1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Занимации и игри за развој кај деца од 1 до 3 години

Дискусија во 'Дете' започната од J.Ivanoska, 13 април 2012.

  1. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.898
    Допаѓања:
    6.124
    Пол:
    Женски
    Ааа имаме вакво едно, за во кола спас ми е. Ама не му држи внимание долго. Колкав е син ти? Да не е мал мојот па затоа да му здосадува брзо
     
  2. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    5.385
    Пол:
    Женски
    Ќерка имам јас, само се надоврзав за играчката. :D

    Инаку и мојата 20 месеци. Ја интересираат дрвени како за редење едно над друго, повеќе типови и форми имаме. Сликовници сака да врти и да измислуваме приказни.

    "Нови" играчки ротирам на по неколку дена ама нешто не и држи многу внимание.

    Со магнети по фрижидер се заигрува сега. Различни врсти од Алиекспрес порачавме.
     
  3. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.898
    Допаѓања:
    6.124
    Пол:
    Женски
    Ааа да, не ни прочитав името, ја знам и возраста сега :D
    Моментално на мојот само сликовници му задржуват внимание, може и по цел саат да врти страници па да покажува кое што е. Друго се е 5-10 мин. Преска правевме куќа од коцки па го стававме животните таму, е тоа го заинтересира 15тина минути. Првиот момент кога се тргнав да проверам ручекот ја растури куќата. Некако сум загрижена дека само со мене си игра, јас да ја водам играта ептен е концентриран тогаш. Сам не си заигрува никако, се плашам дека нема да му се разбуди фантазија вака. Не е проблем за мене по цел ден сум посветена на него ама не знам колку е правилно ова. Од друга страна па си викам еднаш е мал, сега ако не го играм после нема ни да сака. И така си се распишав (facepalm)
     
    На LiquidLuna, Miss_S и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски

    Pop it се вика, намената му е за намалување на стрес и анксиозност кај постари дечиња. Така знам. Ама бебо го игра од скоро а го има од помалечок не го загледуваше, сега ваљда му е интересно.

    Може во ваква форма да си го сретнала
    71r6RUHoP4L._AC_UF894,1000_QL80_.jpg
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    5.385
    Пол:
    Женски
    Кај нас обратно, и во градинка е. И по некој час после градинка со баби, татко и, практично кој ќе стаса да ја чува. Со секој од нив има различен пристап и начин на игра. И на до крај мислам само со мене и е досадно, а јас во тие 3-4 часа до спиење треба да смислам интересно да е меѓу правење вечера, вечерање, бањање, успивање, измеѓу да потфатам по дома, да спремам алишта за мене и неа за следен ден, да спремам ранци итн.

    Генерално баш се мислам што може да е занимливо за зима, за низ дома, а да не е телевизор, секако нема да имаме многу можности за по куќи и игротеки шетање, што ладно, што вируси.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.898
    Допаѓања:
    6.124
    Пол:
    Женски
    Да да пишавме веќе, го имаме. Ама не му задржува многу внимание на мојот сеуште. Во кола му го давам јас

    Ќути се мислам и јас тоа. Тука веќе е заладено и секој ден врни ама пак го изнесувам. Сега не оди на градинка и ако не истроши енергијата надвор хаос е за заспивање. Што ќе се прави цело зимо кој знае, почна веќе често да ми бара телевизор, среќа па не плачи кога не пуштам лесно му се одвлечува вниманието. Страв ме фаќа од зимата :(
     
    На Carolin. и Miss_S им се допаѓа ова.
  7. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    550
    Мојата игра со кола на буткање, не дека не фаќа место ама вреди :D upload_2024-9-25_0-14-14.png

    Пиши бриши табла, дрвени бои, кругчиња за редење, nesting чашки. Отвори затвори капачиња од тегли, пластики за храна, тенџериња. Реди топчиња во калап за мафини некогаш 20 минути, некогаш не го погледнува. Најдолната фиока во кујна е полна со работи безбедни да ги фаќа, највеќе со тоа се заигрува, отвара и вади све па враќа назад, па низ цел стан.
    Која возраст е детенцето?
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    5.385
    Пол:
    Женски

    Имаме се наброено погоре. Не дека не се заигрува, далеку од тоа, ама некако мислам долго време веќе ги игра истите играчки, како да не и се веќе интересни.

    Калап за мафини не сум дала сеуште. А може и ќе почнеме со игри од типот на ориз, леќа и слично да претура, под надзор тоа. На околу 18 месеци, немаше интерес за така, освен да растура нормално.
    20 месеци е.

    Може не е за тука прашањето, гледав на YouTube, некои видеа демек на оваа возраст треба да знаат да се облекуваат. Ни сме и покажале, некако премала ми е за така.
    Знае да донеси патики, јакна за надвор. Знае ако си соблече чорапче, да седне и да проба да го облечи, едни како Крокс има, ги става сама, кога точно, кога наопаку. Ама јакна, блуза, пантолони пример, не знае, да облечи. Не го сметам за недостаток тоа, туку кога е време за учење?

    Исто игри со пластелин пример, од кога се почнуваат?
     
    На kozuf, Carolin. и sani99 им се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.730
    Допаѓања:
    23.216
    Пол:
    Женски
    Бебе хахах :rofl: ќе си родиш уште едно и готово, сами ќе си играат :rofl:
    За облекување секое дете различно, ич не му ја мисли тоа.. Женските обично побрзо почнуваат сами, машкиве се помрзи :envy: после 3тата год сам пантолони, гаќи си облекуваше мислам, уште му облекувам горни делови, маички, блузи. Оти нејќи оти го мрзи.....а е скоро 6 год.
    Малово на 13 месеци пробува чорапи да облечи :nod: :rofl:
    За пластелин, после 2 и пол 3 год под надзор да не лапни в уста.
    Имав време за првото дете, само тој беше, игри секакви од хартија, диу му правев, секакви дрвени слагалици, се му земав, исто така беше како што опиша.
    Е сега малово гледа од брат му и само се учи, дури си велам јас да не го запоставувам, некош ми е криво дека не му правам се како на брат му ама го гледам дека е супер за возраста и ми поминува вината :D
     
    На Mother of 2boys, Anturium, sani99 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    6.912
    Пол:
    Женски
    Ја пак мислев мали се за боички и табли за цртање и не сум дала.
    Не сум ни пробала.
    Калапот за мафини не и направи ќеф воопшто.
    Мојата вади се од фиоки и после седнува во нив и тоа е моментално. После ќе и текне и ќе ми ги размести стварите од фиоките. Фиоките се најиграни во секој случај. Повеќето се заклучени, ама тие што се безбедни ги расфрла насекаде.
    Колку порасфрлано дома, толку поубаво и е веројатно.
    Чита книги, тоа и е омилено, има едно како еже со боцки и тие му ги реди.
    Генерално немаме многу играчки,повеќе сме надвор.
    Или дрвени коцки, слагалици да ги треска од паркет на пример :D. Понекогаш успева да нареди нешто правилно. Најчесто не. Турка столови, затвара врати, треска кај најде.
    Камионче едно како твоето имаме, понекогаш го вози, ама не многу често. Повеќе свири со него и го товара, се крева седиштето.
    Клетерење и слегување од кревет, спална. Влегување и излегување од корпа со алишта.
    Фрлање алишта за перење од корпата во кадата, влегување во машина за садови и машина за перење, уклучување и исклучување на машината за перење. Јас ставам алишта она вади. Јас вадам она става. Значи се спротивно што е.
    Јас диплам облека, она расфрла. Така, генерално помага низ дома ептен. Особено со намрсени раце кога ќе прави отпечатоци по ѕид.
     
    На DaftyCrafty, Mother of 2boys, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  11. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    550
    Ме насмеа слатко со муабетот за помагањето :rofl:Можам да замислам само, мојата за сега само за диплење алишта ми помага, јас диплам она раздиплува :D Кога почна со качување/симнување од кревети? И влегува цела во машината за перење?:rofl:

    Инаку има едни големи дебели дрвени боички за 1+ во просветно, ги обожава. Какви и да купиш гледај да пишува easily washable обавезно (има и мрсни и фломастери такви ама не сум пробала).

    Надвор кога сте со непроодени деца ги оставате да лазат на трева, лулашки, да се качуваат итн? Локалното паркче не е чисто, има и стакло и плуканици, ама може треба да се потрудам да најдам друго место
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    5.385
    Пол:
    Женски
    Ја заборавив корпата за алишта дека е омилена играчка. И кутии пластични за храна.
     
    На јolene и kozuf им се допаѓа ова.
  13. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    550
    Пробај да ги ротираш, јас имам извадено само 7-8 играчки, другото е во ќеса во плакар. Кога ќе осетам како што викаш дека и здодадува вадам "нови". Тие што не ги игра ги собирам. Обично на 2-3 недели до сега.
     
    На јolene и Miss_S им се допаѓа ова.
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    6.912
    Пол:
    Женски
    Па релативно ново и е. Дали пред две три недели. Покажувај и само како да се симне, кога ќе ја осетиш дека сака да се симне. Кога ќе тргне со глава напред, заврти ја на меше со нозе надоле и помогни и неколку пати. И секој пат така кога ќе ја видиш, врти ја. После ќе укапира и сама ќе си се мести да се симне правилно, т.е да си се пречека на нозе. Ќе се опушти.
    Еднаш влезе цела во машината за садови, сега ја пазам,ама ко ракета е штом ја види отворена. Во таа за алишта уште не влегла целосно, оти ја вадам постојано. Ми врти постојано и ми штрака на копчиња, ако заборавам да ја заклучам, прави беља обавезно.

    За надвор, ја пуштам сегде да лази. Ќе излеземе чиста, се враќаме дома цела прашина и земја. Кај што има услови и она сака да е доле ја пуштам. Ако е влажно и облекувам такви палтолони за дожд и ја пуштам. Некогаш околу количката си се врти, некогаш си лази, некогаш се потпира на нешто и оди така.
    Важно гледам колку што може повеќе надвор, оти дома за саат време се ќе изигра и ќе и здосади, а надвор еден круг, нешто куче, маче, некој човек ќе помине време.
     
    На Anturium, kozuf и Carolin. им се допаѓа ова.
  15. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски

    Мојов у машината за сушење влага и се гази од смеење :rofl: јас имам страв од такви тесни места, кај и да е ке ја качам над пералната :drunk:
     
    На Mother of 2boys, kozuf и јolene им се допаѓа ова.
  16. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Нова занимација, се надевам подолго од 3 дена ке трае. Копа, вади земја, полни истура, во саксија по алишта, по лизгалката ги пушта камионите со земја, ама битно игра може кафе да се испие на мира.
    Една манаа има, после ова директно морате под туш.

    20240925_105348.jpg
     
    На atz1995, lackygirl, Sofi.ja и 6 други им се допаѓа ова.
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    Моментална занимација ни се печатите вчера случајно ги видов и ги купив.
    Си игра сега за сега.
    Става печати на тетратка или ги реди на масичката.
    Ја прашувам на кој печат што има и ми кажува и со тој печат става на тетратката.

    IMG_20241013_090244.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    На Antebellum, Ano, MyMala и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.683
    Допаѓања:
    5.446
    Пол:
    Женски
    kade moze vo sk da se najdat??
     
  19. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.520
    Пол:
    Женски
    Во книжарниците можеби ги има или во продавниците со играчки.

    Многу си игра со нив, штом стане од спиење веднаш ги бара, планирам уште да и купам.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    7.743
    Пол:
    Женски
    Vo jumbo mislam deka ima
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.