Многу е друго кога доктор ке ти долови зашто не смее, баш го фати ноџето на малата и покажуваше како се вдлабнува ако гази на меко и како цело стапало се искривува... коските меки, лигаментите во развивање и многу лесно ке дошло до искривување. Баш ми е криво за трамболината, сакам да ја извадам ама после советот се мислам. Како и да е не скока секој ден, а и не скока многу, кога ја имаш не е интересна Комшичиња ке дојдеа не се симнуваа, мојов првиот месец скокаше повеќе, после не ја приметуваше дека е во двор
Таман е, така само ти делува големо дека е. Моево, е 1.5год. тука. А ги користат како дел од физиотерапијата од +2 год.
@danichap искрено, не знам што е правилно, мене тоа не ми го спомнале ортопеди, читав по нет. Истиот линк што го имаше Реин ставено го читав. Моиве скокале на кревет, ама не им давам баш, оти спалната на пример ми е висока доста, башка внатре, поголема е опасноста да падне дете и да се повреди. Верувам дека помагаат тие физички активности доста. И сум за да е детето што поактивно, да скока, трча, прескокнува работи. Ама сепак е подобро тоа да се прави надвор, на тврда подлога.
Да, те сфаќам. Ни јас не знам веќе што е правилно, сеедно кој сегмент од воспитувањето, слободни/спортски активности или една најобична трамболина. Ние ја купивме најпрво малата верзија, истата како на Софи, кога мојата беше 1.5год.-2 гос. Дури мислам јас и ја препорачав. Се консултирав потоа и со физиотерапевт, рече слободно, дека ја користат и они.
@danichap не сфаќам или до мене е проблемот ова точаче нема помошни и веќе твојата на 1.5г го возеше? може сум ви смешна и досадна (ова е последно прашање промис) ама не укапирувам
Не возат, одат. Треба висината да се напасува да биде меѓу седење и одење... Лошо објаснив и јас може. Оваа слика мислам подобро доловува
@danichap Не знам дали ја имаме истата, ама знам те прашував на која возраст ја купивте и колку ја користите. Ние многу ја користиме и сега ме замисливте. Утре сме на лекар па ќе прашам баш да видам што мислат за трамполините.
@danichap ние го имаме истото баланс точаче од германија поклон , ама го складирав мислев дека за поголеми е . Моето е сега неполни 20 месеци . Ќе го извадам, ќе пробаме деновиве .
Две димензии се. На сликата се гледа дека едното, тоа позади, е помало, другото е малку поголемо. Види кое моделче го имате, дали висината ќе одговара.
Моето доста скока на кревет, да не речам а најде прилика, нозете му се прилично добро развиени и ортопед дури прокоментира дека е одлично развиено стапало и дека оди многу убаво. Никогаш не одеше на прсти, никогаш не газеше на страна, цело време убаво си оди и гази.
И ние правиме вакви, многу е интересно. Овие ти се печатени така? Јас му цртам ама немам идеи баш повеќе.
Точно. Пред некој месец кај Тони ортопедот кога бевме на рутинска контрола тоа го потенцираше. Со одењето на прсти перничето ( она одоздола на стапалцето ) се намалува и се оформува убаво стапалцето. Така не доаѓа до рамни табани. Па дури ни кажа и во иднина иако е се во ред со стапалцата, да ставам играчки на повисоки места. За на тој начин да застанува на прсти, да спушта стапалце па пак да застанува на прсти како еден вид вежба за стапалата. Па дури и на неговата страна на фб има пишувано за идењето на прсти, како еден од процесите на развој на децата на нивните стапала за дооформување. Но, доколку кунтуирано дете и после 3г иде само на прсти тоа е веќе проблем.
Нормално дека оди на прсти, муабетот ми беше дека додека проодуваше почна да оди убаво. Сега знаеме често да играме игри кои вклучуваат такви игри. Оди од мал стабилно и цврсто, ноџето му е убаво оформено и оди по различни површини без проблем.
Da da,pecateni se. Nemam jas talent za crtanje. Obicno vakvi printam na razlicna tema i posle gi boi.
Во врска со трамболина баш денес на физикална терапија една од вежбите на малата и беше скокање на трамболина. Додека пак кога бевме на ортопед пред да прооди ни забрани трамболина и скокање по кревети.