@irena.1 Направивте Lighttable? Ова е млеко со прехранбена боја и мешавте со ватено стапче брцнато во сјај? Мислам дека е тоа, одлична забава е, и момите мои се забавуваа. Наредна порачка од икеа ќе ги побарам буквите и јас. Ми се допаѓаат.
Супер ни испадна масичката и редовно ја користиме. По твоето упатство ја преработував од ИКЕА масичката. Сама мајсторисував. Тоа да, млеко, боја и сјај на стапче користев. Но некако мојов не е по експериментите. Пробав уште неколку варијанти со сода и оцет, но не беше баш воодушевен и не му задржа внимание. Па решив да оставиме за понатака .
Баш ми е мило за масичката. Моиве се повеќе по сензорните игри и сите видови шлакутници, па воодушевени се. Арно викаш, едноставно покасно повторно понуди.
Magdalena 2ipol godinki Prvo zivotnite gi isekovme od Junior albumot na Krash, gi zalepivme na tvrda korica (hamer) pa ponovo gi isekovme da bidat kako karti, pa gi isekovme na polovina da go spojuvame i spoznavame cie telo na cie zivotno mu odgovara... (gi spoi od prva) Moite kreativni racinja.. boevme shisharki Ja kupivme od Prosvetno delo 150 den zanimacija 2 saati, lepi odlepi, kaisot go stavila kako gerdan, dobra e bitno lepi Vezbame so plastelin Site idei gi pozajmiv od tuka
Интересно изгледа, дај сликај корица. И кажи ми не ми е јасно како одлепи залепи, од што материјал се тоа лепенките?
eve majka, od Prosvetno delo imase i maski modeli ne znam sho materijal se , samo znam deka se samoleplivi i lesno se zalepuvaat i odlepuvaat (izvinete na latinicava i mene pocnuva da me nervira)
Имаш клипчиња на Јутуб, побарај за лајтејбл од ИКЕА масичка, оние што беа по 5 евра. Не можам да најдам клипче од мобилниот, може @danichap го има.
Како пластифицирани (ама мека пластика) се, како оние стикери за на прозор одлепи/залепи што се. Освен на прозор и на тие страници на друго место не се лепат. Еве истиот стикер и на стакло стои, а на ѕид не. Има разни, јас дома имам 3 и интересни се ептен, може креативни да бидат и да облекуваат како сакаат.
Ааа какви биле, затоа не ми беше јасно како се одлепуваат... супер! Ќе земам и јас тогаш. Дани го изгледав видето и случајно и ние последниот пат од Икеа ја зедовме истата масичка, само црна, ќе ја биде ли или мора бела (може е глупо прашањето ). И @irena.1 да ми каже од каде ги набави другите материјали и колку ја кошташе од прилика? Јас не сум баш по хендмејд и ептен комплицирано ми се виде на видеото.
Ај во пп, да не одиме офф овде. Можеш со црна, валда се исти. Јас бела имав, ама беше прилично оштетена и ишкртана,па затоа ризикува да ја обноват, инаку и јас сум ептен трапава. Лесно е.