Здраво на сите.јас сега првпат се вклучувам во Форумот.би сакала да споделите искуство , од која возраст научивте бои и броеви и кој начин го користевте? Ние сме 2 годинки.поздрав и уаб ден
Го порачав "на времето" од Играчки за деца,ама веќе го нема. Исто такво како на Фри веќе нема,а сличен модел има во Џамбо,мислам Анаконда дека кажаа дека го има и во Локо Кроко. Јас за подарок купив од едно маалско дуќанче,ама не сум од Ск. Потврдувам дека е супер играчка
За сите што го меркаат садоперот. Во играчки за деца пред бекој ден ми излезе дека повторно го имаат. А ми се појави и едно во бубамара играчки
моментално нејзиниот прибор за јадење да се вади и враќа пак назад. Играчките се аут И може некоја сликовница да ја заинтересира некои 5-7 мин
Моментално редиме коцки една врз друга тој ги растура, има мали пластични кучиња и нив ги имитира ау ау ау, другите животни не го интересираат толку, сликовници не баш од една две мин.повеќе не ги гледа. Обожава топчиња ги имаме многу и во разни бои, и нормално даљинската, ке си купиме нови за некое време. 14+ сме
Мене ми цркна при крајот на летото. Знам и кај вас беше со проблем што беше ти текнува? Не дека ќе грабнам сега да го правам ама нека стои напишано да не изумам.
Нешто го 'рчна маж ми,го отвори внатре,размрда нешто и проработи,ни он не знаеше да ми каже што му било. Погледни и кај батериите да не ти има навлезено вода и од тоа еднаш не сакаше да работи,го избриша убаво и проработи.
За дечиња 15+, некоја интересна игра, без разлика дали е за дома правење или која би можеле да ја купиме...
И бои и броеви почнав прилично рано да ја “учам”. Негде од годинка. Уствари не ја учев туку и ги кажував. Броевме сѐ. Едно прсте,две прстиња.. едно мече,две,три.. се до десет. Сега е 2 год и 3 месеци и знае сама да брои до 10. За понатака не сум ја форсирала,сметам дека сеуште е мала. Со боите исто, уште кога почнав да купувам коцки,боички, и ги кажував која во која боја е, за да набрзо ги сфати сама. Повторував неколку пати, па после ќе и кажев “подај ми ја зелената коцка”и сл, купував боенки и таму и кажував што во која боја да обои, и така ги научи. Се низ игра воглавно. Сега сме во фаза на учење на деновите од седмицата. ^има по маркети прилично ефтини бројаници,од оние со топчиња во разни бои. Баш два во еден.
Да ги пофалам книжињава, деновиве ни се хит Една за занимација, друга за час по математика Првата е пластифицирана со гумирани лепенки. Втората е многу добро изработена, има убави задачки за секое бројче. На принцип пиши-бриши е со црн маркер. Од истата едиција има и за учење колку е часот. Изработка од моето учениче Кола подобро црта без обележано, го бунат точките
Malku off topic Ima nekoja majka predlog za poklon za 3 godisna vozrast -igracka. Neka bidi i poskap poklon samo da e nesto interesno mi treba za kaj bliski zedov garaza kako na tri sprata so kolicina ama veke imale.Sakam nesto so stvarno ke mu bidi interesno i so ke odgovara za tri godini.