1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Занимливи факти и информации

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mackica1, 15 април 2015.

  1. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Во темава ќе се пишуваат факти и информации воопшто за светот и за случувањата, нешто во смисла на енциклопедија, во чекор со времето и најновите информации. :)

    Мислам дека ќе биде занимлива и информативна. :)

    Баш барав ваква тема, ама не најдов, некако најприкладна ми e за во општи дискусии, ако не е потребна слободно нека лета во канта и тоа од слободни фрлања ако се промаши два пати тогаш останува :P :D
     
  2. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ја отворам темата со еден интересен факт...:)

    [​IMG]

    Уствари коај ќе размислим темава не е за у општи дискусии за у кафе муабети е XD или за у забава, ама ај бидна :D
     
    Последна измена: 15 април 2015
    На Marick14, okcenzi, beatriz и 5 други им се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Постојат околу 9.600.000.000.000.000.000.000.000 (9,6 x 10^ 24) молекули вода во една чаша со вода
    Со три атоми на секој молекул (2 водород, 1 кислород), има повеќе атоми во една чаша вода отколку што има чаши со вода кои би се наполниле од сите океани на Земјата. Оваа споредба не е ни приближно добра бидејќи една чаша вода содржи 10.000 пати повеќе атоми отколку што има чаши со вода на планетата.

    [​IMG]
     
    На okcenzi, Olli28 и mackica1 им се допаѓа ова.
  4. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Најбрзото животно на земјата е гепардот кој достигнува брзина до 120 km/h.

    [​IMG]

    Најбрзата птица е (Peregrin) соколот којa достигнува брзина до неверојатни 389 км/h

    [​IMG]

    Најбрзата риба е сабјарката која достигнува брзина до 130 км/h

    [​IMG]
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски

    Амазонија и реката Амазон
    //

    Заливот Халонг (Виетнам)
    [​IMG]

    Водопадите Игуасу (Аргентина и Бразил)
    [​IMG]

    Островот Чеџу
    (Јужна Кореја)
    [​IMG]

    Островот Комодо
    (Индонезија)
    [​IMG]

    Подземната река Пуерто Принцеса (Филипини)
    [​IMG]

    Трпезна планина (ЈАР)
    [​IMG]

    Нови седум светски чуда

    Кинескиот ѕид
    (Кина)
    [​IMG]

    Древниот град Петра (Јордан)
    [​IMG]

    Статуата на Спасителот Исус Христос
    (Рио де Жанеиро, Бразил)
    [​IMG]

    Мачу Пикчу
    (Перу)
    [​IMG]

    Чичен Ица
    (Јукатан Мексико)
    [​IMG]

    Колосеумот
    (Рим)
    [​IMG]

    Таџ Махал
    (Индија)
    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    На elimkd и SV1911 им се допаѓа ова.
  6. Olli28

    Olli28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Има многу интересни факти на 8fact на Фејсбук. :)
     
    На khaleesi1, cooll и ceca-1 им се допаѓа ова.
  7. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    ^ Интересни факти има да, а со срцево гарант коинциденција било и двајцата да извршат самоубиство, пошто трансплатација на срце било, не на мозок :D
     
  8. Olli28

    Olli28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Сигурно коинциденција....а и можеби до вдовицата да било. :D
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш сте се запрашале колку време би било потребно за да "допреме" до соседната галаксија или до најблискиот сончев систем?

    Најголемата галаксија во групата соседни галаксии е Андромеда (спирална галаксија) оваа галаксија е воедно и најсветлата каде што малтене и не постои темнина поради сјајните ѕвезди што ја сочинуваат, Андромеда е одалечена цели 2.5 милиони светлосни години од нашата галаксија Млечен Пат (светлосна година е единица мерка за должина која се користи да се изразат астрономските растојанија, 1 светлосна год е еднаква на 9 трилиони километри :o impossible mission) додека пак најблиската ѕвезда до Земјата после Сонцето е Алфа Кентаур која е одалечена 4.3 светлосни години, најслична планета на Земјата во тој соларен систем е Алфа Кентаур Бб каде површинската температура изнесува 1200 степени целз. и гравитацијата е 25 отсто посилна од онаа на Земјата што ја прави невозможна за човечки живот.
    Војаџер 1 и 2 се засега најбрзите и најусовршени сонди кои патуваат во универзумот и откриваат нови тајни, на почетокот (1977) целта била да стигнат до Јупитер и Стаурн но веќе во 2013 год. Војаџер 1 е излезен од сончевиот систем и се движи со брзина од 62.136 km/h. (па сега ако ве интересира и не ве мрзи рачунајте кога би стигнале до Андромеда :wasntme: :lol:)

    Андромеда

    [​IMG]

    Алфа Кентаур Б
    [​IMG]


    btw еве линкче ако случајно ве интересира како визуелно изгледаат трилион американски долари :lol:

    http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/2670-kako-izgledaat-trilion-dolari
     
    На SV1911, ceca-1, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Пат околу светот: Интересни факти за Европа кои не сте ги знаеле


    Европјеците сметаат дека ова е одлично место за живеење, но, сепак, постојат толку многу работи за Европа кои не ги знаете. На пример, дали сте знаеле дека кроасанот е измислен во Австрија, дека британскиот музеј изложува само 1 % од целокупната колекција која ја поседува или дека се потребни само 35 минути за да се отпатува од Шпанија до Африка со траект?

    [​IMG]

    Лондон

    Денешен Лондон секому овозможува некој вид забава. За оние кои се заинтересирани за историското и културното наследство на градот, Tower of London е одлично место да се започне истражувањето. Конструиран е во 11 век, а во текот на својата историја неколку пати бил обновуван. Сè уште една од најголемите атракции е менувањето на војникот во Бакингемската палата кое се случува секојдневно.

    [​IMG]


    Пиза


    Прочуениот италијански споменик, Кривата кула во Пиза, исправена е за 2,5 сантиметри после 40 милиони долари вреден проект за стабилизација од 2001 година.

    Порано 56 метри високата кула се накривувала за повеќе од милиметар годишно и сè повеќе се ближеше опасноста од рушење. Во 1993 година нејзиното накривување изнесувало 5,4 метри во однос на 3,8 метри во 1817 година и 1,4 метри во 1350 година.

    Кривата кула во Пиза се градела скоро 200 години.

    [​IMG]


    Берлин


    Културната престолнина на Европа, град кој низ своето постоење бил скоро до темел срушен, но благодарение на трудот на своите жители повторно е подигнат во рекорден рок .

    Кога дошло до рушење на Берлинскиот ѕид, Источниот и Западниот дел се соединиле. Западен Берлин останал урбана градска престолнина, додека Источен Берлин станал собиралиште на слободните уметници кои постепено се вовлекле во старите згради и незабележувајќи ги другите си го живееле животот на сопствен начин.

    Само во Берлин има над 60 божиќни саеми и повеќе продавници за ќебапи, отколку во Истанбул.

    [​IMG]


    Монт Блан


    Врвот Монт Блан е купола од вечен снег и мраз чија дебелина варира од 10 до 25 метри, поради што не може да се одреди точна и постојана висина на планината. Највисокиот европски тоалет е сместен на врвот Монт Блан на 4.260 метри надморска висина.

    [​IMG]


    Барселона


    Антонио Гауди се смета за еден од оние архитекти кој оставил неизбришлив печат во градежништвото на Барселона. Неговата Sagrada Familia, католичката црква, почнала да се гради во 1882 година. Долго време по смртта на архитектот не е завршена. Се проценува дека доградбата ќе трае уште најмалку 15 години. Нејзиното градење трае подолго, отколку градењето на пирамидите.

    [​IMG]


    Брисел


    Во Брисел секаде може да се стигне пешки, ако се зборува за потесниот и поширокиот дел на центарот. Ориентирањето е едноставно, ако имате мапа во џебот. На сите страни на улиците ќе видите луѓе со мапи во рацете кои љубопитно гледаат наоколу и не се срамат да застанат некого и да прашаат кога нешто не им е јасно.

    [​IMG]


    Австрија


    Најстариот ресторан во светот кој сè уште работи е „St. Peter Siftskeller“ и се наоѓа во Австрија. Основан е во 803 година и воедно претставува најстара компанија во Европа. Дури и првиот кроасан е направен во Австрија.

    [​IMG]
     
    На elimkd и SV1911 им се допаѓа ова.
  11. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Сте се запрашале некогаш која боја преовладува во универзумот? :?:
    Ќе ви раскажам една случка од детството :!: во прво одд.на часот по ликовно требаше да го претставиме универзумот по наша замисла, основата ја нацртав со црна боја додека сите други ја нацртаа со сина, учителот го зема мојот цртеж и ми рече дека ќе го додаде во сопствената колекција на цртежи :sun: отогаш бев убедена дека црната боја преовладува во универзумот се до неодамна кога дознав дека всушност најчестата боја во универзумот е за нијанса посветла од беж/крем бојата а во астрономијата го добива називот cosmic latte и изгледа вака: https://mostodd.files.wordpress.com/2011/02/cosmiclatte_jhu1.jpg I quite like it! :nod: 8)

     
    На SV1911, ceca-1, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Интересни факти за пеперутките

    1. Пеперутките може да ја видат црвената, жолтата и зелената боја. Покрај нив, тие може да гледаат и низа ултравиолетови зраци кои се невидливи за човечкото око.
    2. Најбрзите пеперутки може да летаат 5,4 метри во секунда, додека молците може да достигнат брзина и до 11 метри во секунда.
    3. Пеперутките не може да летаат ако нивната телесна температура падне под 30 степени Целзиусови.
    4. Пеперутките се насликани и на Египетските фрески кои се стари 3.500 години.
    5. Има околу 24.000 видови пеперутки, додека молците се многу побројни – околу 140.000 видови.
    6. Пеперутките всушност имаат четири крилја кои се проѕирни. Боите на нив доаѓаат од ситните лушпи (кои личат на прашина), а самите крилја се исклучително чувствителни и можат многу лесно да се оштетат.
    7. Некои видови пеперутки, како на пример Монарх, се преселници и тие во текот на зимата летаат во топлите краеви. Миграцијата изгледа апсолутно фантастично, а патот е долг илјадници километри.
    8.Просечната пеперутка е тешка колку две ливчиња од ружа.
    9. Одредени видови пеперутки произведуваат токсини кои го обесхрабруваат предаторот да се храни со нив.
    10. Пеперутките не можат да преживеат само со нектар. Тие пијат вода од барите кои се полни со неопходни минерали.
    11. Пеперутките се кратковиди. Обично не гледаат подалеку од три метри.
    12.Постојат четири фази во животниот циклус кај пеперутката: јајце, ларва, гасеница и пеперутка.
    13.Пеперутката може да положи од 100 до 4.000 јајца.
    Бонус факт: На секој 14 март се одбележува денот „Научи нешто за пеперутките“.

    [​IMG]
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    1. Најстариот фудбалски клуб е формиран во 1857-ма година и го носи името ФК Шефилд.
    2. Фудбалот е најгледаниот и најиграниот спорт на планетава.
    3. Индиската репрезентација се повлекла од Светското првенство во фудбал во 1950-та година бидејќи не им било дозволено да играат боси.
    4. Голманите не требало да носат различни дресови од своите соиграчи до 1913-та година.
    5. Фудбалерите во просек трчаат по 9,5 километри на секој натпревар.
    6. Повеќе од 1 милијарда луѓе го следат Светското првенство во фудбал на телевизија.
    7. Првиот кошаркарски натпревар бил изигран со фудбалска топка.
    8. Французинот Стефан Станис е човекот кој има постигнато најмногу голови на еден натпревар. Тој во декември, 1942 година постигнал 16 голови, кога неговиот клуб Ленс победил со 32:0 против еден нисколигаш во францускиот куп.
    9. Само во две финалиња на Светското првенство не учествувала екипа од Европа (1930 и 1950 година).
    10. Најмногу навивачи на еден фудбалски натпревар имало во јули, 1950 година, кога на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро, присуствувале 199.854 гледачи. Играле Бразил и Уругвај.
    11. Најмалку гледачи на еден натпревар од Светско првенство во фудбал имало во Уругвај во 1930 година. На еден натпревар од тоа Светско првенство дошле само 300 луѓе, да го следат натпреварот во живо.
    12. Зинедин Зидан никогаш немал офсајд во својата кариера.
    13. Во 1975 година, на фудбалскиот натпревар помеѓу Чиле и Уругвај 19 играчи беа исфрлени од игра
    14. Базирано на видео доказ, најбрз гол во историјата беше постигнат од страна на Рикардо Оливиера во 2.8 секунда.
    15. Ронадлињо еднаш ги постигнал сите 23 голови за неговиот младински тим во кој неговиот тим победил со 23-0. Тогаш имал 13 години.
    16. Во 2002 Оливер Кан стана првиот голман избран за најдобар играч на Светско првенство.
     
    На elimkd, sajonaramucaca и mackica1 им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Браво за темава :clap: Гледам во глобала факти од областа на астрономијата тука, па како љубител на истата, да споделам и јас еден интересен факт за кој прочитав пред некое време :)

    Ѕвезда - џиновски дијамант од 10 милијарди трилиони трилиони карати

    Научниците во вселената го откриле најголемиот дијамант на сите времиња. Овој драгоцен камен има дури 10 билиони трилиони трилиони карати.
    Вселенскиот дијамант всушност претставува огромна грутка од кристализиран јаглерод со дијаметар од 4000 километри. Скапоцениот камен се наоѓа на оддалеченост од 50 светлосни години од Земјата, во соѕвездието Кентаурус. Научниците веруваат дека дијамантот е срцевината на една изумрена ѕвезда, наречена Луси која светела како нашето Сонце. Луси која е позната и како BPM 37093 всушност е кристализирано бело џуџе (топла срцевина на ѕвезда која останува откако ѕвездата ќе го потроши своето нуклеарно полнење и ќе згасне).
    Космичкиот камен ги засенува сите досега најдени дијаманти на Земјата. Најголемиот земски дијамант е најден во Јужноафриканската Република и 546 каратен. Овој дијамант, наречен ѕвездата на Африка се чува во Англија.

    [​IMG] [​IMG]
     
    На Hipica, MysteryMan23, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.694
    [​IMG] [​IMG]
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Помалку познати факти за генијалецот кој што имаше визија за напредок на човештовото, фантастичниот иноватор кој ја победи темнината, неверојатниот научник на кој неправедно му беа одземени признанијата, извонредните изуми го направија светов подобро место за живеење, единствениот Никола Тесла. (без кој фемина немаше денес да постои) :!: :lol:

    * Никола Тесла бил роден за време на молњи и грмотевици
    На 10 јули 1856 некаде на полноќ додека имало страшно невреме и грмотевици бил роден Никола Тесла. Бабицата кога го земала во раце светнала молња а веднаш потоа следувала страшна грмотевица водејќи се по исказите на неговите родители бабицата прокоментирала дека грмотевиците се лош знак но мајката веднаш се спротиставила и рекла "Ова дете ќе биде дете на светлината".

    * Имал неверојатна смисла за хумор
    Тесла бил интровертен и ретко се социјализирал но тие што го познавале тврделе дека бил многу досетлив и поседувал неверојатен сенс за хумор, во една прилика после вечера со писателот Радјард Киплинг тој го испратил ова писмо на близок пријател:

    April 1, 1901

    My dear Mrs. Johnson,

    What is the matter with inkspiller Kipling? He actually dared to invite me to dine in an obscure hotel where I would be sure to get hair and cockroaches in the soup.

    Yours truly,

    N. Tesla

    * Тесла и Едисон биле ривали но не и непријатели
    Едисон е човекот кој неправедно ги "украде" изумите не Никола Тесла, на некој начин ги имал конците во свои раце бил материјално моќен па со тоа имал доминација врз трудот и генијалноста на Тесла.
    Во една прилика додека во еден од американските големи аудиториуми Никола Тесла држел говор за време на говорот го забележал Едисон во последните редови Тесла го свртел вниманието на публиката кон Едисон и предизвикал огромен аплауз и овации.

    * Тесла ја развивал идејата за смартфон технологијата уште во 1901 год
    Тој зборувал за уреди (телефони) кои што ќе бидат практични во секојдневието а ќе ни служат за брза комуникација (пораки) и достапни информации во било кое време (wireless)
    “He was the first to be thinking about the information revolution in the sense of delivering information for each individual user, may have had a brilliant mind, but he was not as good at reducing his ideas to practice" Carlson said.

    * Живеел во хотелска соба
    Никола Тесла голем дел од животот го поминал во во Њујорк а последната деценија од неговиот живот ја минал во двособен апартман во хотелот Њујоркер соба 3327 на триесет и третиот кат.

    * Имал фотографска меморија и страв од бактерии
    Тесла поседувал неверојатна фотографска меморија, создавал слики во неговата имагинација и ги распоредувал во три димензии, никогаш не ги претставувал неговите изуми на хратија се било запишано во неговиот брилијантен ум. Исто така бил опседнат со хигиената затоа што се плашел од бактерии и зарази, сметаат дека пател од хипохондрија. (за жал единственото заедничко нешто што го имам со Тесла) :lol:

    [​IMG]

    " I don't care that they stole my idea...I care that they haven't any of their own" N. Tesla :clap:


     
    На SV1911, Olli28 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. Olli28

    Olli28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Интересни факти за човековиот мозок

    1. Тежината на човечкиот мозок во просек е 1,3 килограми, а големиот мозок сочинува 85 отсто од нив.

    2. Сте се запрашале некогаш зошто после бурна ноќ, потешко размислувате? Мозокот е составен од 75 отсто вода, а кога ќе дехидрирате, на пример поради вчерашното пијанчење, неговата работа е отежната.

    3. Иако мозокот е познат како „сива материја“, всушност поверодостојно би било да се вика „бела материја“, бидејќи мозокот има 60 отсто бела маса, а 40 проценти припаѓаат на сивата.

    4. Разликата помеѓу човечкиот и мајмунскиот мозок е во невроните во деловите на мозокот задолжени за однесување и когнитивни ментални процеси кои се во многу поголем број кај човекот, отколку кај мајмунот.

    5. Во мозокот не се наоѓаат рецептори за болка.

    6. Човекот има најголем мозок од сите суштества, не во апсолутна големина, туку процентуално во однос на сопствената тежина.

    7. Во мозокот има преку 100.000 километри крвни садови.

    8. Во просек, луѓето имаат 70.000 мисли секој ден.

    9. Читањето приказни за добра ноќ на вашите деца не е добро само за да ги заспиете побрзо, туку на овој начин истовремено го поттикнувате и развојот на нивниот мозок.

    10. Децата кои ќе научат два јазици до нивната петта година, ја менуваат структурата на мозокот и во возрасниот период имаат погуста сива маса.

    11. Мозокот е главниот „паразит“ на белите дробови и срцето. Имено, тој троши 20 отсто од вдишениот кислород и исто толку проценти од циркулацијата.

    12. Ако останете без кислород од четири до шест минути, клетките почнуваат да умираат, а после 10 минути, мозокот ќе има трајни оштетувања. После само 8 секунди без кислород, губите свест.

    13. Тврдењето дека луѓето користат само 10 отсто од мозокот, не е точна, бидејќи за секој негов дел е познато каква функција извршува.

    14. Не можеме да се скокоткаме самите, бидејќи мозокот го разликува допирот на сопствената и туѓата рака.

    15. Сте се запрашале некогаш зошто кога ќе помислите дека нешто не е во ред со вас, веднаш почнувате и да го чувствувате тоа во одреден дел на вашето тело? Имено, врската меѓу психата и телото е многу силна, а од 50 до 70 отсто од посетите на лекар се последица на психички фактори.

    16. Староста не е знак на „губење на мозокот“, бидејќи невроните постојано се создаваат, дури и во тој период од животот, но сè зависи од менталната активност.

    17. Генијалноста на Ајнштајн не се должи на тоа дека имал поголем мозок, туку на делот одговорен за математика и просторна перцепција кој бил за 35% поголем од просекот.

    18. Сите луѓе сонуваат, разликата е во тоа што одредени луѓе во одредени вечери ги памтат соништата, други не. Во просек, сите сонуваме од четири до седум соништа, во просек од еден до два часа.

    19. Најдобар начин за да запаметете нешто е да направете асоцијација, бидејќи на тој начин мозокот подобро функционира.
     
    На Someonespecial и mackica1 им се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Интересни факти за традиционалната македонска кујна

    Културата е систем од вредности и токму тие вредности ја прават различна во различни земји и општества. Како составен дел на една култура е и кујната. Па, секој народ може да се пофали со својата традиционална автентична кујна.
    Во 1392 година со заземањето на Скопје под Турска власт за прв пат почнува да се одгледува ориз.
    Пред тоа и византиските трговци го носеле оризот од Азија, меѓутоа не бил одгледуван на овие простори.
    Со Турците доаѓаат и бамјата, модриот патлиџан, дуњата, мушмулата, кафето, чајот, тулумбите, баклавите, кадаифот, скарата која ја имаме и во денешен облик, ситно сецканото месо – што претходно не било случај на овие простори. Најчесто месото се печело на ражен и тоа биле големи парчиња. Па веројатно оттаму доаѓаат и рецептите за полнети пиперки и сарми.
    Во 1492 година со откривањето на Америка од страна на Колумбо, дојдено е до нови пронајдоци во кулинарството како гравот, доматите, тиквата, мисирката и компирот.
    Компирот во Европа не бил добро прифатен како прехранбен продукт, затоа што верувале дека тоа е хтонско, подземно растение кое е дело на ѓаволот, па затоа го саделе по саксиите на прозорите затоа што им изгледало како егзотично растение.
    Доматот до Првата светска војна се јадел исклучиво само додека бил зелен, затоа што се мислело дека откако ќе поцрвени скапува. Во Првата светска војна, гледајќи ги војниците народот сфатил дека доматот може да се јаде и црвен.
    За прв пат шеќерот е донесен на овие простори од Индија и не секој можел да си дозволи дома да има шеќер, таа чест ја имале само повисоките функционери. Потоа се саделе голем број шеќерни трски, цели острови во Америка прекриени со шеќерна трска, и така станале достапни до поголемите маси народ. Било тешко пренослив продукт, па затоа и до неодамна се продаваше во шеќерни коцки, а веќе денес го имаме во кристални зрнца.
    Зејтинот е исто така еден проблематичен продукт за пренесување. На овие простори луѓето не користеле зејтин. Се служеле со свинска маст или пак со шарлатан. Шарлатан е всушност масло кое се добива од сусамот и афионот и служи само за подготовка на салати, не и за пржење.

    Не постои наполно автономна кујна. Материјалите и начините подлежат под влијанија, низ преземања и давања.
    Што е она што една кујна ја прави автентична? – Изборот! Од влијанијата нешто се прифаќа нешто не, и она што се прифаќа подлежи на промени – токму во тоа е оригиналноста во една кујна.
    Размената е непрестаен динамичен процес!
     
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Една тазе интересна вест :D

    Крајно редок природен феномен: 4 виножита над Њујорк

    Една жена од Њујорк по име Аманда Куртис ја имала среќата да го сними најреткото виножито на сите времиња – четирикратно виножито. Нејзината неверојатно ретка фотографија предизвикала голема возбуда кај коментаторите кога станала вирална.

    Според метеоролозите тоа што Куртис го видела всушност се две двојни виножита, но тој факт не го прави овој феномен ништо помалку волшебен. Метеорологот од Националната океанска и атмосферска администрација (НОАА), метеорологот Пол Њумен за Вашингтон пост изјавил дека второто двојно виножито се појавило со одбивањето на сончевата светлина од големата водна површина во близина.

    [​IMG]
     
    На Sunshine.Sunshine, Olli28 и mackica1 им се допаѓа ова.
  20. BestFriends.99

    BestFriends.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    large (1).jpg tumblr_mi52msydJq1rf697vo1_500.png Tumblr-facts-random-31665581-500-375.png
     
    На mackica1 му/ѝ се допаѓа ова.