Кујната брзо се заборава. Уствари сите гломазни играчки брзо се забораваат. Купи сет тенџериња и сет прибор за готвење (од ИКЕА се најреалистични) и решо. Мојов на 4 години уште така игра. Кујната од братѕучетка му со која двајцата играа на почеток сега дреме и собира прашина. Нашава комбинација е поуспешна.
со чепкалки за уши земаше од бојата и ставаше печати вода и боја за храна замрзнавме.После се вадат коцките лед и се истура топла вода.Може да се измешат коцки со различна боја за да се добие сосем трета
Јас и направив денес од тесто пластелин по рецептот на дани али не покажа никаков интерес. Го згмечи неколку пати и толку. Потоа и сварив шпагети и и дадов да си игра со нив. Некои десет минути ги тегнеше. Многу е мала за овие игри не ги разбира и не и се интересни сеуште. Ќе почекам неколку месеци.
Бидејќи ние функционираме во самоизолација веќе седум дена мораме да смислуваме начини да помине денот кој е долг. Иако шетаме два пати на ден во природа сепак и дома мора да ги избегнеме цртаните од кои е зависна малата и без кој не отвара уста да јаде. Денес тема беше штипки за алишта и калапи за мафини и кутичиња за велигден. Бидејќи со едногодишно дете игрите траат десет минути мама ја внесе во светот на религиите и прва тема која ја обработувавме е јудизмот: Сепак евреите мора да ги познава тата мата од пелени. Од денес решив да ломотам по цел ден. Што и да фатам и објаснувам што е како е зошто е. Поуморна сум од неа грло ме боли без прекин со саати зборувам, а не сум дрдорка.
Остана вчера време и да се шлапаме во вода. Убава игра во која прво треба да с покрие детето со крпа и на крајот да се држи садот со вода оти го превртува не сакајќи да го даде. Игрите со вода се најинтересни али и најмачни за пратење да не се натопи, да не биде долго со вода, итн. Ако имате некоја игра со вода споделете ја.
На последниот пост на инста имам вакво Тече по малку вода, многу го сакаат моиве. Јас го купив најмалата кога беше околу 1.5 види го на сликите/видео, дали ќе те фати око. Јас сум презадоволна. Едит: на стори било вчера, не пост, извини мозокот уште спие. Ама изгуглај го, сигурно има и на нет.
Јас на еден бел лист нацртав рака со нокти. На прстите прстени, на раката часовник и и дадов 5-6 лакови за нокти кои не ми се веќе за употреба. Доста време потроши на лакирање на ноктите на листот, па ставаше светки, па секој нокт различен го направи и така.. Исто забавно и беше - на памук ставив алкохол и сите играчки ги избриша да светат. И она беше мирна некое време и играчките беа дезинфицирани. Денес сакам коритото од бебе да и го наполанм со млака вода , да правиме бротчиња од хартија и да пловат. Немам голем стан и немам двор, мора да се занимаваме со нешто
Искрено не знаев во која тема да постирам, така да ако не е прикладно нека се избрише. Ми текна идеја која можеби ќе ви помогне. Јас таа идеја ја искористив на друг начин, па така да се надевам ќе е океј. Се што ви е потребно е подебелa 'фолија'. Од неа можете да исечете вие најразлични форми кои потоа детето ќе може да ги црта на обичен лист. Пример Внатрешноста може да ја пополни со било каква боја или темперни, дрвени боички... Јас ја искористив за да направам мапа на светот бидејќи сакав да имам слика во собата. Следно, декоративни висечки цветови. Што немора да се цветови, може да се ѕвезди, планети било што што може да се прикачи над креветчето
Моментално е 16.40, а имам впечаток дека треба да си легнеме. Прекрасно време имаме денес 18 степени, се чувствува како повеќе од 20. Затоа цел ден надвор на плажа. Претпладне до блиското селце со преубава плажа од 9 наутро до 11 сензорни активности За ручек тепање шопска сензорна активност во која летаат домати и краставици насекаде: Ози надгледува дали е се во ред и дали е празна чинијата. Потврда со деца ракија не се пие ќе ти ја изедат салатата. И потоа пладневни сензорни активности на нашата плажа: Со брзина на светлина пика камења во уста. Неверојатно е тешко да се дочува.
Ај камења лесно се вадат, ами мојава на два пати кал пикна од цвеќињата заедно со природно ѓубриво ( гомца од крава). Изгледа мислеше чоколадо е. Среќа не и се допадна па сега блјак вика и откако ќе се извалка стои пред чешма да ја измијам.
Јас игри со вода дозволувам само во туш кабина ама и вака не поминуваме лесно. Му текнуваат работи па излегува мокар и гол да си земе играчка. Па ќе си ги донесе. Па оние од внатре ги вади надвор и коа да видиш пак се е мокро и лом. Имаме кош кој што се лепи на плочки, па фрла со точињата цело време, тие не завршуваат во кош туку во вода и прскаат и смеење на глас Сакам да правиме пена во бања, имате некоја проверена, нешто без хемикалии, наменето за деца, нешто што нема да биде проблем да заврши во уста...? Постои такво нешто? п.с ја изгледа немам ништо развојно во постов али си раскажав веќе, па се извинувам ама ќе го испратам
Јас му ставам од Хип шампончето и прави пена. Сега му земав дрвено вовче со фигури па ќе видам после дали ќе го игра.
Јас на хипп купка и купив кое ја обојува зелена водата и прави пена ама не многу. Додуша јас ставам и помалку од тоа што пишува, па можи затоа. До сега нема проблем со кожата, ама само два пати и имам ставено. Се надевам нема ни да има, затоа што обожава пена.
Колкав беше баткото 15м ли? Инаку се извинувам и јас што ќе бидам оф топик. Дали во кадичката додека ги бањате се лизгаат? Мојата пред 2 дена се лизна и цела се удави во водата. Срцето ми застана. Она брзо се смири ама јас немав мир. А ептен се радува со играчки и се ама постојано се лизга, се исправа и ќе падне.
Веќе сме скоро 16 Нашата не се лизга. Таква е кадичката како рапава долу и не се лизга. И пчочките ни се такви. А на викендица каде често престојуваме имам купено од тие гумените што се лепат долу за да не се лизга, побарај такво некое. Јас го купив од продавница каде продаваат плочки. Ама ги има насекаде мислам...