Не знам дали ова е соодветна тема нека премести модератор. Имам една идеја. Сакам да праќам честитки на бабите и тетките во Мк, ама се мислам за нешто поинтересно дома правено. Пример слика од мали со елка и отпечаток од негова рака или едноставна елка изработка некоја, не знам. Има некој нешто слично да прати?
Јас праќав за роденден на сличен начин, со отпечаток од рачето и ноџето а внатре им пишував порака. Премногу се радуваа, свекрва ми ја стави во рамка дури ахаха, такада супер идеја ќе биде
Има некој вакво, од каде сте го купиле и како сте задоволни? Или некој да изработува? Барам нешто за дете што сака да се качува да се занимава зимава дома во загадено Скопје.
Правевме домашен песок од рецептот тука, супер занимација од еден час (со мене заедно) и уште пола час чистење Пробав да ставам прехрамбени бои ама не се обои воопшто само како грутки обоени се направи фарбата. Знаете каде е проблемот или да ми ја кажете точната постапка на обојување, рецептот е од тука 1-8 масло и брашно.
Не знам дали е соодветна темата за прашање. Од кога се очекува да почнат да разликуваат бои децата, дали ги учите конкретно со картички, примери? Исто и за бројки и за букви? Гледам во градинка имаат игри од типот да направат купче од црвени предмети или жолти итн. Бои како бои да и речам дај ми црвено не знае, а во игра да нареди неколку црвени предмети неусетно што би се рекло, ќе го направи. Инаку за занимација веќе играме спарување. Што секојдневни предмети од низ дома. Што картички, што украси за коса. Пример со украсите, кога наутро правиме фризури или преку ден јас покажувам пред неа едно, таа од купчето да го најде другото. Вакви слични
Малку офтопик. Сакам да те прашам за масава од каде е? Заследив неколку профили на инста, и скоро сите ја имаат истата. Барав на нет нешто слично, ама не најдов
Јас тука прашував летоска исто за боите. Кренав паника дека дете е далтонист и не распознава бои. Всушност децата ги учат боите, значи покажувај и ги боите за да ги запамти. После две години јас почнав да го учам. За меморија картички е добра возраст исто да играте. Броевите и буквите се многу мали. Можеш да и читаш, да пишуваш, да броиш ако и е интересно.
За броење знае до 10. За распознавање мислам почнува да сфаќа од меките книги што ги имаме, ама некако ми е прерано. 2 ќе прави следен месец. Букви не форсирам.
По книга е препознавање 1 боја на 24м. Моиве сортирање по боја од 18м знаат. Значи не се далтонисти. Ама да кажат ова каква е боја или покажи ми сина боја ниедна не знаат. 2.5 години се уште малце. Значи увелико каснат со тој мајлстоун И не ми е јасно како не може да научат. Форми на 18м разликуваа, трапез им беше еден од првите 50 збора, бројки, букви од прва учат, броење сами научија пред да наполнат 2 ама еве боите не ги капираат. И се нервирав да ти кажам се додека не го пратив маж ми да земе силиконски калап од кај мајка ми, ми праќа слика и ме прашува овој ли, розевиот? Калапот е портокалов. Така да, се помирив дека никогаш нема да научат бои
Да не почнувам со мажот ми, оф топик ќе е. Довикува, црвените патичиња да и ги облечам? Јас се мислам кога сме купиле црвени, прво на памет ми паѓа дека по грешка зеле некои туѓи од градинка. За после да сфатам дека на розови мисли. Сега се разбираме со Најк, Адидас, ни розово, ни зелено повеќе. Поентава ми е што време поминува со сите, баби, дедовци, некако од сите страни некој, нешто форсира за учење, да не и го правиме мозокот кркамбар.
Не се секирај, ако нешто не и е забавно нема да се замара Не е рано за бои, можеш да ја учиш ако има интерес. Бројки, букви слично е мала. Ако сама покажува интерес и прашува тогаш да. Интересно е што ништо не мораме да ги учиме, доволно е да се играат и слушаат и си учат сами.
Каснам малку со одговорот. Ние имаме од кидс хат од инстаграм, околу 4 000 го платив на времето. Кога го земав малиот дали и годинка имаше. Сега е три и пол, уште го користи. Го пренаменивме како шаторче/креветче, го пославме доле, си ги легнува таму мечките да спијат и ја пее "10 in the bed", па они "паѓаат", дури и се лула фатен со рачињата на него, супер занимација е.