Мене ми се свиѓа кујната од ИКЕА. Ама скапа е мислам. Еден краток период големиот као сакаше кујна. Ама го знам детето, не е по тој тип на играчки, ама виде кај некој. И знаев дека е фаза. Јас му направив од картон,ја играа некое време и толку беше. Повеќе трпаа работи и играчки во неа, ко плакарчиња. Па ја фрлив после, џабе место ќе ми фаќаше.
Околу 100е е мислам на Икеа, ама многу мала ми изгледа. Во Маша и Медо има на Смоби, прекрасна е и со многу перформанси, ама е 10500 Син ми знам многу ќе си игра, не му мине меракот за сечкање и готвење, а плус и моме имам па веројатно и таа ќе игра за некое време.
Која беше 50е, во Икеа ли? Да, да, се шашардисав кога ми ја пишаа цената. Мада за вакво повеќе би дала отколку за оние колите на акумулатор и тие се горе-долу таа цена.
Сега баш отворив, 2 имало, една од околу 50е и една околу 100е, јас поголемата ја имам гледано. Ако не најдам овде ќе е од овие 2 некоја.
Ги редиме колите по боја, почна да сфаќа па кај греши кај не зависи до концентрацијата Ова заедно го правевме И тука местевме коли по ред на крпата за јадење Ова е паркинг со камбана внатре Ова е зоолошка Дел од работите што сум сликала..
Дрвена кујна во Икеа. @irena.1 дали ја направи таблата. Ќе може ли да сликаш како ти излезе. Сакам и ние да направиме, па да ти “украдам” некоја финта
Каква табла? Знам со поголеми дечиња сте, а и јас правам нешто за мојава. Ќе додадам патент, прекидач и копчиња некои да се закопчуваат.
Мајки, не знам дали е соодветна темава, но сакам да прашам дали знаете како се симнуваат песнички/видеа од YouTube (kids)? Никако не успевам, ме насочува на YouTube Premium и бара месечна претплата. Баш и ме ми се плаќа. Има начин за бесплатно download-ирање?
Симни ја апликациката BG Player со спот се симнуваат. Еднаш да ја пуштиш песната додека имаш интернет и после можеш да ја слушаш и без.
Пица а ла глувче Сам месеше тесто. Состојки од око ставено. Го утепа сукајќи со сукалото и се што беше ставено од озгоре беше лично дегустирано од пица мајсторот. На саламата може да се видат забите. Само е за слика, кога ја видов постапката на приготвување не се осудувам да ја пробам