Сложувалки, мојава ги обожава уште од таа возраст почна да ги реди од тие поедноставните, коцки можеш исто и по некоја сликовница ако сака да ја занимаваш.
2год и 4м е: - Цртање на табла со фломастери. - Игри со пластелин (имаме пластично ноже, сукалце и форми, па сече нешто прави), кога беше помал му месев тесто, прехранбена боја и да гмечи да си игра, да дупчи со цефки по тестото. - воз низ цела куќа прави, реди едно позади друго перници, поголеми играчки, столици, проодувалки, воз 3 метра па после се возиме на возот - лепиме стикери во купечки колаж сликовници. - јас од колаж му правам форми, истите ги цртам во блок во зависност каква боја е формата со таков фломастер, па на пример некогаш има нацртани едно жолто, едно сино квадратче и имам едно жолто и едно сино исечено од колаж, па да се снајде и со боите. - Градиме со коцки, за се што ке спои вика: направив куќа - Сложувалките не му се нешто омилени, никогаш не ги сакал... но му ги давам и ке нареди еднаш и толку му здосадува. - и за разгледување на сликовнци душа дава, мене ми се приспива он вика уштееее, имаме куп и само купувам. Исто интересни му се и тие со животни, форми, бои... оние малото куче, малото зајче. Класичните Пинокио, Црвенкапа, Пепелашка, Палче, Ивица и Марица, Хајди и уште куп не ми текнуваат сега, ги разгледуваме и збори што има, кој што прави Во план сум сега да му земам од оние огромните со куп сказни, ама да се на целата страница слика (има братучедка моја таква од кога била мала, ваљда ке најдам). - и пеење песни, јас пеам он надополнува зборови хаха
Има слика баш од скоро во Последно што купивме за децата види таму... и оваа одамна исто ми е купена, на Просветно дело се.. му помагам само страната ја вртам, он наоѓа сам.. не лепи совршено точно ама се обидува
Тие конкретните со количките се 890 денари. Ги има во Енци Менци. Еве линк http://www.encimenci.com.mk/igrachka-building-blocks-kamionche-20-par-12m-chicco-230700000
@MissDior да не одам оф топик во мајчини муабети, тука ќе споделам на кратко како ни поминува секојдневието иигрите со малата. Она има 2 год. и 3 месеци но јас сум фокусирана на игрите за моторика од плус 18 месеци и плус 24. Има неколку и кои се за плус 3 години но тие ги прилагодувам на нејзината возраст. Прво и најважно се трудам да го задржам нејзиното внимание. Како помала беше доста темпераментна, како што викаме ние со моторче во газето, па тешко задржуваше внимание на една играчка. ПРво што направив беше целосна забрана за телевизор и телефон. И она е едно од оние деца кои сама ќе го уклучи телефонот, ќе ја најде јутуб иконата и може да си листа детски песни и цртани. Првичаната фаза на воодушевување, леле што може детево мое, бргу заврши и ставив стоп на истото. И да види телефон на маса не би посегнала сега. Имаше периоди кога апстиненцијата од телевизор беше целосна со недели. Сега понекогаш пуштаме само навечер, кога е стварно преморена за се друго или имала вистина тежок ден. Втор чекор беше празнење на дневната од сите непотребни играчки. Се што светка, свири, или на било кој начин и го одвлекува вниманието беше сортирано во кутии и на балкон или подрум. Внесувам една по една играчка во соба. За најголемиот број од играчките постои правилото дека мора да седи на столчето и да игра на масичката. Во однос на боењето. Се обидов да научи дека сите бички истовремено отворени и расфрлани на маса не. Една, па друга, па трета...Доколку имаат капаче секогаш првен да се затварори капачето па да се врати назад а потоа да се зеде ова. Сеуште сме на прави линии и некои обиди за полукружни. До круговите не сме стасани. Логопедот ни рече дека не е правило со 2 да почне кругчиња да црта на пример. Поважно е да работиме на држењето на моливчето, па се трудам да го усовршиме тој дел. Црта некогаш 15 некогаш 30 минути. Според расположење. Кога пробува да ми избега од масичка и дашкртне на ѕидот или столчето, масата знам дека е крај. Купувам обични блокови со тенки листови и имаме неколку врсти боички. Сеуште пробуваме што и лежи на рачето. Стикерите се исто нешто што и задржуваат внимание. Од кај 2 год почна сама да ги одлепува и да ги лепи на други листови. Некои порано, некои покасно...зависно кога сте започнале со игра со нив. Добри се за концетрација. Од Џамбо имам набавено мали тетратки со стотици стиекри внатре за некои 50 денари мислам. Оние од просветнод ело еба далеку полични но со помалку на број стикери и поскапи. А за да задржи дете внимание и по пола саат, како она што си заигрува, би одбрала квантитет пред квалитет. После 1.5 година, започна со игарње на улоги. Односно она го ранеше бебето(куклата), му даваше флаша, цуцла, ја соблекуваше. Сеуште не сме дојдени до фазата сама да ги облекува. Претурање од една во друга чашичка, сеедно со вода или некои парченца хартија и е омилена активност после 1 година. Имам едни како јајца, па тоа што е во внатрешноста го затвараме и вежбање отвори/затвори. Контактот со очи го работевме со овие вежби. Односно да следи од моментот кога го имам предметот во рака на пример, го дигнувам во воздух и го спуштам во садчето. Оној триаголник. Мене во очи, предметот и таму каде што паѓа. Спровнување на дебел конец низ мали дупчиња, односно правиме ланчиња и белегзии. Оваа вежба е добра за да се фокусира при точното спровнување на конецот во тенкото дупче. Некаде после две годинки ја воведовме. Секако пазење да не им текне да пикнат нешто во уста, но и така сум нон стоп до нејзе. Конкретно мислам на сликата горе десно, но и долната слика, најдесно во дрвената кутија е една игра каде со дрвце и конец се мине низ дупчиња па е добро за центрирање. На А жалост таа не се покажа како омилена кај момава моја па се задржав на вежби со првата. Сложувалките ни се слабост, односно набавив повеќе но нема воља за да игра со нив. Ќе се обидам за месец два повторно. За моториката се добри и игри каде вметнува и предмети во дупчиња. Она сеуште не ги распределува според бои ине прави форми, само си ги боцка на плочата. но покажува напредок во однос на задржуавње на внимание и концентрација и општата моторика да ги боцка на тоа плочите и е совладана. Потоа сама да си ги собере, да го затвори капакот. Се надевам поаксно ќе започнеме и со формите. Во моментов сме на учење на форми и сортирање. Било која играчка од овој тип би била соодветна за нивно вежбање. Такви стапченца за на нив обесување на кругови се добри, мислам дека од околу 1.5 година може да се редат(да не заборавиме дека секое дете е индивидуално, па ова се само мои проценки кои не мора да значи дека кај секое дете се адекватни). Да не го заборавам пластелинот. Додека беше топло на балкон, од како залади постилам мушама среде соба и си игра со него. Тие гумените коцки се добри за после година. И јас од молот имав купено во една кола, како бус, внатре беа ставени, плус и на покривот можеше да се редат. После 1.5 година класичните коцки и да се редат кули. Вакви отприлика После втора година со едни помали коцки. Вакви Тука морам да користам финти, во спротивно само ќе бидат разлетани на сите страни. Вадам 5-6 коцки, обично кулите и се толку високи, овие се премали за поголеми, и не и ги давам останатите парчиња додека не изгради кули повеќе пати. Потоа смее да ги отвори и останатите и триумфално врз глава да ги истури Лего коцките ги набавивме пред некој месец но најсикрено освен нивно прицрстуавње не го доразвивме креативниот дел. Наскоро планира повторно да и ги извадам и да си ја пробаме среќата. Ова се дел од игрите, дополнително ќе споделам и други кои ги воведуваме периодов или повремено ги играме. Пред некој ден сама ги симна скалите надоле. Предходно сама можеше да ги качи а за надоле јас ја држев за едно раче. Сега се обидуваме да го доусовршиме овој дел. Чекор почекор одењето ан скалите е важен дел. Делот со задржување концентрација, фокусирање и моторика ни е горе/доле совладан. Формите ни се сеуште слабост па периодов сме посветени на тој аспект. Сложувалките и мемориските игри би биле следни, но некако далеку ми се чини. Да не заборавиме дека секое дете е индивидуално, па ова се само мои проценки кои не мора да значи дека кај секое дете се адекватни. ЈАс се фокусирам на слабостите и обалстите кои треба да ги доусовршува мојава, а истите се можеби одамна усовршени од страна на дечиња на нејзина возраст. Ова се само дел од игрите. Повторно ќе споделам други идеи и игри.
Дани мислам дека за оние игри со протнување врвки низ дупчиња на 2, 2.5г се мали. Мене ми донесе другарка од америка едни како картонски табли со слики од животни со дупчиња околу сликата и врвки со кои треба да се опшие сликата. Уште и ги немам извадено на малата на нив пишува од 3г. Мојава си игра со бебиња, со пластелин и цртање понекогаш ама брзо и здосадува. Сака со количките од брат и да игра, има влијание и тоа што има голем брат па со него се брка со пиштоли, од коцки прават исто пушки и пиштоли. Сака да редиме дрвени коцки високо па да ги растура, игри со ставање предмети во разни форми во соодветна дупка, дрвени табли со форми. Стикери не ми текнало баш ќе и земам, брат и ги сакаше многу, сложувалки он не сакал никогаш малава не покажала интерес уште. Те читав дека по 2 саати седите играте тоа е голем успех, мојава не ја држи газето толку да игра со играчки. Инаку од која возраст треба да разликуваат бои. Ги знае скоро сите како зборови ама не ги распознава. Секогаш кога ќе ја прашам кпја боја е ова прво вика зелена
Epten si kreativna dani bravo. Jas najiskreno poveke sum fokusirana kon ishranata i so pricina slabo napreduvase. Ima mnogu igracki, se obiduvam da mu kupuvam sto poveke edukativni, kako kocki na primer, slozuvalki drveni so golemi parcinja, ima eden voz so dupki pa se stavaat formi niz niv, caski koi se stavaat edna vo druga i se redat kako kula itn. Ama on ne sekogas si igra so niv kako sto im e namenata tuku sam si smisluva druga namena. Site igracki mu se vo korpa i samo go sednuvam na zemja i mu ja spustam korpata za da moze da vadi od nea, pa taka sam si bira so sto ke igra. Jas koga sesnuvam so nego da igram mu pokazuvam kako pravilno se igra a on mi gi zima i po negovo, na pr. jas gi redam caskite po golemina edna vo druga a toj gi rastura i zima nekoja sitna igracka i ja stava vo caskata pa ja vadi. Primetiv mnogu saka da stava raboti edno vo drugo pa taka po celi denovi tovarame kamion so igracki, vo koficka za na plaza sobirame se sto ke ni se najde po pat i sl. Isto taka mn pamti, na pr znae kaj stavil nekoja igracka pa drugiot den odi tamu da si ja zeme. Pred nekoe vreme omilenoto topce mu se piknalo pozadi frizider pa po celi denovi se pletkase kaj friziderot sakajki da go zeme ama nemozese a nie neznaevme sto e rab pa samo go trgavme od tamu, pa slucajno zemav da cistam vo kujna i go najdov pa mi svetna zosto mu se zapna na friziderot Jas mislam sepak podobro e nekogas da gi ostavine sami da gi osoznavaat igrackite i sami da im naogaat primena, nemora sekogas da igraat so niv kako sto e vo upatstvoto. Knigi, slikovnici isto citame, ama nego mu e pointeresno da gi vrti stranite negoli prikaznata.
Сметам дека децата не треба да се форсираат, бистри се ама некои работи и пренатрупана агенда со игри кои и не се секогаш баш игри не е добро. Форсирањето е многу лоша работа. Децата треба да се остават сами да се заиграат, сами да си размисчуваат и имагинацијата да се развива. Па дополнително ние да ги поттикнеме и учиме. А ова форсирање од 1 година па натака за толку мали со толку многу рабпто е едно големо не за мене. Многу лесно може да се постигне негативен т.е спротивен ефект.
Мојава сака да играме највеќе со топка. Исто и покажувам да ги храни куклите. Имаме куќичка со Пепа прасе, па ликовите ги става и вади од куќичката, па ги става во количка ги вози. Чашки една во друга. Па да не храни нас. Сепак, најмногу и задржуваат внимание сликовниците, а некогаш разгледуваме албуми со слики, па и покажувам пр. ова си ти, ова е мама, па да повторува по мене.
Toa sakav da go kazam. Treba da dozvolime sami da go otkrivaat svetot okolu niv, da razvivaat imaginacija. Nemora sekogas da igra so igracki. Ete na primer mojot cesto se pika pod masa i prevrtuva stolcinja naopaku pa vo niv pika predmeti. Redi pernici na zemja pa legnuva na niv gi guska. Znaci oni ucat od nas, ne gledaat nie sto pravime. Za mnogu raboti prijatno sum se iznenadila od kade znae deteto da gi pravi, pa svativ, od nas. Na pr koga pocnavme zabi da mieme go sednav vo wc so mene da me gleda kaj sto mijam jas, pa sega na sekoe sam mi ja otvara ustata da mu gi izmjam negovite, ne gleda kaj sto zborime na tel pa i toj ima igracka tel i go zema go stava na uvo i po negov bebeski jazik vika alo...
И мојов запнал за таа зелена, кога и да прашам ова која боја е? Вика зелена прво.. мојов е 2ипол и врска нема од боите... не го интересираат многу. Земав еднаш нацртав картички со балони, секоја картичка различен балон во боја и како божем да учиме, глава ме заболе од таа негова зелена А да наредам зелена, жолта, сина и да му речам која е сина, ке погоди... ги погодува така... и ај сеа
Доколку делов со форсирање се однесува на мене, да одговорам. Квалитетно поминато време мајка-дете, каде детето, заедно со мајката или со нејзе покрај себе, активно игра и се забавува, тешко дека би довело до спротивен ефект. Вистинскиот збор е игра. Нема измачуавње, нема солзи и сигурно нема притисоци. Тоа што едно дете седнало да црта, лепи стикерчиња, игра пластелини или игра со специјално одбрани играчки за подобрување на определени области од развојот, како моториката, кои е потребно да се подобрат, за мене лично и советите на стручните лица со кои се советував, не е форсирање.
Се согласувам Како и да е мало дете неможеш да го седнеш и да го учиш нешто со сила... се е низ игра, не верувам дека би му било мачно да си игра Јас еве му давам активности, ако нешто не сака, тргам тоа и нудам нешто друго (блокови, фломастери, табла, креда, стикери, колаж, коцки, пластелин, други разни игри)... па некако па и не ми иде цел ден да трча низ дома и да фрла колички насекаде поубаво вака да си седнам еднаш, два пати во денот и да си сработам некоја активност И заборавив... @danichap преубави ви се играчките многу сакам такви, баш вчера гледавме во Ситимол монтесори материјали за деца... за нашиов стандард скапо...
не играме специјални игри за развој или социјализација.Играме што ке ни падне на ум во моментот.Еве сега е преукопирана со минијатурно бебе купено пред 2 месеци.Тек сега го засака.Му зборува ,го храни го чува.Инаку играме со топка,хулахоп се труди да врти,игра со коцки,лепи стикери,бои,разгледува книги(тоа послабо),готви со кујна,реди колички,и игра со пластични домашни животни.Отприлика е тоа.Доста зборува,доста разбира така тоа ми е доволен показател дека одиме во ок правец.Има денови кога не и се игра и тоа го прифаќам нормално.И мене секој ден не ми е до игра и забава
Го делам истото мислење. Вадам играчка и пробувам. Ако бива, ако не бива, со втора трета... Пристапот, изборот на зборови, емоциите(позитивни) кои се доловуваат со сиот тој ритуал на вадење играчка, седнување заедно, отпакување...има големо влијание. Најпрво заедничкото учество во играта, а потоа желбата да се покаже што знае и што може, имаат голема улога. Кај дете две години со сила не може баш ништо. Некои играчки задржуваат пократко внимание, некои веднашпобудуваат поголем интересе, а кај трети како сложувалки и мозаици што споменав едноставно тргам на страна и пробувам по некој месец. Забавата е најважна за детето. Без неа не мрднуваме ниту чекор со било каква игра. @M&M точно, од три години е таа играчка. Ама има мерак за ланчињата кои ги правиме, па заеднички, со моја помош, ја играме. Она го држи тоа дрвеното и центрира со кончето а јас го повлекувам.
Син ми никогаш не сакал и може да кажам слободно не знаел да се заигрува сам. Кога беше помал мораше некој од нас да игра со него по дома било што. На моменти страшно ме нервираше тоа, си мислев детево нема развиено имагинација воопшто. И ден денес нешто многу сам дека игра не, сега си ги бара другарите за се, едноставно такво е детето. Малово знае да се заигра ама и она најчесто бара некој од нас, можеви поради тоа што сме поголњм дел од денот одсутни па кога сме дома бара да сме до неа што е нормално Дани супер е тоа што го правиш, искрено ти завидувам на креативноста и трпението. Не е дека не сакам јас да ги занимавам ама често ми лутаат мислу, оптеретена со глупости после работа и не можам да се сконцентрирам некогаш на друго. Затоа ми е најубаво да се бркаме бориме по дома, пуштам музика си оравиме журки во таква атмосфера и јас повеќе се релаксирам со нив а и они се порасположени. Сум ја приметила малава дека со мене повеќе сака вака да игра а со татко и повеќе сака да читаат книги или да си играат со некои играчки.
Не сум ја приметила темава до сега, благодарност до @danichap што сподели детално и сликовито како играат и се учат. Идеите се прекрасни сигурно ќе применам некои
Ми падна во очи онаа играчката Дани што ја имаше слукнато во погорните постови, со кругчињата што се боцкаат на пластична позадина. Имавме вакви табли како деца со мали ѕакви кругчиња, јас многу ги сакав. Не сум видела никаде нешто слично кај нас. Има некаде?
Син ми е над три години, ама отсекогаш знаел да се заигра со се. Мислам трошка да му дадеш тој ќе направи цела игра со сериозна стратегија. Многу размислува и има богата имагинација. Знае да се заигра со саати. Гледам што го интересира и секогаш одам по неговиот интерес. Отсекогаш сакал букви, читање, возење, отвори-затвори игри, редење предмети... А не сака никако да црта или бои. Тоа сака само да гледа и да коментира. Обожава да ме гледа како му цртам или бојам. За разлика од него, малава е 18 месеци, буквално ништо не ја интересира. Досега покажала интерес само за редење кругови на вертикално стапче (уште не знае да ги реди по големина) и кинење хартија. Нејзе нема шанси да ја заиграм со нешто. Пробува да го имитира брат и, ама тоа е без некоја желба и без размислување. Чисто механички.