Можеби си купила до сега. Јас ги имам и двете. И двете се бајаги гломазни за пренесување често и мислам дека нема да ти служат така. Ако не си купила уште, во тополино има едно помало масиче за песок и поефтино е. Инаку мислам дека масичката е подобар избор, барем моето повеќе ја сака и игра.
Јас на првото синче му земав од оние пластични кутии за играчки со капак, во една песок во една вода и така играше во двор, на децата не им е гајле во каква форма ке им ги ставшш песокот и водата, сакаат само да се шлакаат, гледај да биде нешто со капак да може да стои надвор да не го врне и да не го мочаат мачки ако сте во двор.Инаку кутиите и не беа лоши на изглед,шарени,убаво изгледаше а ги купив по 150-200 ден една.
Здраво мајки активности за дете од 15месеци ако може да ми кажете нешто што ќе и задрржи внимание?Си игра само со кутивчиња од крема,листаме сликовници и албуми тоа ја интересира.
Здраво! дали имате предлози што да се прави за дете од 1 година во летниот период? Обично цел ден е премнгоу жешко за да седи надвор. До сега ја шетавме по 2-3 пати на ден, ама сега само рано сабајле и навечер од кај 6-7 до 9. Другото време сме по цел ден дома и збеснува. Такво дете е што многу сака надвор да поминува. Дали имате идеи каде може да се шета? Освен молови, друго ништо не ми текнува...
Исти сме. Од кога почна да оди, ДОМА за неа не постои. И купив базенче за на тераса, ќе и наполнам вода во легенче, ќе ставам сунгерчиња и ги стиска и тече вода. Имам камчиња што сум собирала од плажа па со тоа знае да се позанимава, само под надзор зошто се оди во уста. Разгледај на пинтерест можеби ќе најдеш нешто.
Дајте некоја идеја за груба моторика дома. Такви едукативни имаме еден куп и сликовници и најчесто само тоа играме, ама ми треба начин на трошење енергија дома. Нешто самопрајско дома за качување или трчање имате правено? Спремна сум и за поголема изработка да ја направам сама за да не лупам многу пари по купечките зашто стварно се прескапи. И дали сте за трамболина и од која возраст? Читам поделени мислења од педијатри па не знам дали да земам. Скоро 2 години е
И јас немам место во стан сме. Затоа барам нешто самопрајско да можам да го вадам и дигам после. А баш би сакала една таква соба да има со душеци и тоа на ѕидот, едно нешто за зимно време е
Еј супер идеја фала. Како се вика ова на англиски знаеш? Или во каква кутија беше спакувано големо ли е?
Пробај со picture search ќе ти даде на повеќе сајтови од каде што го има. Нашето е од ананас. Го изнаигра. Летово и пред зграда и го носев и таму го играше. Не е мн големо.
Нацртавме дрво, направивме дупчиња. Собиравме суви ливчиња и ги боцкавме. Don't mind my талент за цртање
Како е со квалитет пластиката? Ќерка е околу 12кг, во случајов, дали би издржала. На Амазон читав негативни коментари за истиов производ и некако се двоумам околу порачка. Или опција што друго би било за зимава интересно за дома, а да не фаќа многу место.
Единствена работа што знае подолго да му задржи внимание се овие попити, друго е интересно 5мин максимум. Му ги имам собрано сите играчки и приметувам повеќе игра со 5-6 одколку кога му стоеј со вреќи пред него.
И мојов играше со такво Иначе сега овие дрвените ги реди, му ги покажав и се заинтересира, па ги погодува, посебно кругчињата дека се со едно дупче. Последниве денови само со нив игра. Купени од пики бебе Струмица пред 5 год. И книги, многу сака книги. 13+ месеци...
https://www.amazon.com/Fidget-Bubble-Fidgets-Sensory-Rainbow/dp/B09CP5XPY9 Вакво, многу форми и големини различни има.