И јас прочитав таков пост на инста и од тогаш ми фуфка да нарачам нешто. Не сум екстремно по природни материјали, не ни имам познавање толку па затоа не можам да бидам сигурна, ама ете и мене ме замисли. Ако се разбира некој повеќе да појасни ќе биде супер.
Не сум порачала ништо од Тему, ама 80% од продавнициве продават од таму или Али. Значи разиката е што поефтино е на Тему. Еве за пример Mupped kids цела роба е од Али/Тему. И сега ќе купиш од Mupped со мисла дека купуваш поубав производ а истите се.
Сите производи што ги зимаме се пластика и 99.99% се направени во Кина, работите што ги продаваат Али и Тему се од Кина. Сите сме свесни дека се штетни, исто е и со играчките од Џамбо, но мислам дека ова што се објавува по социјални мрежи за Тему пред некое време беше исто за Али - некаков вид на бојкот да не се купува од таму туку да се купува од продавници што ги имаат истите производи но се поскапи. Реално, на ниедна продавница не и одговара да купувате од Тему ако можете од кај неа да ги земете работите поскапо.. поправило кога стана волку активен тему
Сум забележала за Мапет Кидс, облеката им е од Али. Само не сум споредила цени. Може да е и еден вид на притаен бојкот или саботажа како што рече спрема Тему. Ама коа ќе слушнеш вака олово, не знам ти што во предметите и што си викам сѐ дрвено да зеам. .и тоа ќе е лепено со нешто отровно. Само во мисла да сме во денешницава.
Со што играат вашите деца на 2+ години? Барам подарок за втор роденден и за машко и за женско. А за моето, 18+ месеци абер нема од сложувалки со 4 дела што се со рамни рабови, сортери исто не и одат, кругче и квадратче само мести минутка и се нервира фрла. А сама си ги зема да игра не дека ја форсирам. Што можам да понудам за возраста? Сака книги, топки, кукли и мечиња, ама како да и здосадија.
Какви игри и занимации имаат децата во градинка на 2+ возраст, кои книги им ги читаат и со кои активности им е исполнет денот? Прашувам, бидејќи малиот не оди во градинка, затоа ме интересира
Од слики 2-3 пати во месец што пуштаат: - Сликовници - класични, Црвенкапа, Снежана, Пепелашка и слични - Сложувалки дрвени со форми, други со по 3-4 парчиња со животни - сортирање по боја, топчиња, коцки - боење со дрвени, со мрсни - боење со прсти, со темперни и водени тоа или направени форми и како печати со боја да ставаат - поврзување работи, пример типови храна на едната страна, коска, морков итн. На другата страна ставени, куче, зајак итн и храната да ја донесат до животното - имаат дрвена кујна, работилница, па веројатно и сами се заигруваат - рингераја, рам сам сам и слично да танцуваат - надвор кога ќе почнат, најчесто со топки
Da I jas ova go procitav, I zatoa I se evtini tolku so gubre se pravat. Istoto vazi I za proizvodite od ali express. Nikogas nisto ne sum kupila od temu I ali express I nema ni da kupam.
И јас кога прочитав ептен се замислив. Ама реално и по продавниците продаваат производи од таму. Сега порачувам само некои декоративни детали како сијалици ламби за тераса и ѕидни украси за дома. Ама скептична сум за играчките на мали и од било каде купени а поскапи од тему