Колку е убава, со убаво да си игра малиот И мм му направи на бебе мое, оддамна, али мали куки за врвки никаде не најде, од каде се вашите? Ни остана еден квадрат празен Инаку мојов у тој период лепеше многу стикери, па цела е ишарана со нив
Преубо е Хепи навистина браво и јас сум во план за нешто вака да правам ама уште не дошло на ред немам купено материјал, кај нас нема се. Дали си игра баткото, дали му држи внимание? Еве нешто од мене
@lackygirl дај ми слики како го направи тоа со шишето го имаше на инста и ставаше топчиња малиот од страна. (Како објаснав ни сама не се сфаќам)
Да. Има мајки кои тоа го работат и буквално ти е пренесено на тацна. Пример @danichap е една од нив која работи совршено добро на тоа поле. Имаш објаснување, игра и очекувања. Следев и други али многу на глупости ја свртеа за фанови и си ги следам лаки и бејби уствари они си играат редовно и само си “крадеш идеи”. Потоа пола и повеќе ти идат спонтано. Вчера учеше за овошје. Не оти разбира туку и се интересни формите и мирисите. Запомни за овој период е најважно да ги развиваш сетилата. Допири, бои, осет (газење цименто, песок, трева, контакт со животни..) за да се подготви за оралната фаза.
Следам мајки кои објавуваат активности и на Пинтерест имаш многу идеи . Пример од една активност имаш повеќе начини како да се изработе , па на Пинтерест може да ги видиш сите. Моментално сум во група Активности за деца ,а ја следам и редовно Oursensoryfamily ( @danichap), па нешто што е изводливо и за мала возраст го правам. Моментално правиме активности надвор, собирање растенија, инсекти.
Значи морам инстаграм акаунт да отворам сепак Во глобала скоро се ова што го кажувате го правиме, ама се си мислам некако не е доволно, не и е интересно.