1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запишување право на сопственост

Дискусија во 'Правни совети' започната од vale.t, 29 април 2015.

  1. vale.t

    vale.t Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво ,
    имам еден проблем би сакала да го споделам со вас доколку можете да ми помогнете
    Имаме имот со незапишано право на сопственост, направивме геодетски елаборат и поднесовме барање во катастар за да се запише право на сопственост. Објавено е на страницата за проверка , дека позитивно е решено , меѓутоа кога отидов и извадов имотен лист сметајќи дека се е во ред пошто е објавено дека е позитивно решено, видов дека во имотниот лист е впишано само градежното изградено земјиште, но не и објектот,т.е. куќата. Се обратив кај геодетот кој го работеше предметот ми кажа дека градежните објекти не се совпаѓале со старите мерки и затоа не ги впишал. Дека има измени од снимањето во 1963г.Точно е дека има некои измени, има некои доградби таму кои не се легализирани, меѓутоа старите објекти се совпаѓаат . Тоа е и назначено и во елаборатот.Кога го пршав што треба да правиме ми рече дека требало да се легализира се, целиот имот ,и повторно да се прави елаборат за легализација. Ова ми е несфатливо, јас колку Што знам , се легализираат само објектите кои не се легализирани а не СЕ. ПрашаЊето ми е како се врши запишување право на сопственост, што може да влезе во имотниот лист , зошто не може да се внесе објектот кога делумно се совпага со старите мерења, зарем не се внесуваат легалните објекти, додека бесправно градените се впишуваат во евидентен лист според член 159 од законот за катастар на недвижности , и како треба да постапиме . И уште тоа,
    како може да го објават дека е позитивно решено барањето, кога од друга страна како што велат не се совпаѓа делот за објектите,како може да се запише само градежното земјиште.
    Ве молам доколку имате некои сознанија околу ова ако сакате да ми појасните, зашто ништо не ми е јасно.
    Благодарам
    Поздрав , Тина

    vale
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Здраво Вале, работам на Легализации па можам да ти помогнам. Со изложувањето се поднесуваат и документите за куќата, не е така едноставно. Не може со изложување на земјата да се запише и куќата, различна е документацијата ;)

    Сега да запишеш легализација не можеш, доколку имаш документи за куќата спроведи си го изложувањето и за куќата, но мислам дека чим не ти го спровел геодетот не можел да се спроведе едноставно, немаш изгледа доволно документи. Треба да имаш документи за платени комуналии во општина, треба да имаш документи за платени комуналии, уплатници, договори, триста работи, а ако ги имаш појди си повторно кај геодетот да си ја доврши работата. Малце се праат чукнати, нека не ти е чудно ;)

    За легализација она што ти е нелегално ќе си поднесеш барање кога ќе биде новиот бран, се најавува нешто ама нема уште ништо почнато.
     
  3. vale.t

    vale.t Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Благодарам што ми се обративте, меѓутоа не се работи за легализација туку за запишување на право на сопственост на куќата заедно со дворното место , таа куќа е стара еден век , и си има поседовен лист во катастар, порано нели имало поседовни листови, си има и квадратура пишано и за земјата, и за куќата и се, е сега треба да правиме делба на имотот по смртта на баба ни, и кога побаравме да ни издадат имотен лист ни кажаа дека требало да запишиме право на сопственост заради снимањата кои се вршеле во 2010г. Куќата си е легализирана . Правени се и неколку оставнини , значи мора да имало документ-имотен лист за да можеле да вршат оставнина после нечија смрт.Е тоа што има нешто доградувано од страна на еден од сопствениците тоа не е легализирано, и в катастар ни велат дека заради тие доградби не можеле да ја внесат и куќата во имотниот лист, дека требало нов елаборат за се да се легализирало. Не можи нешто што веќе еднаш е легализирано да се легализира повторно, јас имам блиски кои имаат доградби на куќите и само тие доградби си ги легализираат , а не се. Геодезите ги прашавме дали им требаат документи ни рекоа дека не им требало ништо, а и им кажавме да не ги внесуваат доградбите, ни рекоа дека морале да снимаат и да внесат се, а в катастар ке си виделе сто треба да се записи како право на сопственост.В катастар ни кажуваат друго,и ни велат дека немале техничка документација за куќата, ако немале како претходно во поседовниот лист се внесени сите тие податоци, и врз основа на нивна документација е изработен елаборатот. сега кој е во право , и каква техничка документација им е потребна, па никој ништо не објаснува, и дали геодетите што го работеа елаборатот треба да ги отфрлат тие доградби, се да си биди по старо.
    Ве молам бидете љубезни дадете ми совет како да постапам ,
    Ви благодарам
     
  4. vale.t

    vale.t Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Благодарам што ми одговоривте, ама ова испадна многу комплицирано.како што кажав претходно куќата е стара повеќе од 100 години, во општина ни кажаа дека куќи кои биле градени до 68 г. не требало да се поднесува барање за легализација затоа што биле стари градби.А овие в катастар ни побараа елаборат за запишување право на сопственост, што и го направивме, па сега ни велат требало да се легализира куќата , да се правело ново снимање и нов елаборат. Јас навистина не знам каков е овој хаос.
     
  5. Aleksandarreal

    Aleksandarreal Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Машки
    zdravo , iam prasanje ... Me interesira koja e postapkata , za kupuvanje na stan od investitor... Tie dogovori , kupoprodazen , imotni , notari , so sve treba da se vodi procedurata i kako ide toj danokot za kupuvanje ? Falaa :)
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    @vale.t искрено ние легализираме и куќи постари од 100 години, требало да си поднесете барање на време ама тоа е што е. Многу е комплицирана постапката. Ако сте поднеле барање за легализација немало да има потреба од правење дупло елаборати. Постапката за изложување е многу скапа ако ја правиш приватно. На времето катастар излегле на терен и запишале се што е куќа и парцела, врз основ на тоа дале пописен лист со незапишани права. Се што требало е во рок да се јавите во катастар и да однесете документи за да ви запишат во имотен лист сопственост, но не сите излегле тогаш на излагање. Да бидеме реални, не се одзиваме на секоја покана за во некоја институција, тргам и од свекор ми и дедото, не отишле во катастар па имаа проблем исто ко вашиот. Се најавува следен бран барања за легализација, така да ќе можеш да поднесеш и да си легализирате по едно евро квадрат. Не секогаш законот е јасен, не секогаш останува таков до крајот на процедурата.

    @Aleksandarreal за ова сигурно имаш тема ама ајде ќе ти одговорам овде ;) Сепак сосема различна проблематика е. Најчесто инвеститорите продаваат стан со учество за што добиваш лист за предбележување на сопственост, нешто ко имотен лист, но тој го добиваш дури откако ќе го исплатиш целиот стан. Потоа си плаќаш на рати или пак со кредит од банка, во зависност од договорот со инвеститор, но учеството е присутно кај речиси 90% од инвеститорите. Се прават договори, преддоговори, анекси, во зависност од потребата така да во правна смисла сега се сите покриени, нема веќе превари како порано. Сите договори се водат кај еден адвокат, односно нотар и со тоа си исто така заштитен од правен аспект. Данокот се плаќа на крај во Град Скопје, барака 16 :P и изнесува 5% од вредноста на станот по кој си го купил кај инвеститорот. Најчесто целата процедура ја води самиот инвеститор, ти одиш на договорени состаноци во банка, кај нотар, во Град Скопје и за купувач е прилично едноставна процедурата.
     
    На Aleksandarreal и FridaKahlo им се допаѓа ова.
  7. Loni1952

    Loni1952 Нов член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Кога сме кај инвестоторите, јас имам едно прашање од областа на градежништвото: дали инвеститорот на стамбен објект може да даде објава за вселување пред да поднесе извештај за извршен технички прием на зградата, во надлежната општина?
     
  8. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Имам комплициран проблем , мојот дедо се тужеше со неговата сестра за кука што предходно не беше внесена вкатастар , и судски го доби случајот , но во мегувреме дедо ми почина . Татко ми си плати( тој ги брка данок во општината , си го однесе целокупниот предмет кај геодет да му направи геодетски елаборат, и во геодетскиот елаборат пишува ПОДАТОЦИ ЗА НОСИТЕЛОТ НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ -:ИМЕТО И ПРЕЗИМЕТО ОД ТАТКО МИ ( Не од дедо ми ) .
    Моето прашање е на кого ке се внесе во катастар на име од дедо ми или на име од татко ми ?
     
  9. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски

    Ако го пишува името на татко ти, значи на негово име ќе се внесе во катастар. Претпоставувам читаш во образецот -Предлог нова состојба.
    Како што е таму, баш така исто ке изгледа имотниот лист.
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Да , али во катастар на татко ми му побарале извод на умрени од дедо ми .... Па се мислев како можи така
     
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    пиши ми лп ако сакаш
    пиши ми лп ако сакаш
     
  12. mari4e.19oo

    mari4e.19oo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    10
    Здраво, едно прашање може не е за тука , ама па може некој знае. Комшијата ни го затвара заедничкиот пат и прави нов пат на кој се обидува присилно да не натера да го користиме. Меѓутоа патот нов не сака да ни го препише и нема доволна ширина? Колку би требало таа законски да изнесува?
     
  13. VMP

    VMP Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    51
    Не знам како да постапам. Имам стан кој беше купен со соинвеститорска спогодба во времето кога подрумот автоматски одеше со станот. Се знаеше: тој стан го има подрумот број тој и тој. Во примопредавањето, покрај станот, го примив и подрумот, што убаво стои во документот што, покрај елаборатот (во кој има и скица на подрумот) го приложив кон барањето за изложување. Додека станот не беше изложен, стоеше - сопственик непознат, но беше внесен и подрумот. сега добив имотен лист во кој подрумот го нема. Од моментот кога го примив досега не ми паѓање на крај памет дека тоа може да биде проблем. Знам дека никој немаше таков документ, но оние што го земаа станот преку Заедницата за домување, отпосле добиваа потврда дека со станот одел подрум. Ние што ги купивме со соинвеститорска спогодба, немаме каде да земеме потврда бидејќи градежната фирма е под стечај и велатЧ донесете потврда па ќе ви издадам. ако ја имам, нема од него да ја барам. Таму е ионака тотален хаос, ако сеуште има и хаос. Имам документ според кој се гледа дека при примањето на станот примив и подрум кој си го користам сосема нормално повеќе од 25 години. Може ли некој да ми помогне ?
     
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    дали може да направиш договор за поклон на недвижност ама да не го пријавиш во катастар?
     
  15. Resident Evill

    Resident Evill Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Здраво, би сакала да се информирам а воедно и некој совет да добијам во врска со земјиште кое долги години го користиме, преку 30 години, порано се водеше како црковно и ни беше дадено на користење од црквата но сега веќе е под државата и го водат како зелен појас. Не сме сопственици но би сакале да станеме па ме интересира како оди постапката од нула до стекнување на сопственост/легализација. Дали е возможно тоа? На земјиштето нема градба, користено е како градина, блиску е до нашата куќа меѓутоа на друга парцела.
     
  16. Ale10

    Ale10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    100
    Ако не е градежно земјиште, не може да се откупи.
     
  17. Elena-Des

    Elena-Des Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Здраво, имаме имотен лист од дедо ми на кој е пишан со корисничко право, а сопственост на Р.Македонија. Не можеме да најдеме тапии, договори. Ни викаат дека е потребна оставинска постапка да се направи за да се распредели помеѓу татко ми и неговите браќа и сестри. Прашањето ми е како ќе може да се стекнат со право на сопственост само доколку дедо ми е впишан со право на користење?
     
  18. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Откако се направи оставинска постапка може да се поднесе барање за приватизација, мислам дека се продолжени роковите.
    Доколку по тој начин не успеете, тогаш откако се направи оставинска постапка ќе треба да поведете граѓанска судска постапка за утврдување на право на сопственост по пат на одржувачка.
    Трето да видите од катастар да извадите историјат на недвижниста па да видите како се движела сопственоста за да видите каде би можеле да го најдете правниот основ, и да пробата директно да ја упишете.
     
    На Elena-Des му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh најава за легализации наскоро?
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.767
    Пол:
    Женски
    Има најава, ама не знам дали воопшто некој ќе поднесе зошто не е по 1 евро туку редовна комуналија плус 50 % казна за тоа, значи ако редовна комуналија е 100е ќе биде 150е од квадрат. Уште нема ништо. Мое мислење е дека ќе има уште еден рок за легализација по 1 е, ама само мое лично мислење, не најава. Засега нема поднесување барање, ниту елаборати да се достават тие што не доставиле на време.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.