vikend dobiva nova kniga ili igra. Sam koga odbira nesto, go igra epten, koga ke kupam po svoe pominuva merak za brzo.
Еве со што игра мојaта.Сега најчесто игра со проодувалката, како кола е па брчи, вози со воланот прицка, интересно и е. Сега почнува да покажува интерес и кон ваква топка. Ја имаме оддамна ама сега почнува да ги пика фигурите во неа, не ги годи фигурите која за каде е мисли сите во сите ги бери Игра и со вакви чашки, и тие ни се од поодамна ама сега ги реди една врз друга. Не ги реди по големина точно ама ако ќе дојдеме и до тоа Обожава да вози количиња, камиони. Вози низ цел стан. Имаме едно камионче мало па во него реди плишани мечиња и ги вози Исто игра и со една звучна сликовница со звуци од животни па повторува по нив. Игра и со плишани мечиња, кукли ги реди едно до едно зема лажичка и ги рани им вели ам.. Па зема шише и им дава да пијат вода, па цуцлата и така во круг Игра и со каталози од зегин, еурофарм. Врти низ страните и каде што има дете кога ќе види се радувс и вика детее Сеуште најчеста и омилена игра и се кутиите. Имаме секакви кутии, по фирма и големина. Па зема помали работи ги става во кутиите ги затвора. Па ги вади ги преклава од една во друга кутија. Па потоа ги става во една помала украсна кеса (од оние за поклони) ќе ја наполни цела и после ги турва. Па пак ја полни.
Јас пробав. Де тенџериња де лажички де пластични садови де коцки да редиме де колички .. луѓе ништо.. ќе земе ќе фрле и се смее и ме гледа внимание нула Многу се нервирам не знам што да купам што да правам ништо буквално ништо не го интересира освен правење бељи да се качува ма столови на маси на кревет да рипа најитересно му е да оди по ивица и да те гледа и да се смее и така.. Алал на вас за тие што играат мојот све фрла од еден крај на друг не се смирува додека не го искрши и толку Зар само јас имам такво дете? Почнувам да имам грижа на совест и не знам што да правам
Разгледува сликовници. Ама само кај мачето и кучето ги врти и на носот им прави пи-пиип. Едно камионче го става на маса и прави со него кругови околу масата и вика брм брм. Вади се од фрижидер и најмн сака да прави отвори затвори со коморота од замрзнувачот. Вади влажна марамица и брише под па обавезно со истата ја брише мастата па ја става во уста и лази. Вади алишта од шкаф и ги разнесува насекаде. Упорно се обидува да држи две топки одеднаш и му успева ама на кратко, едната е голема, другата помала. Оди по креветот и се залетува баш накај крајот дури и се мислам ако му дозволам дали навистина ќе продолжи или ме зафркава. Се пентари на игралната, се држи и крева како мајмун за да влезе или излезе. Омилена поза му е онаа за правење салто ама уште нема направено салто. Качување и симнување од кревет. Ова повеќе под занимации спаѓа, а игри не сака јас да му измислувам, што му текне во моментот тоа. @vitamina Остави го сам што сака нека прави, ако видиш дека бара помош смисли некоја игра. По тоа што пишуваш ми изгледа како не сака во место да седи како би се заиграл со нешто.