дали некој знае колку понуди за пријателство можи да испратиш и кога ти ставаат забрана за пуштање понуда за пријателство?
Се запознав пред некое време јас со еден на фб. Еднаш трачариме другарки, овај убав, оној згоден, бла бла. И другар ми на дечкото што го запознав седеше до нас. Не слушаше што зборуваме и се смешкаше. Му кажал на дечково и овој ми пиша. И ајде муабет, ова- она. По цели денови. Требаше викендот да се запознаеме ама бидна што бидна, не дојде. Другиот викенд дојде. Незнаев, бевме кај другарка ми. Ми пишал на фб дека ќе дојде, видов и му се јавив на другар ми да го донесе. Се видовме. Овде следи хаосот. Да го оставам настрана тоа што ме нарече ниска. Детево... немам зборови. Два реда муабет незнаеше да сврзе. Да го оставам настрана и неговиот изглед. У фацата ко лопатка беше, си викаш згоден е, па ќе пројде некако. Не, дечково е... два реда муабет да не се знаело да се сврзе... Бооооооо!!! Такви најмногу мразам. А и дигнат е, мисли којзнае колкав фраер е и што ти знам таму. Ма пиши пропало. А и после таа средба. Сите од друштво нискичка ми викаа и ми праќаа поздрави со песната „Пиши пропало“. Невиден хаос! И утредента ме праша дали ми бил убав. Му реков дека убавината не е најбитна, карактерот е многу побитен. Ама изгледа не сфатил дека тоа навистина го мислам. Може сфатил дека сакам индиректно да му кажам дека физички воопшто не ми е привлечен. И сега се фраерчи, секој ден со нова става слика на фејс. Ма ти се молам, поштеди ме Како и да е, големо НЕ за запознавање на фејс. Секогаш работава катастрофално завршува, ретки се тие среќници кои си наоѓаат „сродна душа“ на фејс. Друго е кога со некого зборуваш во живо ,веднаш се познава човек. Се познава дали е искрен и т.н. А и фотошопов е опасна работа, немојте!
Абе не мора да значи дека ти бараш дечко на фејсбук.Ти пишал,сте се запознале,сте отишле на кафе,ако ти се свиѓа зашто да не?Прво пријатели,после повеќе.Јас лично не гледам ништо лошо во тоа
Сепак не! Се убаво на почеток ти изгледа, убав/а ти е, правете муабет ова - она, и после кога ќе се видете може да испадне лошо изненадување, и физички да не изгледа баш исто како на сликите а и општото однесување. Сите сме „силни„ и „отворени„ пред тастатура, но не е секогаш така во реалност и во 4 очи. И плус тоа, каде замина она што е класика дечко да ти пријде и да се запознаете во живо (може и девојка нели), не се чувствува хемија помеѓу двајца преку интернет ДЕФИНИТИВНО не!
Лошо е што не знаеш какви намери има .. и да и каков е во живо а каков на фејсбук. Ја си се запознав со дечко ми ама ете... а не како некои пиц-пец направени , слики ово-оно а со =иво гроп.... ^^^ а и си се запознала и готово .... не значи дека ќе има нешто помеѓу..удри му клоца
Слободно пиши му на фб, ама пази како се однесуваш надвор од фб. Знаеш дека на фб може да си некој психопат а на улица срамежлива. едноставно биди иста на двете места...
Да ви κажам девојκи κаκо помина мојот состаноκ!!! Ви κажав деκа бев многу воџбуденс исплашена а во еден момент помислив и да е одам,но за мое изненадување не беше таκа κао ас што си напρавив филм.Типот беше таκов κао на слиκите а на. κаρаκтеρ ми беше баш(да е ρецам)супеρ оти сепаκ пρв состаноκ е тешκо да го пρоцениш пρавилно.Κао и сеκое машκо пρед да се ρазделиме де баκнежи де ова она ама ρеκов без бρзање κе видиме полеκа κаκо κе одат ρаботите.За тоа што се бев исплашила оти е стρанец баш испадна добρо си најдовме 300 муабети а и на италијансκи си збоρувавме(подобρо и оди ид англисκиот). Пρед да одам на состаноκот вρтев постови,мислења,статии и овде најдов што да пρавиш а што да не пρавиш на и по пρвиот состаноκ и имаше едно κао утρедента да му пуштам κρатκа поρаκа деκа добρо сум си поминала но додеκа јас мислев што и κаκо да му пишам ми пиша тој на мене нешто κао ми посаκува пρијатен ден,му било мн мило што се видовме и до следно видување само што дознав деκа типот е 14 години постаρ од мене а изгледа κао сκоρо моја возρаст.Дај κажете неκое мислење оти κао тρеба паκ да се видиме да се дρужиме па вρемето да поκаже ама нешто се малκи ρазоцаρав со годините а ми изгледа оκ типот...па феминκи мислење со душа ве молам!!!!!!! P.S извинете аκо има гρешκи пишувам од телефон и се неρвиρам
Да ви κажам девојκи κаκо помина мојот состаноκ!!! Ви κажав деκа бев многу воџбуденс исплашена а во еден момент помислив и да е одам,но за мое изненадување не беше таκа κао ас што си напρавив филм.Типот беше таκов κао на слиκите а на. κаρаκтеρ ми беше баш(да е ρецам)супеρ оти сепаκ пρв состаноκ е тешκо да го пρоцениш пρавилно.Κао и сеκое машκо пρед да се ρазделиме де баκнежи де ова она ама ρеκов без бρзање κе видиме полеκа κаκо κе одат ρаботите.За тоа што се бев исплашила оти е стρанец баш испадна добρо си најдовме 300 муабети а и на италијансκи си збоρувавме(подобρо и оди ид англисκиот). Пρед да одам на состаноκот вρтев постови,мислења,статии и овде најдов што да пρавиш а што да не пρавиш на и по пρвиот состаноκ и имаше едно κао утρедента да му пуштам κρатκа поρаκа деκа добρо сум си поминала но додеκа јас мислев што и κаκо да му пишам ми пиша тој на мене нешто κао ми посаκува пρијатен ден,му било мн мило што се видовме и до следно видување само што дознав деκа типот е 14 години постаρ од мене а изгледа κао сκоρо моја возρаст.Дај κажете неκое мислење оти κао тρеба паκ да се видиме да се дρужиме па вρемето да поκаже ама нешто се малκи ρазоцаρав со годините а ми изгледа оκ типот...па феминκи мислење со душа ве молам!!!!!!! P.S извинете аκо има гρешκи пишувам од телефон и се неρвиρам
џована биди опуштена имаш време подобро да го запознаеш.отприлика знам оти инталијанците се самоуверени,љубовџии ,и прави џентлемени.имав јас еден таков случај,типот беше исто италијанец 15 години постар од мене ,ма изгледа во крвта им се помлади жени .мислам добро е да земеш во предвид каква култура има,сепак има разлики во менталитетот ,но најважно е дали сакаш да се обидеш со него нешто и што тој точно сака.шала на страна,мислам дека многу голема е разликата меѓу вас,зависно и ти колку години си.штом го владееш италијанскиот нема да е проблем да се разберете,сега за сега те советувам да не избрзуваш ,ако сте еден за друг времето ќе покаже.ciao bella
Еден добронамерен совет до сите. Бидете многу внимателни што и какви детали поставувате на фб, околу добри 80 посто се напалени манијачишта што секојдневно демнат млади и неискусни девојчиња...преку правење на лажни профили, слики и слично...значи секојдневно се случуваат секакви трагедии поради фб...мислам дека и имаше една реклама на тв баш за ваква тема за тоа колку многу е опасно присуствота на младите на интернет. Јас на моето дете не би му дозволила да има профил до 14та година и отпосле постојано би проверувала што прави...значи верувајте дека не претерувам, секакви гадости се прават во светот, особено во ова модерно време каде и болните умови се многу покреативни... Пред 5-6 години, во едно интернет кафе, кога беше познато му спаце имам видено како еден одвратен тип отвараше профили на 13-14 годишни девојчиња кои имаа провокативни фотки и им ги запишуваше сите поатоци кои ги поставувале...се згрозив...
Јас сум ЗА запознавање преку фејсбук. И да испадне дека не е твој тип, сепак можете да останете другари. Од сите мои бивши само со еден се имам запознаено на фејсбук. Со сите други прво во живо, а потоа ме додале за пријател. Можда вака испаѓа бидејќи не сум баш фотогенична, а и немам многу слики на фб. А во живо е друго... паѓаат на шарм, погледи итн.
зашо да не може и преку фејсбук ама прво да се упознаете добро да искачате па после за озбилно имав другарка порано запозна еден од фб и излегоа еднаш ја молел да ја седе и она му даде и толку ја остави
Јас сум ЗА запознавање на фејсбук, јас и мојот дечко пред 2 год преку фејсбук ми пиша се запознајфме и сеуште сме заедно
ДА , јас сум за тоа оти да не , секогаш е убаво да стекниш новп ријател. ајде кој сака слободно нека ми пиши тука порака и ке се запознаеме и на фб , ајде чекам да ми пишите
Мојот пост ке биде малце подолг Дефинитивно сум против таквите запознавања иако имам мала толеранција да биде и ЗА.Велам против бидејки виртуелноста е доста моќна работа ,тука сите ние сме си господари ,ние наредуваме што и како да биде со нас (тоа правиме ) .ФБ е измислен баш поради тоа, да не се лажеме.Не е никако лошо тоа ,но со нормални сфаќања.Велам нормални зошто многумина патат од компекси во животот и немајки каде ги лечат на фб .Се претставуваат онакви какви што сакаат да бидат со цел луѓето (нивните ) пријатели да ги сакаат-почитуваат како такви .Дел се свесни дека грешат па преку разни начини на изразување на емоции и слики се обидуваат да ја затскријат својата првична цел ( ЛАГАТА ,и отварањето на можност за допаѓање на другите ) . Кога некој таков карактер ке створи своја империја на обожаватели веќе функционира во тој свет така .Може да биде нај нормален,со супер друштво и навики итн но виртуелно да биде нешто сосема друго.Да бара нешто што во реалниот живот не го добива (па и од партнерот ) .Некогаш некјо знае да ти направи многу малце мубает а да ти значи и да се пронајде во тие 2-3 реченици .Многумина 1во нешто што забележуваат е физичкиот изглед и тоа е пресудно-то за отпочнување на комуникација со непознат а знаете зошто е така .. .па ЛАЖАТ дека не бараат потенцијален партнер преку виртуелен начин поточно фб.Не се сите во таква лоша категорија,нема да ги фрлам во ист кош со оние што знаат да ги контролираат своите чувства и емоции (да не кажам не се заљубуваат во слики и линкови ) но ете нивното ниво на култура и образование достигнало ниво на комуникација со одредена х личност и се сведува на доверба.Зборуваме за доверба каде што можеш да разговараш буквално за се со таа личност освен за сех .Малце незгодна тема кога со некој не се познаваш доволно добро . Љубопитноста може да си го направи своето и кај овие луѓе ,да запознаат некого но не поради тоа они што сакаат да го видат ( принцови и принцези виртуелни ).. туку поради она што знаат што ке видат (нормални фини и пристојни луѓе ,што секаде можеш да ги видиш и сретнеш посебно во МКД во една трошка земја и град како Скопје каде што нема голем избро за движење, или хХх градови што се за почит од МКД а се мн помали ):geek: . Да не мешаме баби и жаби само во едно ! Запознавање значи и пријателство .Не секој бара партнер ........Доколку е некој/а вистински пријателски настроен МОЖЕБИ и тоа да се деси, но ке плеснам се во лице (виртуелно да се знае на што сме од самиот почеток на идејата за запознавање )
хм... мене не би ми прешело да се запознам со некоја на фб, али мислам дека вие девојките сте многу стамежливи а и немате храброст за такво нешто, инаку зашто да не ако има храбра девојка би се запознал зш да не
Грешка си братче.Женските се прават срамежливи но не се.Ако ги прашаш пола форум се запознале со некој од фб.Немој да ги правиш женските толку светици бидејки и не сме.