Нема многу да должам ќе кажам само едно НЕ. Не е секој искрен чесен добар мил културен и воспитан како што ни се претставува, што можеш да очекуваш од фб? Друштвена мрежа, четувај, играј, коментирај, лајкувај.... што се неможе да се прави, па ќе се запознаваме? Ако дошло до тоа има друг начин, според мене фејзбукот НЕ Е РЕШЕНИЕТО, па вие како сакате.
Што би направиле ако се допишувате на фб долго време, да речеме пола година и на крај после толку време тој ве кани на средба во живо т.е да се запознаете? А вака според муабетот ви гледа како стабилен, би се запознале ли или не? Искрено отсекогаш мислев дека нема ни да помислам да се запознавам со некого преку нет, сеуште не сум имала понуда, но на пример да сака да се запознаеме отсега се двоумам дали да прифатам или не.
Лукс, нема некоја посебна причина зошто да го одбиеш, и јас сум комуницирала така подолго време дали на фејсбук или мсн, па потоа и дружбата се случила и во живо. Но, ова зборам со особи со кои сум имала да речам здрав и речит муабет, а не некоја тралалајка од типот здр ма4е. И најчесто пробувале од таа прва средба да издејствуваат и втора, трета средба. Со некои дошло и до врска по извесен период гледање. Најчесто дури во 100 посто од случаите, личноста со која комуницирам се познава со некоја другарка/другар, сеедно. Оти -ели, Скопјево е многу голем град, па ете плус информации. Но, со некои не ми беше воопшто речит муабетот во живо, дал срамежливост или едноставно конекцијата се изгубила. А чим ја нема во живо, тогаш џабе е се. Зависи до човекот.
Мене еден тип ме вика на кафе, се допишуваме можеби 2 месеци негде на фб, немаме некој посебен муабет. Го знам од порано имаме заеднички пријатели, ама воопшто не е мој тип. Дали би излегле вие на мое место ?
Излези де, кафето може да остане и тоа што е... само кафе. Епа нешто слично како со Crazylady... Имаш некој заеднички пријател со него? Доколку да, поддознај работа-две плус за него, каков е, што е, зошто е, колку да знаеш дали е отприлика истата личност како на ФБ што се претставува... Ако тоа се реализира, не гледам зошто не би излегла. Но сепак, доза претпазливост не штети никому, а најмалку тебе.
Најпрво не знаев дека имаме заеднички пријател, ни тој не знаеше, ама кога ми кажа на кој факултет се запишал ми стана јасно дека ќе имаме заеднички познаник што од една страна е добро нели всушност после првата конверзација открив дека мојот најдобар другар му е колега, па видете сега а уште се немаме запознаено, врсници сме, имаме правено асален муабет, мислам најразлични теми имаме извртено, не од типот на маче многу си секси или од тој тип, значи ептен здрав муабет. Ама сеуште за запознавање во живо не спомнал, освен еднаш онака индиртекно т.е не иницирал барем не рекол ништо директно за средба(не знам дали му е срам мада не ми се верува, не делува за срамежлив по разговорот , или има некоја или повеќе па сум му резерва или не сака ништо со мене освен виртуелен муабет) можда само за тепање на време преку фб му служам ) Мислам разбирам, на тие години мозокот му лета, сака се да испроба, да смени, можда секој ден е со различна, можда не му е до врска, ама штом пишува не е рамнодушен во секој случај. Ме има во предвид сигурно ама дали би било нешто повеќе после запознавање времето ќе покаже, мада мислам да му одолговлекувам некое време т.е првиот пат кога ќе ме покани да му најдам изговор или ептен грдо од моја страна?, чисто за да видам колку е упорен и озбилен т.е колку навистина сака да се запознае.
А јас па мислам да излезеш првиот пат со него (незрело е да „глумиш“ зафатена после пола година активно допишување), и нормално, тоа да биде чисто запознавање и ништо друго, и онака, да си поминеш фино - да не фрштат страсти, романтики и остало . Е, тек потоа види како ќе се постави, дали упорно ќе те бара, дали ќе настојува да продолжите да се гледате и слично... И според тоа одлучи дали е паметно да глумиш „неосвоива“, зашто не заборавај дека тоа ти е меч со две острици.
хмм...имам мн запознаето преку фб и остануваме само пријатели нишш др аа инаку сега конечно мене некој убав да ми пиши па нз едни другарки викат дека ке доагал у рад па нз (они ме запознаа со него) хаха
Да. Но, како што кажаа погоре, само доколку се има со некој здрав муабет. Јас дечко ми го запознав преку фб, ме додаде, го прифатив и ми пиша истата вечер. Наредните денови си пишував по цел ден и цела вечер со него, ама озбилен муабет правевме. Едноставно имавме таква комуникација, таков однос.. Се’ се случи спонтано, прво ме покани на кафе, па на излегување со него. Дури после имавме нешто повеќе, за на крај да прерасне во врска. Не би изглегла со некој кој не знае два збора да сврзе, ми праве глуп муабет или пак со некој кој немам заеднички пријател/ познаник ( не на фб, во живо), а сум го запознала на фб. Не ми иде тоа.
За мене нема врска тоа. ДА ЗОШТО ДА НЕ. Ширам познанства јас . Нема врска дали со момче или женско со секој што си имам ок муабет на фб можам да се запознаам.
Мажите што бркаат жени на ФБ се најобични женкари. А жените што на лајкови на нивна слика напишале: „Ви благодарам на лајковите“ (не ми се веруваше колку такви има) се жени што чекаат такви мажи. Значи „не“ за запознавање на ФБ. Чест на исклучоците со среќен крај!
Со оглед на „храброста“ на машките да и пријдат во живо,мислам дека не останува ништо друго освен фб за запознавање...т.е според мене они и за тоа најчесто го користат фб,за да им пишуваат на девојките,пошто немаат храброст да и пријдат во живо,цела вечер ќе те гледа и ни да му текне да дојде да се запознае или било шо А и можно е на фб да не знае да сврзе муабет,а во живо да му оди муабетот (иако се ретки овие случаеви,повеќето се чувствуваат послободно кога се допишуваат на фб)...а може и обратно,на фб да се изнапишувате а во живо мувите да ги слушате како зуат (воа за летоска,нема муви сеа,ладно е )...сепак во секој случај треба да се видиш во живо пред да си формираш целосно мислење за некој. А тоа со лајковите,дека на многу девојки им лајкнувал,не значи и дека со сите се допишува.Ете мене еден типац ништо ми немаше лајкнато,ама една ноќ ми пиша (..малце се зачудив да,оти нели машкиве прво ќе ти стават лајкови на се па ќе ти пишат) и 3 месеци се мачевме,и испаднавме,и пак ништо никогаш ми немаше лајкнато,така да не се потпирајте на лајковите . А овие ваквиве шо на секоја втора и лајкнуваат се,страшно ми се забегани,ко очајни за женска да си фатат се.
Веднаш ќе ти контрирам со „достижноста“ на женските во живо. Е, сега, можеме вака во круг колку сакаш. Фасцинантно е како и во ваква тема коренот на проблемот го бараш-барате стриктно во машкиот пол, фасцинантно... За танго се потребни двајца!
Мислам дека некогаш фејсбукот дава одредена слика за човекот, ако на фејсбук се сложувате сигурно би сакала да го видиш, и кога ќе го видиш гледаш и споредуваш разлика сличност фејсбук и face to face и гледаш што сакаш
Абе видиш,како што постојат прости машки што не знаат да пријдат на девојка,така постојат и прости женски што си мислат дека се којзнае кои ако им пријде некое машко да се запознаат...ама сепак има исклучоци меѓу девојките,кои уствари повеќе сакаат да им пријде некое машко во живо,да се запознаат барем името да си го кажат,а не на фб некој да им ја лајкнува секоја објава,секоја слика,стварно ми е патетично...сакам да кажам дека машките треба повеќе да практикуваат запознавање во живо,отколку допишување на фб...сега ќе налетате на некоја „испувана“ (шо ги викам ја ) шо ќе се испонаша којзнае како,ама и ние сме налетале на машки што си поигруваат со нас,па не сме се откажале од нив,продолжуваме со надеж дека ќе се најде некој подобар...поради едно гнило јаболко,не значи дека не треба пак да се вратите во овоштарникот И според мене многу подобар впечаток се остава кога ќе дојдеш во живо да се запознаеш,дека си сигурен во себе,отколку на фб кога и пишуваш,како што тоа го практикуваат повеќето И не е проблемот само во вас,додека порано викав дека не постојат асални машки,сега се повеќе се уверувам дека па ни женски не останале асални...и јесте дека сме 21 век,ама сепак не очекувајте па и од нас дека ќе ви пријдеме и први ќе се запознаеме,додека вие цела вечер дремете на масата и се мислите што да и пишете на фб на девојката ако ја најдете,одколку тоа да го направите во моментот .
Па ќе седнеш на фб , па ќе боцнеш , па ќе те боцне , па пак ќе ја боцнеш , па ќе пиши некој глуп статус , ќе ставиш лајк ќе постира некоја песна што првпат у живот ја слушаш , ќе ставиш лајк па и коментар "леле кај ми ја погоди песнава , баш на нејзе мислев". Па после долго боцкање и лајкување ќе ти пише или ќе пишеш , па покрај четот ќе отвориш Јутуб, Гугле, Википедија и остало и почнуваш тука муабет , сакаш за звезди муабет , отвараш тамо звезди на гугле од А до Ш ги пишеш , омилени ти се Red hot chilli peppers ? пффф ја без нив неможам да си легнам , идеш на јутуб бараш најгледаната песна и ја постираш , па после за градовите тамо цела шема ќе отвориш и тука со саати и саати ќе праите муабет... После некое време ќе искочите надвор и ќе седнете на кафе све насмеани , и ќе буљите во кафето и ќе почнат некој глупи прашања ...... - И ти Христина се викаш така? , добре е столчето на кое седиш , дедо ми има такво исто столче ......
Сум за запознавање на нет без разлика дали имаме или немаме заеднички пријатели. Имам(в) еден другар кој го запознав на нет, немавме ниту еден заеднички пријател, но муабетите течеа како да се познаваме цел живот. По цели денови дремевме заедно на нет, потоа се запознавме и се дружевме се дур не фати девојка Малата му забрани другарки Покрај него имам излезено и со други момци со кои сум имала заеднички пријатели, но не нешто блиски, повторно муабетите течеле нормално, но понекогаш кога ќе дојде она дали ќе останеме на пријателство или нешто повеќе прекратувало комуницирањето. Со еден од момците со кој се гледав пред извесно време почнавме така. Ме видел низ град, имавме заедничка пријателка, ме додал и муабети, муабети. После заклучивме дека познаваме многу други заеднички, ми познавал и дел од роднините. Го оправдувам ова запознавање затоа што денес е малку тешко кога ќе излезеш некој на некого да пријде. Ние цурите си креваме акции, често не му ни враќаме на момакот кој собрал храброст да пријде. Здраво? Ма какво здраво. И како тој некој да пријде? Плус излегуваме 3,4 цури нема шанси мешање со друштва машки и си стоиме на еден крај ние, на друг тие. Или пак ние како би пришле, лелел ако ме направи луда, лелле ќе ми се смее неговото друштво, па што ако не сака ни здраво да рече? А и јас лично пре би сакала да муабетам на ФБ, него да ми пријде во дискотека каде не можеме да се разбереме ни како се викаме. Речиси исто е со тоа што и на ФБ да пријде некој ќе следува средба ако иде муабетот, а и во во дискотека ако пријде и ок е , ќе следува средба. Е таа средба е битната. Тука не зборувам за запознавања на излегување на другарка, другар дошол со вас, па ви тргнал муабетот. Значи ДА за вакви запознавања.