1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запознавање на фејсбук, да или не?

Дискусија во 'Сингл' започната од Inna15, 28 март 2011.

  1. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Јас не би. Ризик е, од каде да знам со кого си имам работа. Се и сешто може да ми каже за себе а вистината да е сосема поинаква. Не би се осмелила туку-така да закажам состанок со некој сосема непознат тип со кој сум стапила во контакт преку социјална мрежа.
     
    На twilight123 и hermosa им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Мене пак сите блиски другари и другарки преку фб ги запознав. :?:
    Па и во дискотека не ги знаете какви се, може се киднапери, серијски убијци.:wasntme:
    Ист е ризикот, само на фб ќе си внимавате повеќе, пред се од лажни профили и добро разработени лажни профили.
    Не е ништо срамно, според мене.
     
    На honey.11, ванилала, BoyL и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Јас имам на некој начин запознаеме и другари/другарки и дечко на фб.
    Меѓу тоа се работело за луѓе со кои сум имала заеднички пријатели или се знаеле со мои пријатлеи/роднини па не ми биле баш скроз непознати.
    Инаку сомнителни профили не прифаќам, ниту пак некогаш би прифатила да се видам со некого за кој ниту сум видела, ниту чула ниту пак некој мој близок.
     
  4. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Јас не сум за запознавање преку фб ако не го знам претходно ,вака претходно да го знам и на фејзбук да се збилжиме тоа е друго ,како и да е никогаш не прифаќам на фејзбук некој што не го знам .
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.574
    Допаѓања:
    12.773
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е ова баш поврзано со темава, ама ваков е случајот: Сакам да се запознаам со машко на фб, како да почнам, знам тоа, ама после како да сум во другарски контакт со него, а да не сфати погрешно, дека за друго зборувам со него, само за другар, па после следи тоа ако сум во што поблизок контакт со него ќе се дружиме и ќе се запознаваме повеќе, можеби и ќе бидеме повеќе, а може и не, само другарски однос да имаме. Потоа да ми кажете како да го заведам на машко? Како да дојдам да излезам на кафе со него? Значи, јас премногу сакам да имам барем некој од машка страна другар да ми е, ако не дечко. За други лица знам да ги советувам ама самата што е најстрашно, незнам, ми треба некој искусен за оваа работа.
     
  6. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Ја сум за да сум запознала многу другари и другарки и со вереникот се запознавме преку фб
     
    На star83 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Барем ова е лесно. Секогаш сум наоѓала теми за разговор, гледајќи мои објави (линкови, статуси) тие почнувале разговор со мене коментирајќи некоја од објавите па разговорот се проширил, или обратно, кога јас ги гледам нивните објави и некоја од нив ми го задржува вниманието за дискусија. Добро е прво да се почне разговор за нешто заедничко па тоа само по себе ќе си повлече други теми. Ако комуникацијата добро ви тргне, нека продолжи. И ако се зближите, можеш да предложиш да се видите. :)
     
    На Billy Idol, crazylady и Sweetlove_0312 им се допаѓа ова.
  8. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Па пристапи му прва, јас сум секогаш за тоа ако девојче има симпатии спрема некого да пише прва. Нормално тоа пишување не треба да биде нападно или досадно, не поднесувам ни мажи кои се упорни и досадни. Пиши му најобично здраво, како си и муабетот верувам дека спонтано ќе си тече, заеднички познаници, музика, книги, филмови итн. Не мора да му спомнуваш љубов, дечковци и такви работи.
    Aко му се допаднеш ти и муабетот со тебе верувам дека тој ќе те покани на кафе.
    Се на се немој да ја форсираш работата и да се оптеретуваш
     
    На Sweetlove_0312 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.574
    Допаѓања:
    12.773
    Пол:
    Женски
    Да знам дека е лесно ова, најпрво што правам кај запознавањето преку фб е да го анализирам поголем дел од профилот, поточно информации за него, слики негови, дали е во врска и сл. потоа почнувам да му пишувам обично здраво и зависно од него, ако враќа, ако не враќа ќе го оставам, а ако ми враќа со убав начин ќе продолжам, ама можеби знаеш какво е чувството, кога ќе отвараш со возбуда порака негова, верувам дека 90% од женските се такви на почеток т.е мене ми е лесно на фб ама тука има проблем што во живо ако се сретниме и на пример да одиме на кафе тоа ќе ми е прв пат, и затоа многу срам имам, а ако повикам другарката што ми е како најблиска, (знаејќи ја дека може да ме посрамоти), поубаво е и да не ја викам.. Овде сега ќе пишувам ако прифати и каква е состојбата па ќе ми си како советник, ако ти одговара?
    И за тебе истото важи од погоре, ако не ти е проблем да ме советуваш,ама ќе пишам ако треба, инаку и јас сум таква,почесто прва почнувам и не ми е гајле кој ќе почни прв, за мене не е тоа толку важно, важното е само како ќе се однесува тој и каков впечаток ќе остави со пишувањето, за да знам дали ќе е правилно да останам во контакт со него или не.
     
  10. star83

    star83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    240
    Запознавање преку ФБ, да.
    Зошто да не се запознаат двајца млади. Има без број случаи каде се запознале двајца и на крај се зеле. Тоа една врста на современа комуникација и зошто да не се искористи.
     
    На hermosa и crazylady им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Хм. Не ми е поентата баш само за Фејсбук, но не најдов поопшта тема, па ќе пишам овде. Мислам дека добро би било да се прошири темата како запознавање онлајн, а ако сепак има таква - нека ми го преместат постов.

    За жал, посебно постарите во улога на родители и роднини имаат тотално генерализиран и престрашен поглед кон ова. Сметаат дека таму зад екран најчесто се кријат опасни, сомнителни личности, манијаци со намера да искористат. Луѓе, сите тие трилери и хорор филмови со страотни приказни околу оваа тематика, во кои обично секако во стапицата паѓа девојката, се далеку од големата слика и колку што во некоја мера се вистина и реално предупредување, толку и уште повеќе се комерцијала, сензација и со цел да шокираат.
    Секако, не велам дека е нормална ситуација млада личност (посебно малолетна) да се занесе на пример во идеја без знаење на родители да оди кај скоро запознаена „љубов“ од социјална мрежа во странство. Претпазливоста секако треба да е тука, посебно кај млади и наивни тинејџери за кои навистина сè се лета и јаде, и родители на таквите.

    Но, веќе изградени и зрели личности и тоа како можат безбедно да најдат нормални и прекрасни луѓе слични на нив на некои пристојни места низ интернетот, со кои во најмала рака ќе добијат едно убаво искуство.
    Еве кога сме кај Фејсбук, ми паѓа на памет страницата The Artidote на која луѓе од цел свет споделуваат свои лични моменти и душевна состојба, со многу поддршка и емпатија. Понатаму тука се и форумите како средство за сериозна комуникација. Некои луѓе навистина се поотворени и сосема свои токму писмено и онлајн, таму им е полесно да ги истакнат своите квалитети, ставови, интелигенција, хумор. И при тоа запознавање човек со исто нормални намери како тебе може самиот да те види онаква каква што си, од прва рака и без мислења од други да влијаат, да те засака дури можеби и пред да те види на изглед. Сето тоа, сосема спротивно на општото мислење, е баш зрело и прекрасно искуство.

    Затоа, во 21 век крајно време е да се тргне тој мрачен вел на сеопшта опасност околу комуникациите, па и врските кои почнале со запознавање на интернет и кај повозрасните луѓе, а и предрасудите од самите млади кон личности од нивните генерации кои го практикуваат ова.
     
    На Novecento, Miss.A., Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.349
    Да! Јас и мажуле така прв пат стапивме во контакт. Од ист град сме, онака сме се гледале низ град, ама се немавме запознаено. Не ми дробеше слатки на fb ами културно ме викна на кафе уште на првиот чат, што ми привлече внимание :) Другиот ден ме повика на појадок и на третиот ден си се држевме за раце :inlove: :inlove::inlove:
     
    На Ana.brojka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.565
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се што пиша @Someonespecial
    Инаку да, темава убаво би било да се прошири во онлајн запознавање, да станува збор за секоја социјална мрежа.

    Верувам дека ако се биде претпазлив, може да се дојде до навистина квалитетни луѓе онлајн. Ризикот е ист и во живо, од каде би знаеле одма каква е личноста. Исто е и со онлајн запознавањето. Ги сфаќам и оние кои се против ова со оглед на тоа што е факт дека резултатот на вакви запознавања имало фатален исход за некои луѓе. Но со претпазливост, со добро знаење на какво "место" ја запознаваш личноста и добра комуникација може да се каже дека не е толку небезбедно. :)

    Јас и дм прв пат се запознавме на Инстаграм, иако сме од исто место јас поим немав каква личност е. Потоа продолживме и на Фејсбук да комуницираме. Затоа донекаде овие социјални мрежи ми имаат посебно место во срцето.
    Исто така имам и другарка која со својот дечко се запознаа преку фб и се во врска 4ипол години. :)
     
    Последна измена: 10 август 2018
    На cresa-jagoda, poenta, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Јас мм го запознав на пал талк.2-3 дена така се читавме па се префрливме на Мессенгер па на фб.од тогас до сега поминаа 10 1/2 год. и сме заедно + 2 мали прцулки
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против за запознавање преку фб и доста знам парови коишто се запознале така. И јас и дм на некој начин се запознавме преку фб всушност тој ме видее кога бев излезена со друштво се распрашал некако за мене, дозна како се викам ме адна на фб и така натаму продолживме да комуницираме на фб и се видовме.
    Сега во ова време кога е најзастапен фб и другите социјални мрежи неизбежно е да не се запознаеш со некој.
    Пред некој ден слушнав на радио дека фб ќе создаде апликација наменета за запознавње на луѓе, па и вака се запознаваат не гледам причина да има додатна апликација.
     
    На cresa-jagoda и zalosna им се допаѓа ова.
  16. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Да ама со резерва, со граница, со мерка. Не знаеш на што ќе налеташ.

    Најдобра проценка направи сам/а, од сликите, споделените материјали отколку да послушаш бабини приказни за личноста.
     
    На Dark artist, Belgin1 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Јас и маж ми се запознавме на фб , секако предходно се знаевме од разминување низ школскиот двор, но се немавме запознаено во живо и покрај тоа што имавме заеднички другари. Една вечер се зезавме нешто со еден другар и по негов предлог, јас додадов две другарки а тој двајца другари меѓу кои и маж ми. Оттука ни тргна муабетот, па се запознавме и во живо и понатаму претпоставувате што и како :D .
    Секако дека треба да се има претпазливост , но ако отприлика го знаете човекот ( сте го виделе во град, на училиште и слично ) зошто да не :) .

    П . С. Секогаш кога запознавате некој онлајн , може да се доведувате на некој близок, како мерка на претпазливост, мислам дека ме разбирате што сакам да кажам :!:.
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Зошто да не ако не е лажен профил или измама, а ако си паметен тоа ке го приметиш брзо. Јас со најдобрите другарки и другари што ми се сега се запознав на фејзбук.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.228
    Пол:
    Машки
    Зошто да не, би проширил познанство и пријателства повеќе, не мора врска само. :)
    А инаку една од бившите девојки баш ја запознав на месинџер то време си чатувавме, а немаше фејсбук тогаш. :D