Не сум сигурна дека е тука вистинското место за прашањето, но како дел од детските активности, па можеби некој ќе одговори. Од која возраст започнаа вашите дечиња да ракуваат со пиштолчињава за лепење?
Јас не би дала.Сестра ми често ракува со него па ќе и капне лепакот и се ќе ја изгори.А возрасна е.Силиконот се лепи на прстето и одма изгоретина настанува,а они се нежни,мали.Колку и да се внимателни мислам се премали за тоа.
Не. По некогаш го користиме кога работиме заедно. И он самиот не сака. Обично е љубопитен и се сака да проба, но пиштолчево некако му е одбивно. Еднаш му понудив , нели со моја помош, и прво ај, го зема, па се помисли и вика ај ти. Па можеби и поарно така уште некој период да биде.
Кај мене ме праша, реков не. Интензивно и дома и во градинка, посебно изминатиов период, го користиме и покажа интерес. НЕмав ориентација кога е вистинската возраст, иако е индивидуално, некој просек....
Ептен гори и прави пликови силиконот, да не ти капне, да не го допреш дури е врело Многу е мала твојата за тоа да го ракува, мислам уште е на возраст каде не го има разграничено стравот и опасноста, со безбедноста, колку и да објаснуваш и она да сваќа фали само момент на занесеност и ќе заборави и ќе допре.. На внучка некаде на +/-10години и го дадоа за да лепи и тоа само од тесниот силикон, со тесните стапчиња, тој помалку има можност да капне. Плус ракува со пиштол каде има јачина и никогаш не и дозволуваат да биде на најврело ниво, впрочем и она го сваќа тој момент и не се буни и не мења.. Едит: јас зборам за да и го дадеш у рака да лепи, а ти врвиш со друга работа.
@danichap ако мене ме прашаш никогаш. Јас еве цел живот си живеам без тоа. Лепам со обичен лепак и со хефталка. Додуше јас не сум некој уметник па не ни правам такви уметнички дела за кои би требало нешто како силиконски пиштол за лепак. Ножици давам да сече сам од кај 2 ипол години, ама за ова не знам која е потребата.
i ja kupiv za 2 rodenden i slabo ja igrase. Momentalo sme 2 god i 5 mesec non stop ja igra. Za 10 min sama ja redi bez moja pomos bez niedna greska.