Преинтересно му беше. Си бира лепенка/стикер и му кажувам на кој број да залепи, сам да ги погодува. Цело попладне се занимаваше со ова.
Ве молам мислење измеѓу овие два сета како за почеток и дали би биле доволни околу 60 парчиња. Не би да земам наеднаш голем сет бидејќи со син ми никад не си на чисто дали нештото ќе го сака или не. Или ако имате препорака за некој друг за почеток дајте предлог.
Годинава се решив да делиме честитки, па ја избрав идејата со елка од раче, требаше да биде минималистичка, ама кога ги виде лепенките со дедо мраз, ќерка ми реши да не бидат минималистички. Тука она си ја боеше раката, јас ја стискав на листот. После со темпери и стапче за уши ги натиска "лампионите". После лепенки лепевме како стигнавме. Во план ми беа и лампиони од стапчиња, ама на крај ги споив во декорација за на ѕид. Ми помогна со лепењето. Не дека кој знае колку работа имавме. Еден лампион мозаик, нешто така, се двоумев дали да го сечам и со конче да го закачам стварно ко лампион, ама го оставив како дело за во папка. На 2 наврати лепеше лепенки (кои ги исеков од самолепливи, а и доста ми се делчиња од други сечења што останале, да ги искористиме), бидејќи многу имаше, само што јас ги одлепував, она ги лепеше на листот.
Едно од поискористени играчки по дома. Цело лето ги вртеше магнетниве само не знам точно кои ги имаме, маж ми ги нарачуваше. Ако сака коцки, 99% ќе ги сака и магнетниве.
Многу интересни честитките, да ми кажиш само од кај се стикерите, можам и јас со мојте вакви да направам.
Освен пар сложувалки, уште немам купено играчки за НГ. Од што претерано многу се мислам што. Некоја од овие дали е добар избор?
Од овие мојата со мозаикот, со дупчиња претпоставувам е, со тоа најмногу би играла. Ама убав да се погоди лесно да се вадат пинчињата.