За копчињата мали се уште. Пробав јас не знаеше како. Исто и за врвцата. Тоа првото со картички, да, многу и беше интересно само што се виткаа. Треба да најдам онакви стапчиња какви што прегледуваат грло, докторите. И втората изгледа интересна.
Фала за совети Јас од амбуланта зедов стапчиња мм работи таму, ама можиш сега да собериш од сладолед земи 10 сладоледи од 10 денари многу му беше интересно со стапчињата, ги погодуваше дупчињата. Второто и лесно е за правење тоа прво ќе биди за изработка.
Стапчиња има и по книжариве. Јас во аеродром во локална книжара имам купувано. Има и обични и во боја. А и на алиекспрес има да се нарачаат.
Лаки фала на идеи! Онаа со ластикца и копчиња може негде кај две години засега нема шанси. Исто и со боите и врвците. Гледам во градинка децата кои се во група со малава и имаат над две години перфектно знаат која боја е и каква им треба. Бебушиве се две и само редат и прередуваат, животни, лого коцки, камиони, се искачуваат, се префрлаат. Баш денес другарчето од 15 месеци сакаше да си игра со пластелин му рекоа дека е премал и да се врати до Емили да брмчи кола. Ги прашав дали имаат како наставен план, одговорија се во свое време за да се задржи на интерес. Засега е џабе зборење сега било потребно да слушаат песнички и да прават бебешки ствари. Бебешки ствари е сите играчки ги фрлија во корпа за ѓубре и за еден крокодил се тегнеа низ цела соба. Попаѓавме од смеа колку е тоа само одлика на бебиња. После стојат на врата која води кон надворешен простор каде играа постарата група на деца и буквално се буткаа и лепеа со фаците на стакло.