Хм, јас немам ништо против. Како прво, времето е такво, технологијата си зема свој се поголем и поголем замав, луѓето се на некој начин послободни зад мониторот, па зошто да не.. Почетокот може да се одвива на тој начин, општи теми и муабети, мислам никому не би штетело такво нешто. Излегување, да, но по некое време. Услов е да се има заеднички пријател/и (ако дечкото ми е навистина непознат, а ми се допаѓа), другото и не е толкав проблем. Како и да е, треба да се внимава, сето она што не сме го виделе да го земаме со доза на резерва, да не се отвараме секому и да не веруваме на сето она што ни се кажува. Јас со дечко ми се запознав преку фејсбук, учиме во исто школо, но ете, различни години, различни луѓе со кои комуницираме, оние што се заеднички пријатели не ни се толку блиски, па фејсбукот се понудил како можна солуција. Со тек на време имам чувство дека делуваше како лек на мојава срамежливост, се опуштив сосема. Така да, да! Се додека не се претера, проаѓа.
Малку ми е глупо..дури малку повеќе.. Па не е така интересно...во живо е подруго..сакам да го видам изразот на лицето во одредени ситуации..Да не ме разберете погрешно..јас немам ништо против комуницирањето преку фејзбук ни против луѓето кои се запознале преку фејзбук..Само сакав да кажав дека мене лично поубаво ми изгледа онака очи во очи.
НЕ! Треба со некој да направам повеќе муабет од : Здраво. Како си? Може да се запознаеме? Кај учиш...итн, за да ми остави впечаток и да ми се засвиѓа....Кај тешко во живо ми се засвиѓува некој, па уште и вака. Неможам да ги сватам тие на фејсбук што се пуштаат. Од технологијава веќе заборавија луѓето да комуницираам. Аман!!!!!
Ете ги прифатив вашите совети и решив да си дадам шанса и на себе а и него, утре ќе се видиме се надевам дека се ќе биде во ред, некако сум збунета, исплашена
Jaс се запознав со сегашниот ми дечко преку фб. Рандом пријатели бевме, па еднаш и дури го избришав бидејќи не го познавав. Океј, после тоа го додадов пак бидејќи почна да ми пишува пораки и сфатив дека ме надгледвел. Единствен контакт ни беше фб. Прво поздрави, па муабети за некои настани, па почнавме за нас по малце ова она.. и после 2 месеци пишење (не секој ден) излеговме конечно на кафе Вистинското запознавање беше тогаш, поопширни раскажувања за школо, факултет, меѓувремени обврски, филмови, музика... 3 сати ни беа малку за да си дорасприкажеме, па затоа имаше и следен состанок.. па следен.. и се наредија доста состаноци во период од 3 месеци и баш фино се запознававме, не излегувавме константно - имаше доволен простор за размислување и за недостасување Значи, океј е да се запознавате преку фб, но не да си го раскажете животот... Фб запознавањето нека биде вовед, а понатака нека биде што ќе биде. Бидејќи ако само пишувате на фб можете да добиете идеална претстава за него, а во живо да нема допирна точка со тоа, па да се разочарате.
Некое посебно мислење немам за тоа , да се запознаеш на нет. Порано си викав ауу нее, кој знае каков е...И не практикував. Кога го запознав дечко ми...прво испитав терен, другарка се запозна со повеќето луѓе од тој форум, па потоа и јас упаднав. Но, тогаш го запознавав другарски, и еве после 4 години сме заедно. Ако сакаш врска, сметам дека најпрво треба да ја запознаеш таа особа, верувај едно е изглед а нешто сосем поразрично карактерот и однесувањето. Започни разговор, потоа излезете но за почеток без интензивни покани за нешто повеќе, ако е ок дечко и ако е заинтересиран тоа само ќе си дојде со тек на време.
Не мора ти прва да му пишеш можеш индиректно со лајк да му дадеш знак дека ти се допаѓа. Ако тој има симпатии кон тебе ќе ти пише. Немам ништо против запонавањето преку фб... досега со секој дечко така сум се запознавала, да не беше фб немаше ни прв бакнеж да имам. Секоја чест на дечкото, 6 месеци си пишувавме и потоа излеговме... ете по скоро две години уште контактираме
Фејсбукот како основно запознавање да, зошто да не. Не гледам каде е разликата денес ако на некој му дадете телефонски број или фб за да се запознаете подобро. Ама не сум за тоа да трае со месеци и месеци и да е само на фб а кога ќе се сретнете во живо секој си свирка на другата страна. Доволно е за прв контакт кој понатаму ќе донесе реални средби во секојдневниот не виртуелен свет.
Ако сум го/ја видела може да се запознаеме повеќе. Но ако не сум го/ја видела ниту еднаш не доаѓа во предвид. Сега почнаа многу со лажни профили на овој фејсбук, од кај јас да знам дали постои таква личкост. Најдобро е очи во очи.
не би требало,т.е не е убаво така.. ако сум го видела во живо па после по фб се договорам ДА ама одма по фб нема шанси. има многу фејк профили сега,така една другарка се зезна,и се засвиѓа еден така да кажам "од слика" и ајде се допишуваа,сакаа да се видат ваму таму.. јас отидов со неа и никој не дојде на договореното место,и после овој и призна дека е фејк и затоа не дошол,и и прати линк од вистинскиот профил од некое убаво дете од русија,крадел слики.. но не дознавме кој се крие позади екранот .
Запознавањето на фб според мене е океј пошо за тоа и е наменета страницата, но за да ислезеш со некој што си го запознала токму таму би требало барем да имаш некој заеднички пријател кој добро ве познава и двајцата. Имам запознаено многу дечки на фб, и само со еден се решив да излезам и дефинитивно тоа беше бедно...
Зошто да не ако пред тоа го знаеш дечкото или девојката, или ако си сигурен дека е вистински профил а не лажен. Јас обично не ширам познатства преку фејсбук, досега само со два другари се имам така запознаено и то. Пред тоа се знаевме само на име, па преку фб се зближивме и сега сме супер другарчиња значи не остана само на чат нашето другарство. Знам многу случаеви, пример си пишуваат момче и девојче, газ и гаќи се што се вели на фб, се ставиле во врска а во живо кога ке се сретнат се одминуваат, не зборуваат, дури ни здраво не си кажуваат. Испаѓа како само во виртуелна врска да се.
ФБ запознавање Дали мислите дека треба да одите и да се запознате со одредена личност ..ако подолго време разговарате со неа на Фејсбук..А да имате и една ваша не многу блиска пријателка која се познава со таа личност.. Што би направиле ?!
Многу сум запознавала по фејзбук, сум започнувала разговори, па и тоа прераснувало некогаш во средби Обичен пристап почетен не е проблем дали ке го започнеш ти или тој. Доколку не дадеш на некој до знаење дека ти се допаѓа или пак има шанси кај тебе, сигурно нема од небо по глава да го мавне да почне да размислува баш на таа тема. Додека сме во овој свет на фејзбук и такви ствари, нормално е да го користиш правилно како штп ти годи. А тоа дека имал некои што му пишувале, нека .. Незначи дека ќе бидеш како нив и ќе влезеш во нивниот круг, може ќе му станеш драга со тек на време Ништо не се знае што ни носи утрешниот ден
Ако видиш дека е океј типот, имате заеднички страни и пријатели кои што го познаваат, зашто да не. Едино ваљда нема да искочиш со некој педофил за кој што незнаеш кој е шо е
До неодамна бев против ваквите врски што започнуваат со запознавање на Фејсбук Ама НИКОГАШ не викај НИКОГАШ И мојата ситуација (најнова ) е многу слична со твојата, со таа разлика што скоро година дена го откачував типот мислејки дека не е паметно да бидам со него, не сакав ни да излезам да се упознам, дури го убедував да си фати девојче, си истакнував некои мои маани, но кога некој е упорен , упорен е Сега видов дека е за мене , ги заборавив сите пречки, и не се замарам веќе за ништо... И да, мојот одговор, ако сеуште се мислиш и нема новости ,е дека некогаш и на овој начин може нешто многу убаво да се случи :up:
Едно прашање до сите, особено до женските Значи онака сум на форумов дека една пријателка е тука, ама не е битно..јас баш и не сум некој тип којшто рендом додава луѓе на фб, ама од неодамна имам желба да запознам нови луѓе од Македонија чисто за муабетење, оти сум далеку и не одам во Македонија, ама ме интересира да си направам муабет онака за општи ствари, живот/забава во Македонија и нормално дека на рандом би додал женски (за машки може чудно да испадне хехе). ОК, значи прашањето како реагираат женските во глобала во МК ако некој којшто не го познаваат ги додаде на фб и дали е тоа чудно? поздрав!