И со син ми е исто ,сум пишала и во друга тема . Му правев игри идеи од тука и Пинтерест,но џабе . 5 минути и толку . Почнува да ги растура, да ги гази , да ги крши ... итн . Ке му местев вчера воз со шини ... ни шини стигнав да наместам ни воз да пуштам . Таман ке спојам две шини он доага ги зима ги фрла на друга страна. И тоа му беше интересно и се смееше ме закачаше.Неколку пати истото го направи и собрав се у кутија за друг пат Скока на спална со се камионче за возење .Оди низ гарнитура во дневна , се качува на стол на маса мала .Ги вози столчињата низ трпезарија ... итн Знаеш колку играчки купувам , се за да му привлечам внимание ама џабе ! сега за сега Од кога прооди, само да го пуштиш и да трча надвор и низ кука . Ништо друго не го интересира . Немај гајле , не е до тебе . До нашиве деца е . Такви си се темпераментни ... Затоа ние шланг @gjoker4e читам ,и се смејам Сите деца истите лудории ги прават бе ! Јас ке допишам моево кои лудории ги прави ама сега немам време . Покасно
Јас се тешам цело време дека е мал ама и нее баш мал за некакви игри година ипол веќе одмината е. После се тешам дека едноставно е таков жилав живчан и тоа е Ама ми е криво оти сакам да играме јас многу си играв како мала и се трудам ама џабе Он од игри разбира тоа пто го веќе пишав Опасен си е сам на себе Никаква игра до сега не седнал да игра Чат пат мн рерко 5 секунди ќе брчи со количка и толку Или ќе земе да смука у тоа 5 секунди Или ќе брише под итн Се тоа е 5 секунди и крај Исто мојот вози што ќе најде и тоа 5 секунди Сега почна вратите да отвора да се качува сам у када да се прерура со вода да пика се во шоља да истура водата храната итн Тоа за него е игра Не знам можеби потфрлив некаде Сма баш сум нанервирана и разочарана Штом и твоето е вакво ми даде малку утеха дека не сите деца се исти и мораат задолжително да играат Не знам стварно твоето колкаво е?
Не знам кај да ја ставам или помала евентуално па в дневна Имаме двор ама е на сите овде па не би било во ред да ја ставам надвор плус не е добра идеја тоа ќе сака везден надвор ако веќе купувам треба да е внатре
Мојот е 1 и 8 месеци. Тука некаде се затоа се исто бесни Мојот зима џогер,метла било што и ја сета низ стан . Дали е мокра ,дали е сува тоа како ке ми се посреки Сега во една детска продавница барав метла да му купам.Чекам да им стигне . Кај моите има куче, со него трча само . Се бркаат демек ... па под маса се пикаат . Ама само да е со трчање нешто. Отвара и кај нас и кај моите плакари , шкафчиња .Па ако има онакви за затварање , тегне, научи како се откачуваат. Единствена игра што му трае 5 минути е да земе да претура пример кесички од чај(последен пат тоа праеше ) од поголемо легенче во помало . Се додека не сфати дека се кинат и напраи лом низ дневна . И јас сакам да седнам да си играм ама изгледа рано е за вакви темпераментни деца . Пробувам секој ден , ама едноставно такво е детето .Се помирив. Мислам дека до 2 година е вака после тоа ке се заигруваат И јас сум била иста како мала . Мајка ми на шала знае да ми каже:како ми е мерак што сега ти трчаш, како јас на времето Купував и пластелин, и кинетички песок , а бе што не ! На крај јас си играв он скокаше низ кревети Нека се здрави и живи само ! Лудорииве сега ми се смешни кога ги пишувам
Дани кога ќе можеш пиши ми лп како е твојата во овој однос. Баш сакам да слушнам и нечие мислење. Инаку тотално ми е јасно дека не сите деца се правени од ист калап да треба да прават исти нешта. Секое си е засебно тоа многу добро го сваќам само ете мислам дека бар нешто од нешто еве ќе заигра некогаш. Му купив количка да става внатре да вози ништо еве ја стои Му купив шишиња за булинг ништо и од тоа Ќе видиме што е следно Оние играчките со музики ги искрши сите до една Затоа ми е чудно како ништо не може внимание да му привлече освен ете глупостите. Имам забележано дека кога е меѓу деца е некако подруг. Има повеќе внимание и се залажува со по нешто.
@vitamina мојот има 2 години и веќе 2 месеци и исто е Со се' имам пробано и џабе Само расфрла Од тие причини и со говор заостанува
Исто исто буквално. Ете не сум била единствена. Мојот со вегета игра обожава да мачка да истура да заклопува отклопува така тоа ни екстремен начин веќе кога одбива се да јаде па му давам тоа кутичето и игра Иста приказна со метла Иста приказна со кеси на чај Иста приказна со кревети Најново научи вратите да ги отвора па додека сватам каки излегува сам надвор да заклучам инаку се фаќаше за кваката се дигаше и отвараше Еве милион играчки огромни мали ништо си стојат ќе земе количката ќе се качи и ќе ја остави на сред тука и не смее никој да ја дира У принцип се гониме цел ден дури го запазам од се Објаснувам зборам ништо Ме гледа и се смее Ајде се надевам и јас ќе почне да разбира па ќе играме.. Нема сигурно вака да биде како сега
Сума сумарум значи дека постојат и вакви деца што мразат да играат и мразат играчки Ај ќе биде белким еден ден..
Пред некој ден , отвори надворешна врата .Ми се врти и мафта со рачето и вика папа Мама .. Кога го видов се скаменив. Срипав , а беше подалеку од мене . Не очекував дека може надворешна врата да отвори . А на поткровје сме , кога ке излезеш од дома, одма се скали ! Се им разбира тоа мозочето мало ,само прават тоа што нив им одговара .
@vitamina Не ти ги прочитав сите мислења на темава, но од последниве гледам дека си многу загрижена. Јас не гледам причина за истото, особено не зашто детето ти е многу мало. Ако убаво разбрав, нема ниту 2 години. А најчесто, но не секогаш, играта кај дете почнува од тој период, па натаму. До 3 годишна возраст, децата се екстремно поврзани со мајките. Работите кои ги набројуваш се нормални за неговиот период. Не можеш да очекуваш од толку мало дете да задржи внимание повеќе од 2 минути на одредена игра. Па и тоа е многу. Секако дека има исклучоци од ова, оти не сите деца се исти. По писанијата твои, разбрав оти сака да си игра со вода, па јас би му го дозволила тоа и би му се придружила во играта. Тоа е одлична сензорна активност која едновремено придонесува многу за внимание и концентрација. Можеш да му наполниш вода во нешто поголемо. Па да ја обоиш истата со боја за храна и внатре соодветни играчки, како и чашички со кои ќе може да претура. Исто, добро би било да направиш пластелин по домашен рецепт и да си играте со истото. Може да биде и купечки, под услов, детето да не го става во уста. Моите како мали си играа со истите работи со кои си игра и твоето. Ја разбирам твојата загриженост како родител. И јас превземав превентивни мерки во однос на внимание и концентрација. Секое добро.
Со вода си играме, да. Не трае многу али доволно тоа не го спомнав. Му ја полнам кадата со вода и си играме Обожава да се бања да прави акробации итн.. Јас сум тука до него и го занимавам. Баш вчера си игравме во кадата. И погоре спомнав дека не очекувам да биде ко некоја икс особа, дека совршено добро знам дека сеуште е мал и дека не сите деца сакаат и уживаат да играат ама сепак ко што кажа и ти мајчинство.. Сега откако пишав сум малку помирна. И да, година ипол е. Ќе почекам за пластелин и такви работи до кај 2 па ќе купам до тогаш може ќе игра сега не би бидејки става се в уста. Не сакам да ризикувам Фала ви сите на советите
Зависи и до детето... имаме едно другарче, немаше ни 2 год.. а скокаше профи на трамболината, мојов 3год има и не скока сеуште така како тоа што скокаше, сега 2+ е и уште подобро скока, со цел залет.. кај и да е мислам ке научи и да се превртува наназад Плус мојов скока 5мин, тоа 20мин да го оставиш ке скока ли скока
Малите трамболини немаат отскок, барем не нашава. На голема е далеку полесно, на овие постои голема опасност да се повреди детето. А накај 2, или нешто пред, е сепак подруго одколку 1.5 год И да, некои се пофит од другите, мора првен да се проба.
Ааа збориш за малата без заштита што е... таа повеќе како за вежбање за возрасни ми е, некако не ми е за забава за дете, ке летне Најубаво средна или поголема, со мрежа околу. Мојов скока и трча во круг, се треска и во мрежата и доле, позабавно му е така.. него ли да скока
Се разбравме. Ние ја набавувме нашава мала трамболина за во соба кога беше најголемата беше 2 год. Од истата причина како малиот на @vitamina. Темпераментна и со многу енергија.. после неколку дена беше веќе како скачка, уходана. За големата трамболина беше веќе + 2.5 год. и требаше неколку пати за да се ухода. Ама кај други деца може е поинаку. А овие најмаливе се уствари за возрасни, за фитнес или слично, без заштита.
Кога ја читам витамина како јас да сум пишувала. Се заигрува само со нешто што не треба. Единствено надвор знае малку од малку да поигра, ги собира најмалите камчиња и ги реди, обожава да се шлапа во вода и кал. Инаку ние оваа трамполина ја порачавме, денес ке ни стигне. Ми изгледа квалитетна и безбедна. Да видиме само дали ке знае да скока малата, има 21 месец.