Запоставени од вашата другарка....

Дискусија во 'Врски' започната од tigar.23, 7 март 2010.

  1. tigar.23

    tigar.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Додека беше сама цело време бевте заедно, заедно на кафе, на шопинг, по дома , на одмор... и за момент се е минато ....ЗОШТО?...затоа што вашата другарка си фатила дечко... и што се случува:
    Ситуација 1:
    - Ало, кај си ле?; - Еве на кафе...извини што не ти се јавив но не планирано беше...; -О.К. не е проблем.....
    Ситуација 2:
    - Ало, слушај, слободна си да излезиме, има попости низ град ?; - Леле, извини многу, ама некако уморна сум, а и плус ќе дојде „Петар“ па ке гледаме филм. Дојди ако сакаш?.....
    Ситуација 3:
    - .......„бидете креативни“
    Сте се нашле или дали се наоѓате во ваква ситуација?
     
  2. Gab4e22

    Gab4e22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Се најдов во ваква ситуација и од едната и од другата страна, прво бев запоставена од мојата другарка и стварно мн е чудно чуството, некој вид на љубомора, поради тоа што цело време сте биле заедно за се и сеа се појавува некој друг што за нејзе е најважен и што има на некој да му се довери а тоа не сте вие, особено е лошо чуството кога ќе се скараат и таа тогаш и текнува на вас, кога не гледа друг излез и бара рамо за плачење и тогаш ај да излеземе а претходно нигде ја немало и најлошо од све кога ќе се смират и вие пак сте заборавени...и вотрата страна е сега кога си фатив дечко и сум само со него и премногу ми е убаво, почнав и јас да запоставувам може не намерно, пошто некогаш стварно неам време или сакам да се одморам од се и тогаш ти зборат на тебе или најлошо те оговараат како сум заборавила се заради него, како ќе ги барам нив кога ќе раскинам и сето тоа...многу е иронична целата ситуцаија...ние девојките сме мн поинакви да не речам глупави без навреда :) забораваме се само за некој што вчера ни влегол во животот, додека кај нив не функционира така, гледам дечкоми и кога е со мене не ги запоставува другарите понекогаш стварно ми смета тоа ама тоа си е..ваљда ние љубовтта поинаку ја доживуваме од нив...
     
  3. tigar.23

    tigar.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Значи: Кој е крив во случајот?....Ние жените! Еве на пример излегуваш на кафе со него и тој ти кажува дека неговиот другар ќе дојди со вас....зошто тогаш, ние не кажуваме...ОК. во тој случај ќе и се јавам и јас на другарка ми и таа нека дојде..туку што прави ме ние.....-Ок. супер!... и во себе ќе кажеш: Ајде покасно ќе и се јавам на другарка ми...и тоа ,секеко, не го правиш,а малку нешто да не е во ред ...прво и се јавуваш неа ... Работата е што ние жените се си земаме ,здраво за готово, и на се останато забораваме...но сепам морам да истакнам: СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ!!!!....ако ги има.....
     
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.899
    Јас веќе една година имам дечко .. другарка ми фати .. 1 недела го имаше и почна сите да не одјебува ..значи никогаш јас не сум направила така а и дечко ми ми кажуваше иди со нив да не ти серат.. она ако не е другарка со мене , зашо тоаш јас да бидам ?! океј е да не се запоставуваат другарки , ама тие што ств се другарки .. имам другарки што не зажалувам што сум искочила со нив а не со дечкото .. со оваа другава сака да ме запознава со машки .. дечко ми се секира и знае дека е таков и намерно праи да се караме ние двајца.. јас коа можам со неа , женската ситуација има дома .. а јас коа иам тоаш востание крева.. Заклучок : Не треба да се запоставуваат да .. ама тие што ств се другарки ..
    Ти седни збори со другарка ти .. кажи и дека не е добро тоа што го прави она .. Утре кога ќе ја остави дечко и , тебе ќе те бара.. А ако не и доаѓа памет ни тогаш .. Игнор , не ја ни прашувај за искачање , не ја прашувај со дечко и како и е .. Ни кај ќе идеш ни нишо .. Тогаш она ќе се осеќа запоставено ;)
     
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.464
    А во друштвото сте само две?
    Како и да е, таа не смее да те остави на цедило. Ти биди решителна и направи доообар муабет очи во очи. Ќе на начекаш ако треба и во 6 сатот на сабајле!
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    Ova se slucuva mnoguuu cesto, da ne recam so sekoja drugarka sto ke fati decko. Normalno e deka ke ima pomalku vreme za tebe, deka sega ima nesto sto ja ispolniuva i saka da mu posveti vnimanie, no spored mene toa ne e objasnuvanje deka ne moze da oddeli dva saati da se napie kafe so drugarka ili pak da proseta, ili ednostavno da se javi da pokaze nekoe minimalno vnimanie. I posle koga deckoto go nema, ke bide pak istata. Toa ne e voopsto vo red. Jas imam dolgo vreme decko i sekogas sum pazela da ne gi zapostavam, sum se interesirala za nivniot zivot, sum se javuvala,sekogas naogam vreme da se vidam barem kratko. Edinstveno sto ti preostanuva e da i kazes kako se osekas, ama iskreno ne ocekuvaj nekoja golema promena. Kazuvam od iskustvo za zal. Kulminacija so edna moja drugarka bese koga mi kaza deka ako sakam da ideme na kafinja ke mora da doaga sekogas i nejzinit decko. Epa izvini, ama jas pred nejziniot decko ne mozam da zboruvam otvoreno...
     
  7. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Сум била многу пати во таква ситуација да ме откачуваат другарките заради дечко дури се случувало и да се договориме да излеземе и пола саат пред тоа да се јават и да откажат! Нерви губев тогаш, зошто така, како може некој со кој се дружат цел живот да го запостават поради некој што го запознале вчера...!? И откако ми го направија неколку пати истото, иако ми беа другарки цели 10год, заедно пораснавме, јас зборев со нив неколку пати, но тие не се сменија и престанав да се дружам со нив. Некое време ми беше тешко и тоа премногу, зошто останав сама, но кога почнав со факултет таму запознав прекрасни другарки, личности со многу квалитети и другарството со нив еве трае веќе 2год но е безпрекорно. Премногу почитуавње и компромис владее меѓу нас. Секогаш имаме време една за друга, да си помогнеме, да се сослушаме итн. Конечно пронајдов другарки какви што навистина сакав да имам. Можеби не ги знам цел живот, но доволно сум созреана сега за да сфатам колку се тие добри и квалитетни личности и дали вреди да се дружам со нив.
    Така што мислам дека треба да разговараш со другарка ти, да и кажеш дека се чувствуваш запоставено, дека ти фал дружењто со неа, правењето муабет, пиењето кафе, одењето на шопинг... Неделата има 7 дена.. нека ги избалансира деновите и нека го подели времето за да биде и со тебе и со дечко и. Ако после разговорот не видиш промени, тогаш почни да стануваш поладна спрема неа, а кога ќе има проблем и кога ќе ти се обрати тебе, пробај да бидеш незинтресирана и ладна, тоа ќе ја повреди на еден начин и можеби ќе размисли и ќе сфати зошто така се однесуваш.
    Поздрав и со среќа ;)
     
  8. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    21
    значи вака...Јас се наоѓам во таква ситуација ! Бевме 3 најдобри другарки.Јас бев средината затоа што со едната (со таа шо сум сеуште) сме сосема исти,исто се облекуваме,сличен вкус,исти размислувања па дури и се наоѓаме понекогаш и во исти ситуации ! Со другата бев како со сестра ми ! А они двете не беа толку блиски колку шо јас бев со нив.Заедно испаѓавме итн. Арно ама еве едната фана дечко,го засака,најде друштво,најде друга другарка во друштвото и се одалечии.Веќе не испаѓа со нас по кафичи,дискотеки,чаршија,забави туку седи со друштвото,свират на гитара,пејат,пијат...Многу ми недостига меѓутоа неможам да и речам остави го него....неможам да застанам помеѓу двајца заљубени ! Како и да е,она ми е сеуште најдобра и неможам да го замислам животот без неа...
    е сеа ти ќе фанеш еден добар муабет со неа и ќе најдете решение заедно ! Ако не најдете решение сега....збогувај се со неа...
     
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Слично како што пишала МиаМатева и јас имав ( и сеуште имам ) две најдобри другарки, нон стоп бевме заедно, и ден и ноќ, една кај друга, заедно излегувавме и се друго. Јас кога фатив дечко може да признаам дека малку бев оддалечена од другарките, беше лето, јас работев во еден кафич, после работа со дечко ми, и немав време за другарките толку многу. Со едната другарка сме школски седеме заедно и со почетокот на учебната година пак се зближивме, а со другата не учиме заедно, таа е во друго школо и различна смена, и поретко се видуваме, така да со таа односите малку ни се оладени, не сме толку блиски како порано.Сепак кога имам време поминувам кај неа на кафе, знаеме и да се собереме трите заедно и го „ одржуваме“ пријателството.

    Зборот ми беше како контра на цитираното дека доколку некој многу ни значел, не може ништо да не раздели, доколку пријателстовто е искрено, ни дечко, ни работа, не можат да бидат пречка, секогаш можеме да најдеме малку време да посветиме на пријателите.
     
  10. tigar.23

    tigar.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Во ред е се, јас сфаќам дека таа има дечко и не ни очекувам да биде исто како порано, нормално е сега таа сака да си се посвети на врската затоа што сака да и успее...и ја подржувам во тоа..мора да вложи за да добие, нели?... Но работата е во тоа што јас пред неа си фатив дечко и јас во ниту еден момент не дозволив таа да се почувствува вака како што јас се чувствувам сега..секогаш наоѓав време за неа и кога одевме на кафе со дечко ми мене никогаш не ми било тешко да ја викнам и таа да дојде со нас .... или кога таа ќе ме викнеше да одиме некаде јас никогаш не ја одбивав, а сега не се сеќавам кога последен пат ТАА ми се јавила да ме праша барем што правам ... ако не се јавам јас , се сомневам дека ќе ме побара...толку мнооогу ја внесов во друштвото на дечко ми и сега и нив им е чудно зошто ја нема...Незнам дали да разговарам со неа(иако имав неколку обиди) или едноставно да се повлечам??????..... :?:
     
  11. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    82
    :arrow: и мене ова ми се случува баш сега во моментов..,за жал од дечкото таа *нема време* ни на фејсбук да ми пише :worried:hock:
    не е до него,сепак таа се залажува бидејќи момчињата секогаш имаат време за своите другари...
    јас секогаш за што и да било,со најкорисни совети ја советував,секогаш ја сослушував,ја тешев кога ќе и беше тешко...
    а таа и на школо не престанува да збори за него... :| :( :( јас никогаш така немам направено :? и сега јас сум таа што лошо се чувствува :( :(
     
  12. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    21
    точно...ама зборот ми беше дека треба да разговара со неа,да и ќаже дека и смета тоа итн. итн.... и така ќе се зацврсти и другарството.ако не го решат овој проблем набргу тогаш пријателството може да не биде толку цврсто како порано :)
     
  13. tigar.23

    tigar.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Znaete sto..zboruvav so drugarka mi pred edna nedela i kazav se sto mi smeta i kako ja dozivuvam vo momentot...taa mi prizna deka e taka i deka mnooogu se kae poradi toa i deka rabotite ke se smenat...i znaete sto...i po edna nedela od razgovorot...NISTO NE SE SMENI... ;(
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.368
    Допаѓања:
    36.994
    Па друго и не можеш повеќе да направиш. Остави ја некое време па може и ќе се освести...
     
  15. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    21
    разговарај пак со нејзе ама овој пат поозбилно,дури и налути се...
     
  16. tigar.23

    tigar.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Нема потреба да и се лутам..таа е доволна возрасна па нека расуди сама...јас и кажав што мислам сега таа нека одлучи дали сака да го прифати тоа што и го кажав или не...важно е што јас се обидов да и укажам на некои работи...но проблемот е тоа што таа не се смена само кон мене, туку кон сите околу неа ... :( таа не е она што беше...како сосема друга личност да е ..па баш сакам да видам до кога ќе го потиснува својот темтерамент...
     
  17. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.208
    И јас имам таков проблем девојки... и не знам како да го решам веќе :( сега сме на факс запишани во ист град и не седи ни далеку од мене,дечко и не е со неа сега,се гледаат само за викенди. и јас неколку пати и се јавив да се видиме и излеговме,се дружевме... и секогаш и велам “јави се или пиши другава недела ти за да се видиме да не биди само јас те викам ќе си помислам не сакаш да се гледаме“ арно ама таа пак не се јавува... :( доооолго време и зборувам како треба да се чува другарството ама изгледа џабе е! пак по старо си тера и не ја занима! не знам што да и речам веќе,се сум и рекла! а ако не ја побарам таа никогаш нема да се јави,ќе заборави дека постојам! 8 години учевме заедно,по цели денови заедно,се си кажуваме и сега вака да биди? не е фер! ;(
     
  18. snowflake1818

    snowflake1818 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    значи вака..
    јас имам сличен проблем.ние сме т.е. бевме 4 другарки (да не кажувам имиња ќе ги крстам значи Јас, Црнка, Белка и Жутка).. онака неразделни.и сега јас и Жутка фативме дечковци - исто двајца најдобри другари и почесто сме со нив.ама се деси да се скараат Црнка и Жутка.и сега Јас и Жутка повеќе време поминувавме заедно само затоа што почесто сме со дечковците иако и покрај тоа што не зборат Црнка и Жутка - јас не запоставив ни една од нив.секогаш им пишувам и на мсн и на фб затоа што несакам да ги откачам ради дечко.и сега они мислат дека јас Жутка повеќе ја поштувам одколку нив две и понекогаш како да ме отфрлаат а не гледаат дека јас правам се што можам за да бидам со нив и со Жутка и да не запоставам ни дечко ни другарки.правев муабет со нив за ова им кажав се што како е и мислев дека се ќе биде ок.али џабе.што намислиле - тоа прават :\ незнам веќе што да направам за нив.побудалев :x
     
  19. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    21
    Обиди се некако да ги смириш Црнка и Жутка :D Или пак објасни им дека ти значат сите подеднакво. И мојата другарка се буни затоа што мисли дека повеќе ја сакам и ценам другата другарка,ама разговаравме и се расчистија работите. ;)
     
  20. snowflake1818

    snowflake1818 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    не .. тие две никогаш нема да се смират бидејќи Жутка стана мн. покварена во последно време и јас тоа го гледам.пробав да правам муабет со неа за тоа - ама она секогаш или некој др. проблем има или било што само за да не правиме муабет.лаже претерано многу а јас ја сметав како др. две - за сестра.дечко ми знае се што е работа бидејќи од него ништо не кријам ама ме кара зашто понекогаш така и се издеравам (а тоа го правам кога ќе приметам дека ме лаже за нешто).сакам да зборам со неа.со Црнка и со Белка зборев али изгледа пак не сфаќаат дека не е така лесно како што мислат они да ја откачам.ипак и она значи нешто во мојот живот и покрај тоа што ме лаже и мене ме боли тоа. :|