@FreeMind овие ги немам видено во живо, ама ми се чини дека не се од оние што се виткаат до крај, гледам немаат засечоци долу. Јас веќе почнав и вакви да му облекувам. Сепак го гледам дека во оние најк што се свиткуваат скорз и се со засечоци дека најубаво гази и најзгодни му се за одење. Со други не може да трчка. Па најдов онлајн и му ги нарачав и во други бои
Од пинтерест, има еден куп принтејбл. Маж ми ги испринта, брзо решава вакви работи и не ми се исплати книги да купувам сега, вака реши фрли.
Абе мало е. Нека си вежба и моето не ги погодуваше од прва, сега ќе ги напика за една минута (точно) и си завршил работа Му требаше време дури усоврши
Кога го носев мојот во Завод за говор слух и глас ми рекоа дека овие сложувалки со форми што гледам повеќето ги редите ( шејп сортери) ми кажаа таму дека се воодушевени што мојов ги редел на 1 и 10 месеци оти тие се ределе на 3 години. До тогаш треба да знае која форма ( пр крава да стави во дупка на крава, тријаголник или сл). Така да кога гледам пишувате и помали дека редат тоа е одлично. Секое дете има различна моторика. И кај некое се развива побрзо говорот, кај некое моториката . Не се споредувајте само. Тоа е најбитно оти секое дете е прича за себе. Посебно ги означувам у постов @BabyT* и @TeddyGrey да не се секираат оти е рано.
Мора да си најдиме нешто што не штима кај детето. Незнам зошто со сила си бараме нешто. Во право си @LadyC, ќе земам за пример мојата не престанува да зборува, додека на @FreeMind моториката е по развиена. Најпротив сум за споредување на деца ама сакав чисто да слушнам мислења од други.
Мојот почна да зборува на 2 ипол. Сега е 3 год и 3 месеци и зборува ама уште му фалат С, З, Ж и Р. Логопед кажа дека до 4 ипол ќе ги отвори и тие. Затоа моторика има предобра. Но, јас многу споредував и слушав глупештини и се секирав, на крај само се нареди се.
Абе мајки. Да земеме да се читаме назад што сме пишувале.... Леле моево не се врти, твоето се врти од грб на стомаче. Леле твоето седи, моево уште не седи стабило.... и еве ги сите и се врат и седат и се исправаат.... Сега сме во фаза ова оди, она не оди, ова кажува мјау, она не кажува Па за некое време кое зборува, колку зборува....и така ќе со растат децата ама ние ко мајки нормално мора да поминеме низ муабетиве и бурно да следиме Јас останувам на ставот дека сум за стимулацина (малку поупорна, не многу лабава), ама форисирање никако. Некоја златна средина се трудам да постигнам. Секое дете ќе си го стаса својот напредок, само некои деца си бараат и внимание и стимулација
Стимулација и никако поинаку А наше е да збориме и бараме кај е минусот моментален и таму да иницираме развој. Затоа јас си мјаукам вие си редите коцки, така @BabyT* Денес во градинка си редеше сложувалки од играчки, а мачињата кои и ги покажуваа како прават си ги “изеде”. Во уста и си продолжи со друга игра. Кој знае колку сме и досадни.
Го обожава мојов лењирчево, па како цел занесно работи да знаеш, а гледам и твојава, цела е внесена у работата Само јас пенкало давам, фломастери јок Игрите со синџирчиња. Моја помош му е сребреното тркало, цело е од моја страна намотано и му помогнав за златното синџирче каде глуми оквир за прозори Не е сликано, до оваа кола има само моја направено и гледајќи повторуваше
Леле Каде да го најдам ова? Не сум знаела дека вакви има.. мојава си цртка со оние најобичните ние у школо што ги носевме со кругче триаголник.. гледам ја интересираат вакви работи па добро ќе ни дојде вакво нешто
Полн погодок занимација со домашниов пластелин @danichap малата цела ден е со пластелин в раце , радости колку многу имала Правете го , доста излева од него , супер занимација само после како се чува , гледам некои во фрижидер некои онака во кеса на собна температура..
Баш ми е мило што сте го направиле. Почесто треба да постирам испробани рецепти за вакви работи. Да, ако стои во фрижидер подолго траел, но кај мене е во кеси, добро затворени, за да не влегува воздух, и верувам прилично долго ќе трае. Темата за новиот предизвик на инста е објавена, Расцутени Дрвца. Кој може нека се приклучи, ќе биде одлична забава за сите возрасти.
Јас ја исчитав темава и ја заследив danichap на инста и почнав денес Уште не сме завршиле со оралната фаза, проба да пикне во уста ама не му дадов, па се заигравме со барање топче низ кофичка ориз. Утре ќе пробам со железни парички во касичка. Ги оставив сега во вода и сода да стоат цела ноќ, утре ќе ги поминам со средства и алкохол па ќе пробаме да си играме. Нормално ни секунда не тргам поглед. Друга игра што сам си ја откри пред некој ден е пуштање батерии во шишенце. Му имам дадено шишенце од јогурт низ играчките беше, и пред некој ден од играчка менувавме истрошени батерии. Си ги фати старите батерии и ги пушташе во шишето. И така се заигра, вади ставај некако муабетов не ми е за во темата каде што ти е мислењето па те цитирав овде