Првата слика се викаат balance stepping stones, ги има на Амазон Алиекспрес. Јас еднаш ги барав, ама скапи ми беа. Втората слика Play tunnels for kids, ама не се сеќавам негде да ги имам видено. Има на Икеа, Амазон, Алиекспрес не знам. Сигурно и по наши страници ги има. Добри идеи за игри.
Идеи како да ги научиме боите? Ги разликува и сепарира по бои, ама кога ќе прашам која боја е оваа, порано беше се зелено, сега се е портокалово или сино. Освен да повторувам која е која боја некоја друга идеја? 2 год и 5 месеци.
Земи листови во боја и сортирајте врз нив играчки во истите бои. Натпреварувајте се,кој ќе најде највеќе жолти играчки,на пример.
Еден ден една боја. Пр денес ќе го прашуваш каква боја се зелените предмети. По ден-два зелените и црвените, кога ќе ги знае, трета боја... Нас доста ни помогна оваа играчка, од бејби центар е
На мојот се му беше црвено (го сакаше Спајдермен), еден период пак си ги именуваше по свое (зелената беше Шрек )Кога ќе видев дека не сака да прифати да научи, ќе го оставев еден период и по неколку дена како низ игра, ќе го прашував за бои, па полека полека си ги научи.
Јас го научив со овошјето што го јаде дома ама постепено. Вчера јадел банана пример , му викам сакаш жолта банана? Денеска сакаш црвено јаболко? Итн. После почна да ги поврзува со други работи пример сонцето е жолто како банана, па полека ги исфрливме овошјата и сега само боите ги кажува. Така нешто, да ги поврзуваш со секојдневни предмети.
Ние оваа игра многу ни помага. Горниот дел со рипките посебно, и јас и зборувам ајде сега оваа риба која боја е и кај треба, и веќе 4,5 ги знае без грешка и да ги изговара. Кај другите се замислува малку Исто и пластелинот ни помага. Денес правиме фигури во две бои, утре во други две бои итн итн...
Igravme so plastelin mnogu i nonstop i kazuvav koi se boite i ja prasuvsv koja e ovaa.boja....gledase od onie klipovitr na youtube vlaga kola kamion traktor zivotno u bazen so voda iskaca.oboeno i jas zbori ova e taa boja ap na sledno gledanje prasuvaj...redime zivotni ja ova jade treva koja boja e trevata itn itn
Низ секојдневие.. пр.сонцето е жолто,надвор додека сме тревата е зелена, облекуваме црвена блуза,морковот е портокалов,на бато бојата е сина,на дада е розева и многу брзо ги научи, а исто има едно маче мислам на руски збора на Јутуб Али боите се изговараат исто како мк го гледаше и него стварно е супер..
Мами како можам да направам дома сапуница за меурчиња? Ни се потроши купечкото. Пробав дома со сјај ама неуспешно.