Здраво, нова сум овде и очигледно профилот го отворив за да ми дадете совет за тоа што и како да правам, Еве да започнам: Има едно момче кое ми се допадна на изглед, од мојот град. Моите другарки го познаваат , не лично туку онака од фејсбук, и знаат нешто за него. Голем гејмер бил и имал добар карактер се основите што ги знам. Барем така ми зборуваат. Сакам да се запознаам, онака како другар. Но како? Не живее во моја населба, живее во центар а пак овие моиве другарки не сакаат да излегуваат често? Незнам зошто но како опсесија ми е ми се допаѓа но не е се во изгледот. хаха Ајде помогнете како да се запознаам со него.Мала сум, немам искуство.. п.с. јас имам 13ипол а тој 14..
Па презбори му ти, штом знаеш дека сака игри, почни разговор за игрите. Кажи му дека сакаш да си купиш некоја игра но незнаеш од каде, или не знаеш каква. Доколку и ти му се допаѓаш тој сигурно ќе го продолжи муабетот, но и доколку не го продолжи прашај го уште нешто, сепак немој да му поставуваш милион прашања да му досадуваш. Ти ќе осетиш дали му се прави муабет или не. Со среќа
Добра идеја, но имам друг проблем. Се плашам од реакцијата и одговорот. Незнам велат имал карактер но мене ми стои малку студен..
И мене ми се допаѓа едно момче. Во школо тој често ми прозборува, но јас него не. Само двапати му зборнав. Сега му пишав на Фб, а тој уште ли seen не е кликнал.. Во Петок да му прозборам на школо или што да правам?
Чим си никон girl значи дека имаш убаво никон апаратче. Седни му пред маало и сликај сè и сешто, и демек случајно и него сликни го. После најди го на ФБ и испрати му ги сликите. Ќе почнете муабет и ќе го натераш да ти биде модел, зашто ти ќе глумиш амбициозна фотографка и следна тема за сликање ќе ти биде гејмингот. Ќе му речеш ќе дојдам дома кај тебе, а ти ќе глумиш дека гејмаш, ќе позираш. Е после, за мувањето, не знам, прашај ги девојчињава, они знаат. Еееееј лесно е твоето, му доаѓаш му маваш „авионче“ на чело и му викаш: Ти мене ми се праиш фраер, не ми одговараш на ФБ. И му се насмевнуваш да сфати дека се зезаш и од тука муабетот ви тргнуе.
Ееееее captain omni ептен ги оправи,девојчињата со советиве Да ми е овој памет сега,а тие години ептен лесно би се справила со ваквите проблемчиња.Ништо не би препуштала на случајноста и секогаш би се борела за она што го сакам,секако ако вреди и сум сигурна во тоа,зошто животот ретко кога ќе ти пружи две шанси.
хахах.. Стварно ме изнасмеа но сепак не сум толку храбра за да го сликам па и сликите да му ги пратам..
Хахах.. Вчера бевме заедно на прва проба за патронатот. Малку зборувавме, но не беше ич нели, доволно беше. Еве нешто како беше. Тој:" (Се свртува кон мене, го зема мојот лист) Кој член ќе бидеш? Јас: Хм.. Па третиот изгледа. Тој: (Го разгледува листот) Еее, па малку е твоето, две реченици. Моето е повеќе. А како ви се вика драмата? Јас: Грне. Тој: Грне? Јас: Да, "Грне" Тој: Хх.. Па добро. Јас: (Го земам неговиот лист, го разгледувам) А ти кој *син* ќе бидеш? Тој: Вториот. Јас: Хех. Ми велиш моето било малку, па и твоето е малку. Тој: Добро, повеќе треба таткото да зборува, но ни фали **** (другиот син во драмата)" ПОтоа, не паметам што се случи, јас секако маѓепсана од неговите плави очи, па и да паметам што се случчило на крајот.. Нема панси тоа. Дојде наставничката и пробуваа, и толку. Јас потоа му пишав:" Го научи ли текстот од драмата?", господинот ни seen не кликнал. Ај, whatever.. Денес јас отидовв во ве-це со едно девојче, демек вода да пијам, а тој застанал на до вратата, речиси внатре во женското ве-це:" Лајтнииинг! Го научи ли текстот? Јас: Не, не го научив" Ааа, ако тој мене не ми враќа на фб, ни јас на него во живо нема да му зборувам. Заборавив уште нешто. Денес тој имаше шест часа, а јас седум. Јас отидов со едно девојче во ве-це за да пие вода, излегувам во ходникот, си пеам нешто и гледам тој стои во ходникот и се врти ко изгубен.. Што ли му беше поима немам. По некое време се сврте, ме виде, и си отиде дома.. Потоа другарка ми ми кажа дека влегувал во нашата училница, а нема час нели.. Чудно дете... П.С. Не зборувавме литературно, само така ви го претставив разговорот.
Ти си имала храброст да му пишеш и јас би му пишала но страв ми е и ако тој не одговори..Не сакам да излезам после некоја глупачка.. Ти барем разговараш со него, комуницираш, а јас иччч
Ми се допаѓа и мене едно момче Ама за него знам само каде работи.Го имам видено неколку пати и не знам како да му се приближам. А баш ми се допаѓа
Епа сеа зависи. Ако имате нешто заедничко, пробај со тоа за да го привлечеш, зборете за тоа. Момчињата се многу прост народ и не сфаќаат кога некое девојче ги свиѓа. Треба да им поставиш писта со светки накај тебе Ама ти отиди кај што работи он и напраи муабет нешо...
Порано бев мнооооогу срамежлива и не ми паѓаше на крај памет прва да пристапам на машко ама во последно време наеднаш се сменив и некако почна да ја снемува срамежливоста.Еве ќе ви кажам еден случај.Значии на фб видов еден многу убав дечко и ептеен ми се засвиѓа,почнав да го манијачам,да гледам заеднички пријатели ова она и видов дека ептен е близок со еден мој другар со кој учиме во исто школо.И ја одма отидов кај другаров,го прашав уз муабет кај ќе иде за викенд(знаев дека дечкото ќе биде со него) и кога дојде викенд ја ДЕМЕК СЛУЧАЈНО со уште две другарки отидов на тоа место кај што беа они.Се поздравив со другаров и стоевме со нив ама ја никако да се запознаам со дечково Лелеле коа почна да ме фаќа нервоза,вечерта ќе помине ја и овој уште не сме се запознале.И се погоди некако другар ми и дечкото да зборат нешто на страна,ја ни два ни три отидов кај нив,им се убацив во муабет и почнав нешто да зборам со типот и на сред муабет му се избацувам со прашањето:-А ти како се викаш? Значи до ден денес се смеам на ова.И ми кажа,јас му пружив рака и му се претставив и си продолживме да збориме,ептен ни се погоди муабетот.На крај сите си отидоа по дома,јас паметна останав со него и со уште еден негов другар И така нареден викенд знаев дека ќе биде на истото место и пак ,,случајно" отидов таму,седевме заедно,се сликавмее и така xD Немаше ништо повеќе пошто отиде на одмор ама деновиве треба да е вратен па ќе видиме што како Ете знам дека е долгичко ама морав да споделам
Вака дечки, има едно момче што ми се допаѓа баш многу. Не се знаеме лично, но се следиме на инстаграм. Е сега вака, не сум тој тип што сака да пишува прва по социјалниве мрежи, но би собрала храброст (по неколку испиени пијачки хаха) да му пријдам и да се запознаам, но не знам кога би било добро време да го направам тоа. Не би сакала да му пријдам пред неговото друштво и уште ако ме одбие како да се понашам во тој момент? Што да кажам?
Да имаш и некаков друг можен контакт со него во смисла да сте генерација и да учите/студирате заедно тоа ќе ти беше супер прилика за почнување муабет, ама вака мислам дека единствена опција штом сакаш во живо запознавање ти е кога е излезен со друштво. Е сега соодветно време за запознавање во таков случај би било ако се оддалечи на неколку минути од нив за да зборува на телефон, испуши цигара или нешто слично па ете така као демек случајно сте се нашле надвор и да започнеш некаков разговор. Пред друштво и јас лично не би се запознала, зошто не знаеш како ќе изреагира. А и на инста да му пишеш јас мислам дека не е лоша опција, па ако биде - супер, ако не - барем ќе знаеш си се обидела.