Која е разликата помеѓу право на сопственост и сопственост. Имено после купување на стан, тоест откупување на една половина, носителот на имотниот лист е ок, сменето е,ама стои само сопственост. Од нотар требаа да се јават, ама не де јавија уште.
Нема разлика, штом на имотен лист стои сопственост нема што понатаму. Не разбирам за нотарот за што да се јави? Откако ќе се спроведе купопродажбата по договор се, нотарот испраќа податоци до катастар и се прави промена во имотниот лист. Ако е купена една половина од станот тогаш значи дека сопственик на другата половина е некој друг и уствари двајцата запишани во имотниот лист се носители на правото на сопственост на идеална половина од станот односно се сосопственици. Единствено е што ниеден од сопствениците не може слободно да располага со својата идеална половина се додека не се спроведе физичка делба и половините не се определат реално.
Може ли некој на најпрост начин да ми објасни што е разликата меѓу Сопственост и Право на сопственост? Барав, читав, проучував ама никаде не е напишано кратко и јасно за да сфатам
Мислам има разлика врз основа како е стекнато. Сопственост ако си го купил, а право на сопственост ако си го наследил или има зедничка сопственост . Ова е мое мислење, би сакала некој правно да појасни.