Па зависи од многу фактори можи некој на фб да ти се прај како мува да нема згазнато а усвари да е манјак неможиш да знајш... моето искуство од фб беше катастрофално ама немора да значи дека сите се такви веројатно треба претпазливост премногу и то е то
дефинитивно не.зошто?затоа што сум тој баксуз да си се бендисаме со некој и опп тој некој испаѓа дека ми е братучед
да ,да ,полн погодок . оди бре,и ова не е прв пат да ми се дешава тоа. како за инат налетувам на втори братучеди
се е јасно,рода сме по таткова линија,фак јеа сите роднини ни се заеднички пријатели плус убаво ги прашав рекоа да братучеди сте. благодарам на советите драги феминки со фејсбук или без него,си налетувам на роднини ,не ми е првпат
Да, но само доколку имате некој заеднички пријател кој би можел да ви каже некоја информација за дечкото пред да излезете со него. Чисто да си бидете сигурни дека не е некој манијак или слично.
Што има везе? Овде зборувам за другар а сега за братучед. Не се случи се преко фб се запознавме преку другарка односно преку дечко и па на фб па излеговме и бидна што бидна. После 2 години дознавам братучед ми е ко у шпанска серија
леле сноу,за гревче јас и ти и кај мене е така и обично прво машкото ќе ме забележи и сега со тоа фејбукот се се дознава кој е кој ,побрзо отколку во живо. ај ќе помине и тоа,плус што ме мачи мама и дедо ми ,татко на татко ми се трети братучеди. инцест луууѓеееееееее и после крива сум јас што ми се допаѓаат братучеди или они што ме свиѓат
Мајка ти и дедо ти 3 братучеди? Тоа значи дека мајка ти е тетка на татко ти од трет братучет ...Тоа повеке не се важи.хаххах тетка...За први и втори братучеди никако,ама тоа трети и плсу тетка..........
Стварно некако глупо ми е оваа запознавање.Сепак друго е запознавање во живо,нема фолирање,глумење сепак подруго е.Стварно се обидувам да го избегнувам,сепак во живо е подруго.
Хм, па можеби со додавање за пријател, па лајк, па боцкање, па пишување али сепак потоа да се излези како нормални луѓе на кафе пример за подобро запознавање а не се да остани на фб.
E сеа да ви го кажам јас мојот случај!!! значи со тоа дете се запознавме пред две годони,немавме никаков контакт,требаше да се најдеме на кафе но ми излегоа некои проблеми и не се сретнавме повеке...пред неколку недели случајно го видов но така од далеку.се мислев што,како и одлучив да му пустам покана за пријателство на фб,ме прифати се фино и почнав да се мислам дали да му пиашм или не и што да му пишам.седнав еден ден и заедно со google trnslate (детето е италианец) му напишав неколку збора за тоа дали се секава ова-она и дали поканата за кафе вази сеусте и на мое изненадување добив позитивен одговор и сеа треба да се видиме т.е утре вечер треба да одиме на кафе и...почнува да ме фака паника,страв,срам девојки што ке биде,како ке биде итн итн...не знам да не оставив уште на старт лош впечаток со тоа што јас му пишав прва и фактички јас сум иницијатор за се...сеа не незнам како ке испадне се сепак е странец не е исто како со некој од мк да одам на состанок ... ве молам за некоја идеа , мислење ,совет или нешто слично состанокот е утре побрзајте
Тоа што те фаќа паника е најнормална работа пред состанок, на сите им се случува тоа. Рече ти си иницијаторот, па според мене е тоа добар впечаток, а не лош. Така што не се замарај воопшто во врска со тоа. Он после толку време се сеќава на тебе и ја прифатил поканата, тоа треба да ти кажува нешто. Зошто да не е исто со странец и македонец? Странците да не се марсовци? Мене ми е баш исто, не гледам никаква разлика, баш напротив со странец ќе имаш многу повеќе теми за разговор. Со самото тоа што живеете во различни средини ќе имате многу да си кажете. Е сега се надевам дека добро го владеете англискиот и двајцата зашто ќе неможете да се разберете... или ќе можете. Ајде само опуштено и убаво да си поминеш па чекаме извештај. Спојлер ако неможеш да се опуштиш "дрмни" една чашка пред состанокот (се шегувам, немој)