како се справуваш со шкртаниците. Јас незнам како ќе се справам, зошто упте од дете сакав прецизно боење и затворени фломастери
Исто и јас многу се нервирам оти не знае да бое ама си викам Ава па она е бебе како да знае.Она шкрта јас и викам браво .Некогаш пазе.Ама нема трпение и пак шкрта.Полека ќе научат.Туку некогаш си продолжува по маса , ѕид да си шкртаАма ја карам и и давам крпа да брише, мора да научи каде се црта
Ќе биде забавно кога че почне да шкртка и мојов. Ќе бојам јас после него или ќе барам магични бои што се бришат за да корегирам. А тек ако не му иде математика па ќе се убијам мислам. А за шкртање по ѕидови немам проблем. И онака планирам еден ѕид да му биде за слободно уметничко изразување
Пак јас Дрвца исечов и коцки за листови(немав враме за форми ) и ја оставив да лепе.Се враќам сама си ги свиткала и ги залепила како цветови
Леле колку сте креативни сите. Срам ме фаќа. Со слајм се занимаваме ние по цел ден, криеме од тие малечките животни од киндер јајце што се паѓаат, ептен го сака, исто како магичен песок што сакаше претходно. Книги гледам сте спомнале, таа со фармата ја кажува сам, клопа- клоп трча коњче... Треба да надополниме колекција нешто за 3 години (уште неполн месец сме за тука ) ама немам идеја која, а в книжара ко ќе му извадат еден куп не знае што да избере. Лепењето листови ми изгледа интересно, со какво лепило ги лепите? Мора да се смислуваат активности за зимата, досадно му е веќе од сега.
Cepkanje lepenje e najinteresna zanimacija za deca. Nacrtajte na bel list bilo sto I so kolash hartija da cepka i lepi. taka ke ja razviva motorikata na racete a ke pomine dolgo vreme vo igra. Boenjeto na makaroni i pravenjeto gerdan nizenjeto e mnogu vazno, istoto I so cevki, boenje kamcinja, pravenje aolikacii na stapce i igranje teatarce decata uzivaat
По примерот од @Ava.84 Убава занимација. Благодарност до сите што споделувате разни идеи за занимавање
Jaс купив од оние буцките во боја, што се буцкаат во табла со дупчиња. Беља напраив. Се им прави, освен да ги боцка како што треба. Ги селектира по боја, по форма, ги фрла по земја, а болат ако ги згазиш. Боцна 2 - 3 , четвртото не сакаше да влезе дека нешто деформирано, и го фрли, па петото пак го боцна, и реши дека е поубаво дас гиреди на кауч. Кога и покажав како се редат, реши да ми ги дава јас да ги боцкам Вечер пак ќе пробаме. Битно видов дека е океј со боцкање, нема мака
Нешто занимација за дете од скоро две години? Се ни е изиграно,досадно,досега песок надвор и кал ни беше омилено ама залади сега. Бар пола сат да се заигра.
Кај нас само две игри може да траат вечно:брканица со татко му и фудбал.Сите други работи мах по 15/20 мин му задржуваат внимание.Исто со папагалот по цел ден си игра се брка.Ама па затоа кога ќе дадам водени боици завршуваат секаде освен на листот.И тоа кратко трае.А пак вакви со лепења гранчиња листови и слично шанси нема.Он ќе си најде некоја друга намена.
zemi rolni od toaletna hartija mozes da pravite kolicka, dvogled moze samo da gi boi skrtka i redite kako Kula, sekoe sirtkanje e vezbanje, tutkaj hartija i igrajte kosharka,....
А дали им давате ножички за сечкање фигури од хартија? Некако страв ме фаќа ама па гледам во градинка и тоа прават некогаш.....2 години е дете
13+ ама буквално со ништо неќе да се занимава. Купивме се што мислевме сликовници меки, обични, со звук. 1 мин ќе ја види и толку. Тропки бебешки гуми и слично тргнав. Останаа музичките, формите, коцки, кукли... Купивме и кујна и се израдува и чат пат оди и ќе чепне нешто. Пуштам музика ко божем да играме, не и не...ништо. Полудувам. Немам како да ја залажам да појдам да мочам. Само оди трча отвара и вади се, толку од играта. Не сум паметна, се нервирам испаѓа ич не работам со детево.