Прва љубов и единствена занимација која долгооо време го занимава се сложувалките, дрвени со големи парчиња, ги имаме преку 30 (животни, бројки, букви, алати, возила, риби..) почна да ги сложува од година ипол и сеуште ги сложува, секогаш кога ќе најдеме некоја која ја немаме обновуваме. Сега му се уште поинтересни,, а секое парче му кажувам што е како е, боја каде живее или за што служи и му задржуваат внимание. Исто со коцки игра но кратко освен ако не седнам со него па да правиме нешто да му задржувам внимание. Му принтам од интернет за боење броеви, животни, возила. Ќе ги прошкрта кратко а ако седнам со него успевам и подолго време да го занимавам. Последно повеќето игри му ги свртувам кон правилно изговарање на зборови, го учам за намената на предметите по дома. Зедов дрвени логички плочки, правиме форми, сортира по боја и форма ги учи полека боите, ќе му побарам на пр дај ми три црвени кругчиња, па и броењето кај да е ќе го совлада. Мојот проблем е ме бара секогаш до него, пробувам да го оставам сам му давам задолжение и после 10 минути доаѓа по мене аде мама готото детето, и ме фаќа за рака да одам со него. Љубов му се и колите и плишаните играчки, па најново му е да ги реди долж цела соба во колона..
Od kaj kupuvate slozuvalki? I nie sme epten po slozuvalkite. On ke gi namesti dva tri pati i na pamet ke gi nauci pa dosadni mu se veke i moram novi da kupuvam, ama sve istite se vrtat. Od dzambo site gi imame drveni, od galaksi, anakonda, loko croko isto. Kade da baram?
Јас сум од Охрид па најголем дел ни се од Бисер, Хоби и Атва. Сите од Џамбо ги имаме кога одиме Скопје или Битола прво тоа проверувам дали има некоја нова. И кој како оди некаде со служувалка за дете се враќа.
Zanimacija so plastelin. Prvo pravevme otpecatoci od zivotnite vo plastelinot. Posle pogoduvavme koj odpecatok na koe zivotno pripaga.
Слично ние некни правевме....само со тесто и отпечатоците со темперни бои ги боевме (обожава со темперни да шлака). Симетрично сликање Фенер од мала лубеница дедо и направи, интересно и беше. Веќе 6 месеци ја мислам штичкава (geoboard) никако да ја направам
Interesno so testoto. Samo posle ke saka sekoe testo da go boi. Zosto stalno pravime kolaci zaedno. Nie ova go igravme I interesno mu bese, ama ne bas lesno. Tato mu pomagase, a mene mi lovese greski P.s sin mi e 3 godini I 3 meseci. Ne sum sigurna deka pripagame vo temava , zosto e za deca od 1 do 3. Mozebi treba da se otvori nova tema za zanimacii I razvoj na deca od 3 do 5 godina. Sto mislite?
Преубави идеи, јас сум за да се прошири до 5 години, со тоа што самите ние ќе прилагодиме на нашето дете и неговата возраст, притоа да се наведе во постот на која возраст е нашето дете. Син ми е 2г и 2м ги обожава ''шајчињата'' ги употребува строго под мој надзор, кога ќе завршиме со игра ги собирам и ги чувам на недостапно место за него. Дел од колекцијата сложувалки
Pravime pajakova mreza. Sekoe dupce ima brojce. Uci broevi, vezba fina motorika. Interesno mu bese. Nabrzina praveno, pa zatoa e lepeno so selotejp ( nemav drug lepak)
Купивме Sketch book. Занимација 2-3 саати. Правевме од форми облека за куклите и ги боевме. Плус од сликичките лепевме додатоци на куклите. Презадоволна е
Син ми е жива педантерија па морав да му најдам занимација која не прави неред,блазе мене Не сака да е валкан,веднаш трча на чешмата кога ќе се извалка.Играчките сам си ги бере во кутијата,чевлите ги брише пред да влезе дома.Чуден ми е дури. Не е некоја игра,ама се занимаваше еден час додека не ги нареди штипките прецизно една до друга како аптекарски шишиња *ПС. Многу се нервираше додека да погоди убаво штипка една до друга,па летаа на сите страни
Ај кажете некоја игра за 13 месеци дете. Си играме со играчки ама неми текнува што друго. За сликовници книги е мала.
Таман е за сликовници. Купи ги оние со животни со звуци многу се интересни и детево мое фи сака. Кога ќе ги види сам бара да читаме.
Имаш во просветно дело, топер и други поголеми книжари. Исто во просветно му имам купено книгички каде мајките животни ги баараат малите и се отвораат како прозорчиња. Ќе ти сликнам и пратам после од дома.
Moeto e 15 meseci. Gi saka oni so geometriski formi. Znaes koficka na kapakot dupki I da gi stava vnatre. Nekogas ke pogodi, nekogas ne. Od istite redime Kula, pa saka da ja turne.
@karibian @TheSecret Еве ни го арсеналот на сликовници и книги. Неко иго заинтересираа порано, некои покасно. Битно сите сеуште ги сака мног од бебе беше по книгите
Ovaa so zebrata ja sakame. Inaku jas veke mu oslobodiv najdolnata polica od mojata biblioteka haha i samo mi nosi da citame, jas go prasuvam na primer kade e kokoskata i on pokazuva. Nekogas sam ke si sedne na zemja i gi razgleduva.
И ја земав Звуците од фармата. Првин се исплаши од звуците и плачеше сабајле пак ме слушаше додека читам ги пушташе после толку и помина меракот. Ке видиме вечер и утре.