Well... по филозофирањето и фантазирањето во СДК, активноста повеќе во релаксирани теми, со ретко и трпеливо вмешување во по некоја озбилна дискусија. И по љубовта кон Италија најверојатно
Хммм... по креативноста и мудроста низ постовите, применувањето на македонската стандардна јазична форма, изолираноста од неосновани расправии, дистанцираноста од актуелни теми и дискусии со нагласени препирки и наметливи убедувања како и константноста во изборот на аватарот, најмалата птица на светот, воедно и најомилена, колибри.
Запамтете ме ако сметате дека сум оставила трага зад себе, без разлика дали е добра или лоша. Ако не, спокојно оставете ме во заборав
Запамтете ме како еден ентузијаст кој повеќе ги почитува грешките на ентузијастите, отколку рамнодушноста на мудрите.
По тоа што ако ја изневерите мојата доверба и искреност ќе ви станам ноќен кошмар. Или можеби веќе сум ви.
Исто како Раф. И плус ако ме нападнете,ќе ви вратам десет пати потешко. И по тоа што постојано ќе ви кажувам дека не сте во право.