Па зошто да не? Денес кога имаме интернет зошто да не се искористи тој и за запознавање. И не гледам пречка во тоа кој да пишува прв: ако таа чека на него, тој чека на неа и ќе се најдат. Без мислење треба. Ете и сте излегле, па попишувајте, види дали имаш фора за втор дејт, па отом потом!
Секакви луѓе има по интернетот, тоа е јасно. Јас лично немам доверба во тоа што некои ќе ми го каже на фејсбук, скајп итн. затоа што секој може да каже што сака и што му одговара. Затоа јас сум малку скептична кога се во прашање ваквите запознавања. Тоа не значи дека сите лажат и дека даваат лажни податоци, но јас стојам на страна од ваквите работи.
Договарање дејт со некој што го познаваме на фејсбук ми е ок, ама да запознавам некој, па да се договарам на фејсбук нема шанса.Од кај знам кој е на другата страна на компјутерот
Па ништо ново не е ова.. порано се запознававме преку хајфајв и емесен, сега преку фејсбук. Дигитална ера, ново општество, ова како нормално му доаѓа. Инаку јас сепак сум за старата добра класика, мајка ми што би го нарекла Лична удваренка. Но ако ми тргне муабетот со некој со солидна профајл пикчр, не би се думала многу за да излезам
Преку фејсбук скоро сите сега се запознаваат дефинитивно. Секако ако имаш заеднички пријатели со тој тип, знаеш дека не е некој педофил, манијак, будала.. нема ништо лошо во такво запознавање
За повеќето полесно е запознавањето преку фб..па зошто да не.. Прво лајк, па собери храброст и пиши прва на чат нема што да се изгуби, па аку оди муабетот се ќе си дојде на свое место
Не гледам ништо лошо да се запознаеш со некого преку фејсбук, со оглед на тоа што многу време поминуваме на него.. Меѓутоа само доколку не е постар, не е некој педофил, психопат, а таквите ги има многу... До сега имам видено случаи кои што се во врска,а се имаат запознаено преку интернет... :geek:
НИКОГАШ ПОВЕЌЕ. Јас два пати така се наместив. Едниот пат типот излезе со тешки комплекси. Вториот тип арен беше ама врска на далечина плачев ко будала се нервирав. Запознавање преку ФБ прифаќам ама ако имате повеќе заеднички пријатели, сте излегувале на исти места ама никогаш не сте се запознале, или се знаете само на лик , па на ФБ да се запознаете убаво.
јас бев голем скептик за тоа за запознавање на фб, ама ете јас попуштив и се запознав така со едно дете и се видовме дури и лајв и сето тоа бр на тел, ама ако се запознаеш на фб, како што ке се запознаеш брзо така и брзо се завршува, делет, ремове, блок и готово, денешниве машки немаат храброст да изјават нешто лајв, и мислат дека се е лесно на фб, лајк коментари и сето тоа, ама и јас глупава не дека паднав на тоа секогаш бев со некоја резерва ама сепак за запознавање на фб нееее... што е лајв друго е поглед во очи, допир, сето тоа а на фб не дечки верба никомуу можи кај некој ке се погоди, но од каде знаеш дека тоа што ти го пишува тебе не и го пишува и на 10 други девојки??? то е тешко нас во ова време
никако, освен ако не се дружи со некој мој другар блабла..па така да ми понудил пријателство..или преку него да сме почнеле да збориме
запознавање преку фб да секако сум пробал неколку пати ама не да кажеме понуда на некоја што не ја знам па да почнеме да збориме прво сум читал некој коментари од неа на некоја страна она ќе втратела на мои и така после додавање
тоа се дешава секој ден и е нормална работа... ништо страшно.. повекето парови кои идат или се венчани се запознале преку интернет.. за 5,10 години сите така ке се запознаваат ова ти гарантирам.. но пред да пишеш треба да си сигурна дека профилот не е фејк ... на фејсбук има све.. има манијаци има фејк профили и незнам шо.. баш читав за некој кретен кој по фб на девојка која е дебела и има комплекси и рекол дека ја сака дека ке бидат супер пар и све слично.. оваа рекла дома дека ке иде да преспие кај другарка а уствари била да се види со кретенот.. на крај да испадне дека - тој има 40 години и дека бил у затвор порано.. криминалец со досије познато на полицијата и слично , ја силувал и ја убил.. затоа верувај но проверувај !
Абе свашта има низ фб, тоа да, манијаци и што ти знам што уште од тие болни умови. Гадно ако налеташ на такви, али пак јас многу добро го запознав дечко ми на тој начин. На ист факс сме, но од различен град, и почнавме на друг форум со пораки да се допишуваме, јас го прашував нешто за некој предмет таму . Па од таму почнавме на фб секојдневно да се допишуваме, буквално немаше ден или момент двајцата да сме онлајн а да не си пишеме. Некогаш и ја претерувавме, по 6-7 саати на ден тепавме, али јбг, што да правиш . Мислам оти го запознав на тој начин повеќе одошто се знам себеси, бидејќи не тргнавме одма со додворување, туку онака, на другарска база прво, па после да почне да ми недостига муабетот со него и се по ред. Се видовме по некое време, и 7-8 саати дремевме заедно првиот состанок. Некому ќе му биде чудно али се знаевме премногу добро, јас се знаев за него, тој за мене и така. Не беше ништо чудно, само што тоа дремањето по фб и скајп го пренесовме во живо И еве, 3 ипол месеци сме во врска, јас сум посреќна од било кога, имам некој во секое време до мене, кој ме прави среќна и сакана Така да, јас сум за запознавање на фб, но сепак внимателно, не се знае на што може да се налета.
јас досега на фб имам запознаено доста фини момчина со кои сум сеуште во контакт.Но не треба да се избрза има секакви ...затоа најубаво е прво муабети и неизбежно е да го запознаеш и во живо.
Сум за запознавање преку фб, нема ништо лошо во тоа. Така се запознав и јас со мојот па ете 2 години сме веќе заедно. Но, сепак треба да се внимава затоа што има болен народ во денешницава и не знаеш што можат да направат.
На ФБ аднувам само луѓе кои или лично ги познавам или се пријатели на мои контакти, значи реални личности. Ако сакам некој непознат да аднам обавезно му праќам и порака зашто сакам да го аднам. Покана за пријателство од непознати никогаш не прифаќам туку праќам порака со прашање од каде ме знаат, дали имаме заеднички познат и зашто сакаат пријателство. Ако не добијам повратна порака не прифаќам. Фејсбукот ми е средство за комуникација, за забава си имам други активности.