Иста ваква има само во икеа. Си ги купуваш тие пластичните садови внатре што се стават посебно, имаш различни големини и бои.
Не е касно таман е, уште се мислам јас дека малце сме тесни со простор па уште не сум сигурна. Од помош е многу што сподели, фала ти ова го имате, на вакво креветче мислиш? И дали паѓа од него, малку ми е страв и од тој момент
Слично е да, од едната страна е јаже, од другите две се тие "скаличките". До сега ниеднаш нема паднато, а се има качено едно милион пати. И јас немам многу простор во собата, кога го користи ми е тука, па правиме пауза една недела две, па го изнесам од соба да не ми е како чир.
Дали дрвените играчки од Пики Струмица се добри? Ја имам коцката за сортирање само порачано, супер е, ама има други за редење и сложувалки по многу ниски цени за разлика од тука, се мислам дали да нарачам повеќе.
Да, супер се. Истите ги има во Џамбо на пример ама поскапи. Овие ги имам од таму и се супер. Како последната повеќе имаме скроз исти како во Џамбо се.
Денес му направив домашен пластелин и еве го сат и пол и уште игра досега ништо не му држело олку внимание... За ладново време испадна супер занимација.
Рецептот го најдов на интернет некаде и беше 2 cups брашно,1 cup сол и 2 cups вода и две лајчина лимонтус. Прехранбена боја и вариш на шпоре на не многу јако, за кратко е готово... ( јас мерев со шолја од браво кафе и место лимонтус ставив сок од лимон тоа имав дома). Супер е пластелинот лесно се обликува.
2ипол е. Од играчки Лео ги купив, со стази што се прават. Ама мала е за тоа, само коцките ги игра, па во план сум да докупам уште само коцки.
2 години и 7 месеци е сега прв пат дадов. И јас се мислев за купување ми беше срав искрено. Но ми излезе случајно рецептов и реков ај ќе пробам ако не бива ќе фрлам. Ама еве веќе трет ден денес не го попушта, по цел ден игра.
Блазе си ти. Вчера ги купив, го интересира само да растури тоа што ќе му изградиме, друго ништо. Ванглите, блендерот, маталките и слични кујнски реквизити никој не може да ги победи.
Ние не и градевме, само и покажав и ги оставив. Толку. Не знам што не направи. Градеше, па сортирање бои, па куќа за мини фигури што има. И јас се зачудив колку имагинација искористи, со обични пластичиња
Bebeska oprema I igracki Leo Баш вака се на ФБ. Јас утнав малку, нарачав со стази со чуда, а мала е за до толку да свати како да ги намести, само со коцките игра. Прашај ги кои се најквалитетните, испаѓаат фер, и ти препорачуваат.