И мојата се ставаше во уста, ама ја гледав и и кажував не. Веќе ништо не пика. Едино на бомбоните нема да "им прости". Ќе си ги искрцка
Книгите сложувалки од Пики се жива зараза, само докупувам, не му здосадуваат никако. Сега пак ги реди на тепих и измислуваме приказни, правиме семејни стебла...
Печати од обични сунѓерчиња. Ептен интересно им се виде, посебно на малото. Еден топ хартија потрошивме.
Од Пики Струмица ги порачав, 110 денари. Најди ги на ФБ: Pi Ki Бебе Маркет се потпишани, голем избор имаат. Исто и вакви исти има во Пики, околу 100тина денари беа.
Незнам каде да го поставам прашањето , па овде ми се чини ок е . Што мислите за овие , за дома. Сакам трамболина ама јас лично имам страв од нив дете скока , ама и овие ми фаќаат око.
да истото го имавме и се пукна.Нашето од Џамбо е доста одамна купено .Инаку е мн убаво и ептен големо
Благодарам за одговорите @Ambra20 , @irena.1 и @joy1 .Изгледа сепак нема да земам штом лесно може да пукне.
Вчера со сопругот ја направивме, идлична е за развивање фина моторика, инаку идејата ми е од смарткидс таму имаше вакви изработки и цената беше 5.990 денари , нас сето ова не чинеше вкупно околу 500 денари
Браво. И јас се токмев деновиве да правиме вака нешто, залади надвор нема . Стварно претерале со цената и јас прашував баш
И како ? Интересна ли е за детето? И јас прашав за цена и 6000 ден. е премногу.Во план ми е да ја направиме и ние , мислам дека ќе се занимава со сите тие тракатанци отклучи - заклучи...
Да интересна му е, цело време е околу нејзе па ќе се фати за нешто друго, па пак околу нејзе и така се занимава, направете ха работиве ги купив од меркур, а тоа бројаницата, гумената играчка и спинерот од продавница за играчки