Мал е не му се секирај + машко...повеќе на трчање сака да троши енергија, си развива моторика. Трамболина од кај 2г. Ти пак можеш да му покажуваш некои игри, па со тек на време може ќе се заинтересира...иако ти изгледа како да не го занима..
Трет пат ме прашуваат откако се распишав по форумов. До дијалектот е целиот проблем. Наместо "и" користиме "му" за женски род. Девојче е, да.
^хахахаха еве ги пак не им е јасно какво е детето @mariz морам да те пофалам најкреативна мајка си ми.Се сама си правиш Мене ми се допаднаа стапчињата што како сложувалки се ама јас не знам да цртам Ептен ептен убави идеи имаш.Сама ли ги смислуваш?
Еве нешто направивме од линкот што го постирав. Ова со две бои и беше прелесно, по две ги реди наеднаш...ќе треба со повеќе бои да се проба.
Нешто сама, нешто од нет што ке начекам Мала помош за тие што не умеат да цртаат, со модли за колачиња ги боев некои од стапчињата Ставаш модла врз стапчињата и боиш, па после ситниците со четкичка, темперни и нешто со фломастери
Луѓе ве читам и се тешам. Мојов е 21 месец, многу е хипер, се му држи внимание 10 минути и не игра ништо посебно. Се исконсултирав со тетка ми ( она и еден нејзин дефектолог) и сфатив дека е грешката кај мене. Обично го оставам сам да игра и се занимава секако, но од трчање по работа и сл не му обрнувам доволно внимание. Гледам на љуљашки само он не ме слуша што му зборам, краде кофички од другите деца и си ги истура . Не знае да полни, да прави замоци и сл, не се заигрува со други деца, освен ако трча некое па и он по него да се пушти . Секаде се качува исто како на некои други мајки децата, по столици, маси, црта и мн сака секаде да го прави тоа, кога му читам се нервира и ми ја трга книгата... Се мислам некои коцки да му купам, дајте идеја што е за негова возраст, а другото јас ќе си посветам поголемо внимание. Инаку одма копира се, се ме следи што правам и покажува колку е интелегентен на мн начини, само мн ми го уназадија во градинка во јасли, од зборење прекина да збори ( ситно нешто кажува) и почна да лази пак додека одеше (дека три месеци паузираме летово) , прекина да кака на шоља зашто немале у јасли и искрено криво ми е што не го пуштив со поголеми деца . Тие се како папагали едни од други учат.
Нешто со форми и бои за таа возраст. Од 2г и броеви можеш. Гледај такви играчки повеќе што ги вклучуваат овие работи. Има еден куп избор. Исто пластелин, како што кажа и сама песок, вода, турање -претурање, топка подавање, шутирање, куглање. Погледни и поназад во постовиве има доста интересни работи споделено.
Можи да сликниш да видиме какво е? Ние математички плочки си купивме, па да видиме ќе ги сортираме по боја, по форма, ќе ги подредуваме по големина, веројатно и по дебелина и некакви фигури сум во план да правиме. Овие ги памтите сите веројатно и ние ги имавме. Гледам имало и со бројки и букви во Просветно и на нив им се мерачам.
Извини што е спакувано, фали коцка утре ќе го менуваме. Инаку е одлично и не само вовче, може со коцките и Др да игра. 590 денари е во Просветно, а на друго место се изгор. Имаат многу избор да ти кажам на играчки и се се со понормални цени.
Поубави вашиве...гледам и паралелограми имаат . Дрвени се? Значи и танграм можам да искористам....не ми текна.