Уф незнам што да кажам. На синко таа му беше прва книга (после оние меканите играчки) уште од 9 месеци и уште ја сака многу. Пробај пак за некој ден или остави да ја гледа па може сама ќе посака. Инаку сега е во фаза да става играчки во кутии (коцки во кутија, колички во гепек од проодувалка) можеш да пробаш и со играчки од овој тип ( оние кутии за ставање коцки во разни форми). Редење на прстени на основа, ксилофонот исто го сака, музичките сајзерчиња ги игра уште. Да не се лажеме ова не е долготрајна занимација, ама кога ги игра му се забавни и се радува.
@Ano @karibian Да се надоврзам за збучните сликовници. Мојата многу сака книги. На почеток кога и ја купив со фармата (на топер ја имаме ние) се нервираше затоа што за да свират животните треба да прицнеш посилно. Таа прицкаше и не свиреја и се нервираше (таква ни е ако на прво не успее се нервира и плачи ) Ја фрлаше книгата и ја скрив. Ја извадов после неколку дена па почна пак да покажува интерес. Моментално кај нас оваа книга е број 1. Може по цел сат да се занимава. Таа врти, кажува кај се мачето, кучето, детето, бабата (тие зборови што ги знае кога ќе ја препознае сликата) После тоа јас и вртам и според сликите и кажувам. Еве го прасето, еве го пинокио. Овде детето јади и сл. Книгата е многу интересна и сликовита. Од истата едиција има и за животните на фармата амаа таа ќе и ја купам подоцна кога ќе и се здосади оваа
Супер оваа наедна ќе ја додадеме во колекцијата. А за оваа со животните на фармата во почетокот и синко не можеше да ги стисне и не се нервираше туку го земаше мојот прст за да свирне. Покасно почна сам да ги стиска, ама сега рикнаа батериите пред некој ден па не свири. Треба да ја отворам да видам што батерии треба за да ги смениме ако воопшто е возможно.
Ние имаме една на топер со шумските животни и има батерија претпоставувам и вашата има.Од позади и треба со штрафцигер да се отвори иначе има од оние батерии како кругче што се.
On gi stiskase vo kalapcinjata mama gi vadese. Plastelinot e super za vezbanje na prstinjata drvoto sam go zabode jas prvo go staviv legnato do kukickite ama ne ispraveno trebalo
Игра со која се учиме да ја сакаме есента.Малата лепеше листови,па заедно цртавме очи.Листчето што плаче го баци малата и мислеше ќе престане
Распределување на коцките по боја, па редење исто по боја. Ништо иновативно, мрзлива занимација за мрзлив ден
Ако имате грав што не се вари имате супер занимација за дете од 2 години.Јас со лепакот и правам форми , а малата лепи гравче.Леќата и се вите понеинтересна. Се занимаваше повеќе од 30 минути
Точно не е за деца што пикаат се уште во уста.Мојата само лижна еднаш од лепакот и виде не е вкусно и продолжи да си лепи Таа си игра со помали гравчиња во градинката уште од 13 месеци сигурно пробала неколку до сегаОд градинка ми се правдаа не биле опасни доколку голтне
Живите зрна се опасни во случај на аспирација, јас не верувам на дете па ја гледам со 4очи од страв.Ама и Господ да ги чува.
Ова ни е најновата книга, од Просветно дело ја зедовме, 280 денари. Многу е интересна, со прозорчиња внатре, со многу поими за учење, синко ја обожава па морав да споделам со вас.
Најново што купивме е кујна но еве гледам слабо се интересира, повеќе е за тенџериња од мојата кујна Инаку едно од омилените играчки и е кученцето детектив. Си ја крие коската сама и си го носи кучето после до неа
Сечење ,лепење и боење.Едната скоро ја привршуваме .Јас сечам,таа лепи.Многу се радува дури пробува да сече.За боење само шкрта Пошто ни е многу интересна тате ни купи уште една , а се спрема и за трета