Зградата Odeon Tower се наоѓа во Монте Карло (Франција) и е втора по големина во Европа (170m) додека најголемата во Европа е Gran Hotel Bali (186m) вредноста на станот кој се наоѓа на врвот на зградата изнесува 387 милиони долари и сеуште е на продажба да си знаете случајно ако сте заинтересирани за купување станче. Оdeon Tower Спојлер: 10-те највисоки згради во светот 10.Zifeng Tower (450m) Кина 9.Petronas Tower 1 и 2 (452m) Малезија 8.International commerce centre (484m) Хонг Конг 7. Shanghai World Financial Centre (492m) Кина 6.Tipei (509m) Tајван 5.CTF Financial Centre (530m) Kина 4.Оne World Trade Centre (541m) Њујорк 3. Abraj Al Bait Clock Tower (601m) Саудиска Арабија 2.Shanghai Tower (632m) Кина 1.Burj Khalifa (828m) Дубаи
Црни Дупки (Black Holes) * Што се црните дупки? Црните дупки се региони во времето и просторот кои имаат толку силна гравитација, што ништо неможе да им избега па дури ни светлината. Се нарекуваат црни дупки затоа што сета светлина се апсорбира во нив и засекогаш исчезннува. Теоријата за црните дупки за прв пат била раработена од научникот Карл Шварцчајлд. * Како се создаваат? Црните дупки се создаваат кога доволно голема ѕвезда го достигнува крајот на животниот циклус и умира. Кога ѕвездата го досегнува колапсот, остатоците од ѕвездата се абсорбираат во мал супер празен простор. Малите остатоци од мртвата ѕвездасоздаваат метрички тони од гравитација. Кога еднаш ѕвездата ќе го достигне Шварцчајлд радиусот големината треба да биде компресира нанадолу со цел да одбегне притисок кој е поголем од нејзината гравитација и светлината и така станува црна дупка. * Што прават црните дупки? Всушност, она што го прават црните дупки е многу едноставно. Тие влечат и вшмукуваат се’ што е пред нив. буквално се’, па дури и светлината е доволно далеку за црната дупка да не може да ја апсорбира, на некој начин светлината ќе биде „заробена“ и ќе се чини дека е замотана околу црната дупка. Ова е познато како гравитационо насочување. * Каде се наоѓаат црните дупки? Црните дупки може да се појават било каде во универзумот. Се додека постојат ѕвезди кои умираат, црна дупка може да се појави буквално секаде. Генерално се верува дека црните дупки се во центарот на повеќето, ако не и на сите галаксии. * Што би се случило ако паднеме во црна дупка? Како што би се доближувале поблиску и поблиску до црната дупка, светлината би била се’ повеќе апсорбирана. Тогаш, кога би стигнале до „хоризонтот на настаните“, односно точката во која повеќе нема шанси за излез од црната дупка, сме ја достигнале фотонската сфера, место каде протоните можат буквално да орбитираат низ црната дупка. Овде, теоретски кажано, би можеле да си ја видиме позадината на нашата глава, бидејќи апсорбираната светлина би се рефлектирала во секој атом од нашите глави, и би орбитирала се’ до нашите очи,.како што би оделе подлабоко и подлабоко, она што би се случило се нарекува „шпагетификација“ xD (иако звучи смешно, ова е навистина научен термин). Претпоставувајќи дека прво би паднале на стапалата, гравитацијата би била толку силна што вашите нозе би се издолжувале подалеку и подалеку од вашата глава се’ додека не се одделат едно од друго. Потоа, логично, умирате.:/ Спојлер: video: travel inside a black hole
Дали и вие сте од оние кои мислат дека во нашиот сончев систем има 9 планети? False, во нашиот сончев систем всушносТ има 8 планети, Плутон is no longer a planet since 2006 Плутон е откриена како планета во 1930 год. но уште во 90-те се дебатирало за тоа дали Плутон треба да се вбројува во планетите поради џуџестите димензии, има дијаметар од само (2,301)км. во 2006 на конгресот на меѓународната астрономска унија за прв пат бил дефиниран терминот планета и според тие параметри донесено е решение да се отфрли од групата планети во сончевиот систем. од тогаш официјално се вбројува во групата на планети/џуџиња. Спојлер: R.I.P Pluto (1930-2006) :'( R.I.P Pluto (1930-2006) btw интересен факт кога сме кај планетите...
Во еден од трговските центри во Малезија има тобоган кој ве води од последен спрат па се до приземје xD cooolll Менхетен / некогаш и сега Дубаи / некогаш и сега
1. Хавајската азбука има само 12 букви. 2. Истанбул е единствениот град во светот што е лоциран на две континенти. 3. Еден октопод има три срца. 4. Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок. 5. Во светот има околу 6.800 јазици. 6. Во данска има повеќе свињи отколку луѓе. 7. Алберт Анштајн никогаш не носел чорапи. 8. Првиот кошаркарски натпревар бил изведен со фудбалска топка. 9. Волт Дизни се плашел од глувци. 10. Кока Колата ќе била со зелена боја да не и биле додадени обојувачи. 11. Ако застанете на дното на некој бунар ќе можете да ги видите ѕвездите на небото преку ден. 12. Ако ајкулите се свртат на грб паѓаат во кома. 13. Библијата е најкрадената книга во светот. 14. Езерото во Хокаидо, Јапонија ја менува својата боја во зависнот од годишните времиња. 15. Неможеш да голташ и дишеш во исто време. 16. Ако човекот ослепи на едното око, губи само 1/5 од видот. 17. Во англискиот јазик не постои збор кој се римува со оринџ (orange). 18. Слоновите можат да намирисаат вода на далечина од 3 мијли. 19. Ако го сопрете кивањето, може да ви престане крв во главата или вратот и да ве убие. 20. Пчелите имаат 5 очи. 21. Познатата пејачка Шакира има македонско потекло, односно нејзиниот татко е пола-Либанец и пола-Македонец. 22. Сите лебеди во Англија се сопственот на кралицата. 23. И мртвите луѓе можат да се наежат.
Интересни факти за машката брада 1.Не е точно дека брадата ќе расте побрзо и ќе стане погуста ако почесто ја бричите. 2. Статистиката покажала дека во споредба со избричените мажи, брадестите се за 38% помалку дарежливи, за 36% помалку грижливи и за 51% помалку весели. 3. Брадата расте повеќе во лето. 4. Научниците претпоставуваат дека мажите за прв пат почнале да ги бричат брадите за жените да се чувствуваат побезбедно. 5. Има три теории зошто еволуцијата на мажите им „дала“ брада: заради заштита на лицето, за избегнување на повреди при пад и за позастрашувачки изглед на вилицата. 6. Дури 98% од листата на најбогати луѓе на светот според Форбс е составена од мажи без брада. 7. Се проценува дека околу 55% од сите мажи на светот имаат некаква брада на лицето. 8. Брадата расте побрзо кога мажот немал секс некое време. 9. Поради зголемената популарност во последните неколку години, бројот на операции за трансплантација на брада на светско ниво пораснала за огромни 600% во периодот од 2008 до 2013 година. 10. Внимателното одржување на брадата се вика погонотрофија.
Во рускиот јазик нема збор за зборот „забава“ или „приватност“. Само во градот Санкт Петербург се наоѓаат 221 музеј, 2000 библиотеки, повеќе од 80 кина, преку 100 концертни сали и голем број на културни институции. Според легендата Русите го избрале христијанството а не исламот бидејќи не сакале да се откажат од алкохол. Германскиот јазик е трет јазик во светот кој најчесто се изучува како странски јазик; Германскиот јазик за малку ќе постанел официјален јазик во Соединетите Американски држави. На Континенталниот Конгрес, оддржан во Филаделфија, за време на револуцијата, дискутирале за тоа кој ќе биде официјалниот јазик во иднината на Соединетите држави, како начин да се прекинат сите дотогашни врски со Англија. Други предложен јазици, покрај германскиот биле францускиот и хебрејскиот. Кога конечно дошло да гласање, англискиот победил – за само еден глас разлика со германскиот; Во Германија има околу стотина замоци! Во некои од нив сеуште живеат аристократски семејства, други се трансформирани во хотели и ресторани, но сепак остатокот е останат како руинирани тврдини. Сите овие носат посебна магија и апсолутно се вредни да се посетат, како една од најубавите атракции во Германија; За да успеете да ги пробате сите видови на леб во Германија, треба да јадете различен вид на леб секој ден во период од една година. Постојат повеќе од 300 видови на леб во Германија;Оваа земја е и најевтиното место каде може да се купи пиво во Европа, но исто така и држава во која најтешко може да се одлучите за кое пиво да го купите. Ова е така поради тоа што постојат повеќе од 1500 различни марки и видови на пиво;
Најстариот човек во историјата? Ли Чинг-Јен бил роден во 1677 година, а починал на 6 мај во 1933 година, што значи живеел цели 256 години. Тој бил билкар, учител по боречки вештини и тактички советник. Самиот тврдел дека е роден во 1736 година, но сепак постојат документирани податоци кои докажуваат дека е роден во 1677 година и дека живеел 256 години. Доколку би било точно и неговото тврдење тогаш би имал 197 години кога починал, така што, и во двата случаи, тој го живеел најдолгиот човечки живот во историјата на човештвото. Ли Чинг-Јен е роден во местото Ки Јианг-Ксиан во кинеската провинција Сичуан. Во 1930 година професорот Ву Чунг-Чие од Ченгу универзитетот открил владини документи на кои имало податоци од 1827 година каде му го честитаат 150-тиот роденден на Ли Чинг-Јен. Потоа, исто така наишол на документи во кои му го честитаат 200-тиот роденден во 1877 година. Неговите соселани раскажуваат дека тој собирал билки по планините уште од десет годишна возраст и исто така учел методи и техники за долговечен живот. Живеел на специјална диета, конзумирал само билки и оризово вино. Така ги преживеал првите 40 години од својот живот, а во 1749 година, кога имал 71, се преселил во Каи Ксиан за да се приклучи на кинеската армија како учител за боречки вештини и како тактички советник. Еден од неговите ученици, мастер Да Лиу, раскажува за својот учител Ли, дека кога го прашал за неговиот долговечен живот тој рекол дека тоа е резултат на фактот што вежбал правилни вежби, секој ден, цели 120 години. Ли Чинг-Јен починал една година подоцна, откако се вратил дома. Некои велат дека починал од природнa смрт, други се сомневаат бидејќи тврдат дека пред да умре им рекол: „Јас направив сè, немам што друго да правам на овој свет, сега ќе си одам дома“. Ли достa голем период од својот живот продавал билки и шумски овошја заедно со другите кинески билкари. Тој за своите 256 години бил женет 23 пати и сите свои жени ги надживеал. По неговата смрт, генералот Јанг Сен го истражувал целиот негов живот и според истражувањата, напишaл извештај за него кој потоа бил објавен. Тој во 1927 година го поканил во неговиот дом каде што е сликана фотографијата. По неговата смрт го напишал извештајот наречен „Вистинскиот документ за 250-годишен стар, но среќен човек“, каде што го опишува како човек со добар вид, брз чекор, два метри висок, румен тен на кожата и многу долги нокти. Магазинот Тајм во 1930 година напиша текст со наслов: „Имај мирен ум, седи како желка, шетај весело како гулaб и спиј како куче“, во кој го раскажува животот на Ли Чинг-Јен, вклучувајќи го и неговиот одговор за тајната за долг живот. ****** Ми паѓа на памет дека е можно да го помешале со некој негов предок кој го носел истото име и создале мит околу целата таа работа... којзнае... Како и да е, интересно.
Школките го менуваат својот пол неколку пати во животот. Еден вид на жаба, кога е загрозена, исфрла отровна стрела која содржи отров доволно јак да повреди околу 2.000 луѓе. Ајкулите се имуни на речиси сите болести познати на човекот. Кокошката и рибата се единствените животни кои ги јадеме пред да се родат и откако ќе умрат. Мравките никогаш не спијат. Исто така, тие немаат бели дробови. Морските ѕвезди немаат ниту срце, ниту мозок, ниту очи. Познатите китови убијци всушност не се китови, туку посебен вид на делфини.
https://instagram.com/zanimljive_cinjenice/ Имам инстаграм и ја го пратам овој профил. Интересен е, има интересни факти. Би издвојли неколку интересни: -Луѓето кој патат од депресија се чувтсвуваат подобро откако ќе изедат банана. -Првото селфи е снимено во 1920 година. -Јапонија е најсигурната земја во светот. -Ако одете на спиење после учењето ќе запамтите повеќе.
За болдот.... Не знаел што зборува, 300 години имал.... Па стварно немал друго што да прави, сигурно се пробал во тие 256 години иако веројатноста е мала дека постоел некој ваков човек.
1.Професорите со досаден приватен живот даваат повеќе домашни. 2.Зеницата во окото се шири 45% кога ја гледаме личноста која ни се допаѓа.
Еве неколку и од мене , се извинувам ако некој претходно ги објавил истите 1.Пеперутката чувствува вкус со помош на своите нозе 2.Просечната жена во текот на својот живот минува 76 дена барајќи нешто во својата чанта 3.Постои голема веројатност дека луѓето кои зборуваат сами со себе имаат повисок IQ 4.Луѓето кои пишуваат со десна рака најчесто ја џвакаат храната на десна страна, а леваците ја џвакаат на лева страна 5.Полжавот може да спие цели 3 години
Штотуку прочитав дека кога ќе го исфрлиме кофеинот ќе имаме позитивни придобивки, како повеќе енергија, полесен сон, подобро расположение, подобра столица Сериозно, јас го откажав и стварно подобро се чувствувам.
Факти за човечкото тело 1.Човечките прсти се толку чувствителни, што доколку би биле големи како Земјата, би можеле да ја почувствувате разликата помеѓу автомобил и куќа. 2.Кога бремена жена би имала срцев удар или друг вид на оштетување на некој орган, фетусот праќа матични клетки за да му помогне да заздрави. Жените кои претходно биле бремени покажуваат невролошка заштита од одредени болести. 3.Во просек вкупната должина на крвните садови во човечкото тело е 96.500 километри, што е доволно да се обиколи светот два и пол пати. 4.Човечкото око е толку чувствително, што ако Земјата е рамна можете да забележите запалена свеќа оддалечена 50 километри. 5. Нервните импулси патуваат до и од мозокот со брзина и до 250 милји на час, побрзо од тркачки автомобил на Формула 1. 6. Кога ќе се вцрвените, слузницата на желудникот исто така се вцрвенува. 7. Човечкиот мозок може да прочита 1000 зборови во минута. 8. Во Вашиот папок има илјадници бактерии кои можат да формираат екосистем голем како џунгла. 9. Кога сме вљубени, мозокот го ослободува истиот коктел на невротрансмитерите и хормони кои ги презвикува амфетаминот. Ова доведува до зголемување на отчукувањата на срцето, губење на апетитот и сонот, како и силни чувства на возбуда. 10. Можете да ги видите ултравиолетовите зраци, способноста е само филтрирана од страна на леќите на окото. Некои луѓе поминале низ операција за отстранување на леќите и можат да детектираат ултравиолетова светлина. 11. Возрасен човек е составен од 7,000,000,000,000,000,000,000,000,000 (7 октилиони) атоми. Додека пак има „само“ 300.000.000.000 (300 милијарди) ѕвезди во нашата галаксија. 12. Нашите мускули се всушност неверојатно помоќни. Човечката сила е ограничена за заштита на нашите тетиви и мускули. Ваквото ограничување може да се отстрани за време на адреналин, при што некои луѓе кревале карпи, па дури и автомобили. 13. Луѓето се најдобрите маратонци на планетата. Тие можат да трчаат подолго од било кое четириножно животно. Пред илјадници години луѓето го пркале пленот се додека не падне од замор. 14. Косата од една глава може да издржи тежина од 12 тони. 15. За 30 минути човечкото тело може да зоврие 4 литри вода. 16. Имаме иста количина на влакна на нашето тело како шимпанзо. Повеќето од нив се бескорисни и толку светли што се невидливи. 17. Атомите кои го сочинуваат човечкото тело денес се истите атоми што се формирале во текот на Големата експлозија пред 13,7 милијарди години. 18. Човечка коска е силна како гранит. Еден коска со големина на кибрит би можела да издржи девет тони тежина. 19. Ако човечкиот мозок беше компјутер, би можел да изврши 38 илјади трилиони операции во секунда. Во светот најмоќниот суперкомпјутер, BlueGene, може да управува со само 0,002% од тоа. 20. Мускулите за фокусирање во вашите очи се движат околу 100.000 пати на ден. За да им го овозможите истиот тренинг на мускулите на нозете, ќе треба да одите 80 километри.