Секој нека си збори за себе. Инаку тоа запознавање ми било некако мистериозно. Не сум била никогаш за, и затоа порано додека имав фб имав одвај 100 пријатели, дури и тие ми беа многу. Тоа беа луѓе кои навистина многу добро ги знам уште одамна. Така што од старт "сечев". Сум имала таков став во врска со тоа па затоа и не дозволив фб да ми се полни со "пријатели" кои никогаш во животот ги немам видено, а ќе ми пишуваат на секоја минута. Како и да е фб никогаш не ми претставувал некоја сериозна "институција", па затоа и го избришав. Многу подобро е запознавање во живо од причини што сите многу добро ги знаеме, да не се повторувам.
паа да баш така и јас така се чувствувам ко че видам некој занесени деца со лајкчињаа до бескрај јас се чувствувам отфрлена како машките да не ме забележуваат а дека бендисувам некој бендисувам ама и јас незнам како да започнам муабет незнам шо да пишам пример...и се нервирам премногуу
Колку што е добро толку е и лошо.Можеби има некој позитивни страни по повеќето се негативни страни.Зошто мора запознавањето да биде преку ФБ?Како порано се запознавале во живо?Како нашите родители се запознале..да не се запознале преку фб,мсн,мирц,скајп и други триста глупости. Луѓето во тоа време се биле по комуникативни,се знаеле во секоја тема на разговор да влезат и да кажат по нешто.Како што вели мајка ми,,Од нон-стоп седењто на фејзбук,заборавивте да разговарате,да прочитате по некоја книга плу...,, И тоа е баш така! Сосем на место и е тоа кажано...Едноставно сме станати зависни од фб,со секое станување прво што правиш го уклучуваш лап топот и ги проверуваш твоите новости...ЛОШО!
И јас не верував дека може да постои таква врска, пред се повеќето што не ги познаваш се такви колку за забава. Имав такво искуство, беше убаво колку што траеше.
јас сум ЗА , баш би сакал да се запознам со некоја од фб па ако се погодиме слишни во некои работи тогаш зш да не и во живо, али не со секоја.
Незнам за машките.. ама јас пред едно месец дена се запознав со девојче на моја возраст Го иамав повеке врема за пријател ама си немавме пишано и така ми изгледаше ко добро девојче и не сум се излажала Ја прва и пишав и ми врати се запознавме и така сеа цел месец веке се допишуваме на фб секој ден и скоро секој ден се глеаме на скајп ии така од различен град сме ама блиску сме И многу сме блиски она ми кажа се за неа и ја на неа исто и така сеа си договараме средба за у живо пошо сме од различен град ии незнам за машко или за поголем аа на моја возраст девојче зашо да не
Да ве прашам за мислење Никогаш во живот мислам не сум запознала некој преку фејсбук...таков човек сум, сите што ми се пријатели ги знам лично и имам нормален муабет со нив..дури и избришав доста...едноставно така сакам да ми биде и тоа е тоа. Но гледам доста запознавања и другарства и врски во последно време биднуваат преку фејсбук.. Да не должам, да преминам на главното. Ме имаат аднато многу луѓе, не ги прифаќам секако, но еден пред 2 дена ме додаде, му го манијачев малце профилот (обично ни тоа не правам, само гледам дека тој што ме додал не го знам и го оставам) и вакс нормални слики, симпатичен така дечко, нема многу лајкови, што ми се допаѓа...ама не му пишува ни каде студира ни дали студира, ништо..ни заеднички не знам дали имаме.. Да го имав во живо видено некаде или да го знаев вака од негде, немаше да се двоумам, ќе го прифатев... Дали да го прифатам без разлика на ова, па ако пише некад уз муабет да дознаам што како..или пак да му пратам порака "се знаеме?" али глупо ми е малце....или нешто друго... Помош?
Може, зошто да не. Сум запознала многу врсници преку фб.И не е тоа никакво зло, ниту опасно се дури не претераш и не дозволиш премногу да ти влијае во животот.
иам акаунт како да сум од германија на фб пишуам на девојчиња дека доагам тука само заради некој тендер у телеком на месец дена (дека барам другарчиња да ми ги покажат убавините на оваа егзотична држава)...остатокот е историја тоа со е потребно е да знаеш германски и сите врати ти се отворени (ако после те сретне некаде прај се мутав, помага додека си германец да носиш одела само, а кога си македонец дуксери/ја тоа го праам никад не носам иста облека знам дека изгледа скапо ама се исплати верувајте)
Па зошто да не..пред некое време се запознав со еден преку фб,излеговме неколку пати па еве сега дечко ми е
девојки ја сум нова и ми се погоди темава да ве прашам за мислење.почнав да се допишувам со еден дечко и он упорно сакаше да се видиме ме молеш на почетокот го одбивав но послем прифатив.и коа отидов бидна еден проблем незнам дали намерно го направи тоа или
Ауу јас пак се тресам од страв така со некој кој прв пат на фб сум го видела,па уште сама да се среќавам со него??Никогашш...неможам да се осмелам да направам такво нешто,а многу пати сум се наоѓала во таква ситуација некој да ме притиска со сила за да се видиме ама за жал никако не успева да ме убедиИ затоа често не комуницирам со сите на фб.Страв ми е, од каде да знам каков тип се крие зад сето тоа,има секакви манијаци.
A што е поразлично од запознавање на 5 минути во дискотека? И размените броеви и ве покани следниот ден на кафе? За 5 минути знаете дали е манијак? На ФБ се запознавате, реално сфаќате каков е на кафе кога ќе отидете. Така што, јас сум за
Се уште не сум била сведок или не сум се нашла во ситуација како во филмовите, кога седам на шанк и ми приоѓа некој згоден тип и ми вика имаш неверојатни очи или нозе или не знам што... па ајде да се запознаеме. Ви се има вас нешто вакво случено. Кое машко е доволно храбро да и пристапи на девојка и да ја праша да се запознаат ? Според мене никое машко. Исто како и ние женските и тие стравуваат од тоа да не бидат одбиени, можеби затоа фб е подобра опција. Позгодно би било некој на фб да го блокираш или да го игнорираш, од колку во живо да почне да ти се додворува, а ти да не му прозбориш.
Грешка си, сум се пуштал на женски по клубови и немам никаков проблем со тоа. Искрено полесно ми е така. На фб ич не ми е згодно. Побогу, како би било возможно да пишана комуникација е подобра од вистинска. Кога збориме за зезање и шмекање говорот на телото е битна работа. Додај на тоа и алкохол, сфаќаш дека во живо е сто пати подобро.