Претпоставувам во ова време сите сме пред предизвик за правилно исполнување на времето на нашите најмали. Цртаните бар кај нас се неизбежен дел во текот на денот. Затоа сакав да ви препорачам еден цртан кој случајно го открив. Цртанот е со прекрасни нежни бои, убава музика и е едукативен. Е сега на Руски е, ама децата нека учат и други јазици. Цртанот е МАЛЫШАРИКИ
Вчера му дадов тесто да си игра, прво го кинеше после в уста мислеше дека е за јадење Пред некој ден и песок правевме, си играше на крај цело на подот заврши
Цел ден во природа, едноставно обожава да си игра на пат каде сите минат. И да не плаче и да се влече со фаца на земја ја оставив, се надевам никој не плукнал пред пет минути: Плус почна сезона на крлежи, Ози веќе два донесе ама она сака да седи доле и крај.
Бидејќи лето ќе нема годинава ова за на плажа ми заврши голема работа вчера со саати не испадна од него. Наместо да ми се качува насекаде вака е подобро:
За бебе/дете најдобро против комарци е Мапез спреј. На природна база е. На сите овие, па и на чико, пишува да не доаѓа во контакт со очи, уста. Е ај на мало дете кажи му да не ги пика рацете во уста?!
не е само од комарци да го штитам. туку и од крлежи. со оглед дека по шуми шетаме (шетаВме) може да се рече дека побитно ми е второто... а ова е природно ко шо знам. баш уште еднаш ќе ѕирнам. инаку син ми не пика раце у уста..
Твојот е поголем, ама мамичките погоре прашуваа за дечиња од годинка до годинка и пол. Тие пикаат уште во уста Едит. Сега гледам на твоево пишува био.
Со оглед колку мириса чудово и да не се измачкаат дланките ќе бегаат инсекти Уствари сеа кога спомна години ми текна дека баш така правев . Нас 4та год по ред ќе ни е со ова до сеа крлеж немаме фатено