Од меркур, а бројаницата, тоа розевото гумено и спинерот од продавница за играчки, а патентот од кондураџија, 500 денари не чинеше се
Мм вакво нешто му прави деновиве, ваљда утре ќе е готова Убава е, ама да стикерите вади и ќе ти крадам идеја и патент да има, тоа не ми текнало
Женски на која возраст почнуваат да редат коцки? Јас сеуште им немам купено, се надевам не доцнам. И препорачајте некоја игричка за 14 месеци. Знаат да прават кула од чаши, ги редат оние во различни бои, претураат од еден во друг сад играчки, пробуваат и фигури да вметнат во едно дрвено, некогаш знаат да погодат "на среќа".
Штом редат чашки, можеш да им земеш коцки. Има едни гумени, некако најлесни ми се за тој период, а и немаат можност да се гребнат/штипнат со нив. Можеш од обична хартија за во кујна што ја користиме, картонот да го залепиш за врата/ѕид па низ него да протнуваат играчки. Да им ставиш на лист темперна боја и листот со се бојата во онаква пластична папка, фолија, па да 'бојат' со прсти.
Собирам капачиња од Хиписи и одвреме навреме му ги давам да си игра. Многу му е забавно, гради кули, прави форми, учиме поголемо/помало, повисоко/пониско...
Супер се многу, ми требаше време додека да соберам солидна бројка за игра, 100тина ги собирам цела година, ама им се радува многу кога ќе му ги дадам. За развој на фина моторика се екстра.
И мојава е 14 месеци. Кога редам јас коцки ми ги растура, а ја гледам сама кога игра пробува да реди.