Мајки ве молам давајте идеи за играње.. Почнува да заладува па само што станат ако излеземе во двор играат но штом влеземе дома почнуваат со плачење за телефон и песни да гледаат По цел ден почнувам веке нерви да немам се за него се плаче Не сакам уште сега по цел ден да висаат на телефони Ве молам идеи како да им го одвлекувам вниманието заедно бидејки кога се заедно уште потешко е се закачат па се тепат Колички не не интересираат коцки исто Големата може некогаш со нешто да се заигра ама малиот не ја остава
Одлична вежба за концентрација и фина моторика. И пола саат занимација. Клавчето треба да е убаво зрело и суво за да лесно се рони.
Кога нема да го пика во уста. За почеток побезбедно е со тесто да се игра оти и да касне нема ништо страшно.
Djokerce da znaes deka I slicni zanimacii si naogaat. Mene site skafcinja koi imaat racki mi se napolneti vaka so lasticinja naredeni I koga veke nema mesto vika da gi izvadam I pak redi taka haha
Интересна игра развивме случајно, ама ни станува се поинтересна. Имаме измислено глувче, кое ни крие чоколадни јајца (од оние на Витаминка) во играчките кога дете ќе си го изеде цел оброк. Многу му е забавно, а воедно и мотивација да си го изеде оброкот. Сам си кажува - Дете изеде се, глувче донесе јајце! Му ги кријам јајцата на најразлични места и после заедно ги бараме. Многу е среќен кога ќе го најде, па сам си го лупи, не дозволува да му помагам.
Мајки ние сме 17 и моментално имаме неколку играчки од кои Сложувалкана сама ги реди без помош, лего коцките само стави истави уште е мала за креативност, ѕвездичките се флоросцентни никако да ги залепиме и си играме па дури им зборуваме Некоја идеја? А да,и многу обожава да листа страници од книга, кога листаме заедно и велам ка е мама слонот, и она листа листа и кога ке го здогледа се радува
Мајки ние си купивме нова играчка Дрвена е, пробува да ги става нормално со моја помош неможе сама, пишуваше 18+ али добра е се труди битно... Уште малце и ние ке сме 18
Мојата е година и пол и мометално е опседната со бебиња. Имаме над 10 ги зема ги заспива им пее нано нано бебе, па ги реди на кревет едно до едно. Ги покрива. Па зема пелена од нејзините вика бебе има кака па им менува. Ги седнува зема од другите играчки што и се овошја, зеленчук, ги рани. Па ги седнува на нокшир играчка. Ги соблекува и ги капи во кадичка. Потоа ги вози во количка. Па пак ке ги заспие и ни вика шшш, и го мести прстето на устата за да ќутиме, бебе нани шшшш
Мајки ве молам идеи за играње 2г и 3месеци е Ништо не го интересира само вели сакам удрам, сакам кршам, сакам тепам Незнам што да правам веке како да му задржам внимание бар 5мин не повеќе Коли има, коцки што ли не пробувавме ништо не сака Не ја остава ниту големата да си игра и неа ја задева ја тепа Ве молам за совет и идеи за играње
И ние сме толку, и мноогу ретко да се заигра со нешто, обично со некои ситни фигурчиња, слагалки сака да реди, да разгледува сликовници, ама тоа трае 10-15 мин. максимум. И само трча низ собите, лежи, плаче без причина, ги треска играчките од земја, знам дека и е досадно дома затворена, нема каде да излегуваме сега по ладното, одвај чекам да помине зимава.