@Ava.84 и јас купив вакво домино ама од АлиЕкспрес.Мојата е три години и не игра со него.Ги реди плочките како зграда ,една над друга
Какви се тие смоки во боја? И ние сме по турање и претурање периодов...иако дојде зима таа вода сака да претура во разни чаши со различна големина, тањирчиња...не само вода дури и се друго што ќе најде кикиритки, макарони. Нижењето исто...мислам со конец по 3 год. е подобро...сега за сега врвца и исто може на дрвени стапчиња за ражничиња...од едната страна ставаш ластиче или од малите стегачиња и си го држи и си нижи....може и сортирање на перлите да се прави прво. @danichap овие фигурчињава закон се за сортирање по боја. Играње со балон ни е актуелно периодов и многу сака да шлака од шминките мои со прсти....ќе треба со темперни да ја пробам.
Ај некоја идеја за играње,две години сме ,најмногу ја интересираат сложувалки имаме една со 20 бројки веќе ја сложува цела,коцки исто не ја држи многу место за друго играње ќе погра и ќе расфрли по соба. Едино и е интересно претурање од едно во друго ,пример смоки овошје вода да претура ама не о дозволувам . Е сега после неа се е лом ваљда ксј сите е така со мало деца. Повеќе сакам за развој на моторука имамр од они кутии ама ваљда и се здосадени
Браво за момата и сложувалката. На третата страна ја имам споделено сликава и искуство околу игри за занимации на приближна возраст како вашата. Би препорачала нешто во тој стил, добри се за учење на формите. Пластелин, дрвени овошки, стикерчиња, боење...прочитај ги и идеите за други игри наназад, може нешто ќе ви се допадне.
Сум спомнала дека некало боиве и се слаба страна, ги меша ептен а ги знае како зборови сите . И пробав вчера една игра и видов дека барем ги поврзува предмети од исти бои. Човечиња од не лути се, ччашки во боја (оние за редење една врз друга) и и реков да ги става човечињата по боја во чашките со иста боја и ги погодуваше добро а и интересна игра и се виде (барем едно 20-30мин ).
И мојот на скоро две години ужива да претура. Не смее да не и дозволуваш зашто од тоа си има потреба детето. така вежба моторика и развива логика. Наместо смоки и слично ние претураме гравчиња и макарони. Се е лом и од грав не можеме да се дочистиме ама штом дете само сака не му се забранува.
Мојот сам се заигрува така, ама со играчките. Пример црвени количиња на една страна става, па зелена една ќе најде и бара и други исти. Ги сортира. На македонски не ги знае боите да ги каже, на англиски 4-5 бои кажува, полесни му се за изговор веројатно. Интересно со чашките, ќе побарам низ маркети во боја, и ќе пробаме и така. Само имам се уште проблем со ставање во уста, ситни играчки избегнувам, ќе пробам со некои поголеми фигури што имаме. Да искористам да прашам, мајки од Битола кај можат да се најдат играчки како од @danichap дрвени? Неколку продавници за играчки прошетав, има само сложувалки да се редат на место предмети, животни и слично. Не му се интересни веќе.
Мојава пак ги знае како зборови ама никогаш не погодува. Ќе ја прашам која боја е ива, на пр. Црвен предмет, ќе каже сина или зелена, едно време се и беше зелено
@JoyJoy грешка сум се изразила тоа смоки о слично си претура вода не о дозволувам си игра обично кај тв комодата( тоа о е маисчка)па ми е страв дс не ми истури врз некој кабел па беља да направиме ) а друго и дозволувам @danichap фала ги читав и претходноте мислења маме нешто слично со форми и ги фрлив оти еднаш ќе се задавеше од нив не очекував дека ќе го стави во уста оти не беше баш мало од памет ме извади и фрлив се ситниш што имав. Имаме нршто слично со животни да ги мести ама ги знае и досадни и се. Овав ми де виде интересна сп девојчето што е на сликата од каде ви е купена. Боење не ја интересира ,мислам мала е уште , исто со кукли да си правеме муабет не и е интересно мала е о тоа. Заборив и ние неколку бои ги знаеме на англиски од цртани што гледа ама од вчера о го забранив телефонот т.е. го кријам од неа и забележав вчера кога местевме коцки почна да ги реди по боја. Eve ideja i od nas. Posledno na poklon ja dobivme picerijata i se zaogruva tek sega pocnuva sedneme na zemja ja mestime pa pecemw poca zboruvame na telefon i primetiv deka i e interesno.
А што се прави со нив? Не можам да заприметам вака од сликава...можи и дека од тел.. На која база функционираат? Јас и дозволувам со вода, ама малку поголемки сме..едно пола год.....ставам крпа на масичката...ако ја изводени менувам друга....бенефит - добро држење и носење чаша со течност и веќе убаво пие сама без да истура независно дали ја држи чашата со една или со две раце. Значи што и да е убаво е да претура...со различна тежина,густина. За боиве нормално е да грешаваат...мојава основните ги знае...ги згрешава портокалова и виолетова...ама кога ќе ја препрашам и текнува...порано се и беше плава.
Предложете ми што да земам за децава 2г и 8м и 1г и 4м..Дадата сакаше кујна но тоа се понуди баба да купи секоја вечер кафе ми прави торти и сокче ми носи па рече сакала кујна Но сакам по нешто и јас да ги израдувам..Секоја идеја е добредојдена
@alana се прават фигури од нив и се лепат со малку вода кога ќе се навлажнат @danichap ќе каже искуство
@irena.1 во икона ги имам видено во сити мол и Рамстор, цената беше од 800-1000. Јас не сум ги купила уште, му ги порачавме на Дедо мраз