Веќе ти набројале повеќе игри. Мој предлог би било да се опуштиш и да го користите сонцето во деновите кои доаѓа. Прошетки во паркови/шума/планина колку што можете, нека игра во песок, доколку имате можност за пливање, да вози точаче без педали за баланс, да игра со топка, да вози количиња... Секое дете има омилени, кои највеќе му лежат и покажува интерес, па според тоа и игрите се движат во таа насока. Кај мене едната обожаваше игри со форми, на 1.5 баш почна со такви игри за вметнување на разни форми во соодветните дупки за истите. Мислам дека ранење на куклите, облекување/успиавње/возење на истите, односно игри со улоги е одлично за таа возраст. Играта со парички и касичка и јас ја практикував. Едноставно ќе дезинфицирав и измиев раце потоа и готово. Седев до нив, пазев да не ставаат во уста, ама ја обожаваа играта и никогаш не ни пробале. Претурање од едно во друго садче на некои предметчиња. За сега толку ми текнува. Утре да погледнам игрите што ни се во игралната, па да соберат идеја плус за од 1.5 па нагоре.
Да да, имаме викендица и секој викенд сме таму, во песокта, со камчињата, шишарките и цвеќињата. Главно прашање ми беше од прилика колку време да посветам во едукативни игри и од прилика колку различни на ден. Инаку да, игрите со улоги му се омилени (затоа пак кучето бега од него хаха) се "чешла" сам, па мене и мора и кучето, става капа на играчки, сам си става па кај кучето. И кога јаде ако му побарам ми дава и обавезно и за кучето да има.
На таа возраст да задржи 10-15 минити концентрација со една игра е добро. Две такви игри е сосема ок. Секако, измеѓу со работи кои него повеќе го влечат, за да не се почуствува како форсирање, да биде во границите на стимулирање.
Мојата е година и десет месеци и сеуште хит и се бебињата и се што е поврзано со нив. Сега последно многу сака да лепи лепенки. Зема сликички од животинско па си ги лепи на кутии. Па затоа и купив книги со стикери па само лепи. Исто и со таблата пиши-бриши поминува доста време.
Игри за кога е жешко надвор. За поголеми дечиња што ги знаат буквите и бројките. Змијата и стоногалката се картички со зборчиња кои треба да се наредат т.е на последните две букви од зборот да почнува следниот. Солитер
Браво!!! Идејата со зборчињата многу ми се допадна, да порасне уште малку синко и обавезно ја крадам.
Не е моја идејата, " зајмена" е од интернет. малку дур се состават картичките бара време да седнеш и да размислиш зошто сепак тоа треба да бидат поими кои детето може да ги разбере. А добра е и зошто детето учи нови зборчиња.
Оваа е во Маџари, но имаат и на друго место низ градов, аеродром се спомнуваше @PUPICA мислам знае поконкретно.
@azelea во Автокоманда, во близина на државниот катастар, до една локална позната слаткарница Денеска баш бев купував тракатанци. Малечко дуќанче ама крца со се и сешто.
Шише Јана од 0,5 л со цуцла. Празно. И цевки, по можност од они помалите, како во вива сокче внатре што се. И си пика. Па едно јас, едно таа. Па пауза. Па пак после. Ем вежба моторика, ем се концентрира.