Двете, да. Обичните масичка од икеа, 5 еу мислам што беа, ги преправивме. Исековме горе"плочата". Бидејќи е дебел картон не беше тешко. Вметнавме ленти ламбички, горе нова плекси плоча. Другата масичка на сличен начин, со тоа што вметнавме две корпи, во нив се ламбички, а врз нив нови две корпи во кои претураат материјали и разни смеси. Само горните корпи ги вадиме и миеме, корпите со ламбичките на ги чепкаме. На јутуб има упатства за ikea light table, diy
Не, на таа возраст не им е фината моторика толку развиена. Сама го правев, за разликуваље и учење бои, плус финиот моторички дел. Боите некаде од 2, за моторика доволно е да пробувај, рано би било за успешно да ги забавува. Вежба со штипки е една од најдобрите за моторика.
Дека штипки и се фетиш. Тоа сигурно ќе го направам зимоска, кога ќе се седи повеќе дома. Браво за се.
Браво Дани многу си креативна и посветена мајка Мене сите игри ми се интересни ама не сватив за што е пената за миење садови ли и кукли ли?
@danichap секоја чест. Алал да ви е. На девојките сигурно никогаш не им е досадно. Браво. Како во бајка. Ќе те прашам само како постигна се да им направиш. Јас се заправи, не доправи, на пола. Веројано.уште ми.е мала најмалава . Ние правевме со големипр такво со штипки за математика учење, многу добра идеја.Патеката за коли од што е?
Две одат во градинка. Само најмалото е дома. Додека сме сами делумно играм со нејзе, делумно вршам останатите обврски. Кога ќе дојдат големите од градинка додигруваат со тоа што сум спремила на масата најчесто. Сечење/лепење/диу проекти спремање ми е навечер, кога спијат. Патеката е купена, но баш во план ми е да правам додатоци за истата од картон. Исечи во убаво, обој го црн, на среде линиите само бели. Одлично е и така. Еден дел место за паркирање и неколку улици за возење. @Ava.84 пената е направена на апаратчето за нас кафе. Малку сјај, малку вода, малку прехранбена боја. Сакав да осетат друга текстура а бојата само за поголем ефект, да се радуваат . За садовите е тоа како судоперче, пластичното. На батерии е и од него тече вода.
Дани ти имам кажано, ама сакам пак, алал да ти е!!! По 100 пати ги прегледувам фотографиите и воздивнувам, колку е се магично, креативно и забавно.... Браво!