Штом те лаже не ти е вистинска другарка...остани со неа блиска,а со нив ниди поблиска. Незнам шо друго да ти речам... Грда ситуација...
многупати! Сега овој период ми е баш таков .. Незнам до кој е проблемот до мене или до неа ,знам дека се се случи така ненајдено ,дека една се бутна во друштво и ете,со неа остана ..
Se imam najdeno vo vakva situacija.so drugarka mi bevme nerzadelni,sto se vika edno spienje ne delese,se dodeka taa ne si fati decko i pocnavme da se gledame preku vikendite no mnogu retko,nisto ne bese kako porano.....mi nedostigaa tra4evite,mi nedostigase sekoe utrinsko kafe ispieno so mojata drugarka....go prebrodiv i toa!Posle 6 meseci drugarka mi izgleda sfati deka premnogu se odalecivme odkako taa si fati decko pa i tekna da dojde kaj mene na kafe mi se izvini i mi kaza deka ne namerno se slucuvalo toa!i prostiv ne velam ne!i pokraj se taa bese i ke ostane moja nadobra drugraka!Pa zatoa ne ocajuvajte posto koga togas povtorno ke uzivate vo muabetite,setanjeto i druzenjeto so vasata najdobra drugarka!
имав една другарка бевме нерзаделни се додека она не си фати дечко тогаш јас едноствано исчезнав од нејзиниот живот ни ми се јавуваше ништо ама ако на крај краева она губи не јас
Јас ја имав до некаде запоставено мојата најдобра другарка. Едноставно секогаш гледав за поминам време со дечкото, а не со неа, постојано зборувавме на интернет или телефон, но не се гледаме многу многу често. Тоа ми беше за памет. Откако раскинав со него си почнав со неа многу почесто да излегувам, скоро секој ден и сфатив колку ми фалеше. Сега иако имам друг дечко, постојано одвојувам време за неа, ја сметам како дел од мене.
И јас како Сефора ја запоставувам една од најдобрите другарки. Со другите имам одличен однос, се гледаме кога можеме, имаме дечковци и знаеме дека ние сме си тука секогаш, ама зошто да не поминеме повеќе време со дечкото. Ама оваа еднава ми е многу напорна. 24 часа сака да биде со мене, ако не отидам на факс зошто не одам, ако излезам зошто излегувам, ако ме нема на мсн зошто ме нема итн. Дојде до тоа да ми кажува дека дечко ми не еза мене, па зошто се гледам со него итн. Мене сето тоа ми е напорно. Не сакам да и се правдам на неа, јас на мајка ми не и се оправдувам. Почнав да ја избегнувам, ама таа си продолжува по старо, ако не сум и обврнувала целосно внимание боље да не се дружиме. Јас не сакам целосно да ја прекратам комуникацијата со неа, ама пак не сакам толку да ми е напорна.
имам другарка која кога и да и пишам наогаше оправдување само да не се видиме ако во мегувреме си најдев некое момче, постојано го критикуваше-ваков бил таков бил навистина не можам да разберам зошто никогаш не сме се скарале ако се договориме да се видиме некогаш, ке се обидам да поразговарам со неа на мирен фин, и културен начин, т.е. да го решам проблемов, па се надевам дека ке дојдеме до компромис (и веке не и кажувам ништо со кој сум и како сум, оти ми е доста од нејзините критики за љубовта)
Уфф... и мене ми се случува ова.. Со другарка ми бевме како близначки, значи ист вкус, иста облека, исто мислење, се исто.. и неразделни бевме.. буквално цело време бевме заедно. А и дека заедно учиме, уште повеќе се зближивме. Се додека она не си фати дечко. Што е уште полошо и он е во ист клас. Она почна да се оддалечува од мене, во школо почна со него да седи, со него да си праи муабет, цело време со него. а јас како да не постојам. Бидејќи сме сите во исто друштво, кога сме сите заедно искочени, она исто си продолжува цело време да е со него, си праат муабет.. а мене не ме рецка ни 2 посто. А и често почнавме да се караме, без никакви причини.. И се одлучив да и кажам се што ме мачи.. и она ми рече дека и нејзе и било тешко, дека се ќе смени, а и пошто и правеле дома проблеми, можеби и ке му раскинела.. И на крај се си остана исто како што беше.. Она ми е единствената најдобра другарка и одсекогаш сум била најблиска со неа и затоа сето ова многу тешко ми дојде.. :'( (и цело време плачам :'()
Јас така за мелку ќе се скарав со мојата најдобра другарка...но среќа што оставив прво работите да легнат,и сфатив дека не е како што мислам Во нејзината зграда се досели една наша нова колешка од работа,и почна со неа да се договара-со нас да идела заедно на работа,а порано бевме само ние две...ќе се договореше со неа,па ќе ми се јавеше мене-демек во 7 тргни ќе те чекаме таму и таму,прво ние ќе одиме до банка а ти дојди,итн.....на работа цело време околу неа-и помагаше ,да се снајде,па потоа на кафе ,и јас ужасно се нервирав....се случуваше по пат додека одевме на работа да не изустам збор,ги слушав како се виделе вчера на кафе,па ги запознале дечковците итн....ова ме заболе многу,мислев дека е со нејзе,и мене ме остава...помина месец,и сфатив дека таа уствари го правеше тоа од што е навистина добра,и сакаше да и помогне на новата колешка да се снајде,а мене само ме совлада љубомората дека ќе ја изгубам порано беше само моја другарка,а сега се исплашив дека ќе ја делам со некој друг-но не,таа тоа не го избра,и понатаму сме си бест френдс ,
Јас сум во таква ситуација. Една година имам дечко и никогаш не сум ја зафркнала другарка ми за испаѓање и секогаш сум имала време и за нејзе и за дечкото. Но, кога таа си фати дечко си го стави на прво место, мене ништо не ме прашува. Заедничкото кафе никаде го нема, ни нагости не си одиме, ништо. Но, ќе свати таа што губи кога и јас ќе почнам да се однесувам така. Муабет не помогна затоа што веќе 3 пати и реков и не свати !
Колку честа и позната ситуација, но тоа е процес на рестење и созревање. Некои луѓе остануваат во животот, некои не, и колку сака нека ти е криво, таква е реалноста. Понекогаш и да се трудиш не е доволно. Колку солзи сум исплакала за другарки, толку за никој дечко не сум плачела. На сметка на своја штета, кратев од други обврски само за да не испаднам "Не-Другарка". Каде ми бил паметот... Ама сега сум мртов коњ во таква ситуација, турам пепел, ако требало така да биде, јас не можам ништо да сменам и не се секирам. Спојлер Да си кажам...
се сложувам.и јас бев предобра кон другарките а тие за првото машко ме откачуваа.така ми требало,глупача,трчев прво со нив да се видам буквално од спиење кај нив сум одела ако треба сум им помагала и за битни и небитни работи но ми дојде паметот и ги откачив кога најмалку очекуваа ,епа сега ми велат да се вратело времето...лицемерки и ги избришав од мојот живот небитните особи т.н големи,,другарки,,не ми треба маска ми треба искреност . а може сега мажената другарка да наоѓа време за мене дури и почесто ме бара одошто јас неа.значи се се може ако се сака
Ве читам и ви се чудам на тоа колку сте поврзани со своите најдобри другарки О.о Јас искрено ке си кажам, имам многу другарки колку за излегување,кафе и слично со кои не се гледам многу често но на ниту една од нив тајните не и ги доверувам.. Немам потреба од тоа! Навистина, зошто следниот ден да ме слуша цел град и да ме покажува со прст заради некои искомплексирани? Јас денес немам доверба во луѓето, ниту утре ке имам. Како некои што веке летнале со паметот.. Верувам дека постојат добри луѓе,а тие луѓе постојат за да држат некаков правец оти од вакви веке накај Брусник заминавме.. Според мене другарките не вредат ништо повеке одколку : *трачарење *лицемерие *одземање на вашиот/нивниот дечко *озборување позади вашиот грб послем караницата *озборување за третата личност со која зборувал за вас во истовреме кога бевте скарани. p.s Не сум песимист, туку реалист.. (секако за кој како)
Што сакаат нека прават, само лошо е кога се удираат во гради и велат дека тие кога ќе фатат дечко нема да се изгубат и променат,абе ај!!! Ене ја 1 во месецот ја гледам, зошто е зафатена, а тој неможе да дојде зошто може ќе има некој кој ќе се начука и ќе им расипе. Се замарав, кога ми велеа еј ти само со дечко ти, а нив никаде ги немаше, ко да сум стаила ја катенец и на врата и телефон и интернет. Ко од љубомора да не се појавуваат, па после мене ме снемало. А кога тие ќе фатат дечко бетер се. Е сега веќе не ми е битно, има створено мал круг на вистински пријатели, кои немаат препрека ако сакаат да се со мене.
Никогаш не сум откачила другарки за дечко, секогаш го организирав времето да бидам и со дечкото и со другарки, ама гледам не требало. Сега сум сама немам дечко, ама моите другарки имаат и цело време се со дечковците за мене наводно немаат време, имаат љубоморни дечковци кајко јас со сила да им правам нешто, слушав коментари слободна сум била ќе сум им местела други дечковци ќе сум се однесувала распуштено абе свашта. Такви другарки не ми требаат се гледам еднаш месечно и чао пријатно, нека си бидат со дечковците а кога ќе ги шутнат ќе ме побараат пак
Од мојате другарки тоа и не е како некое запоставување ние пак си бевме заедно но еве како беше... ние сме 4 најверни др и јас и уште една имавме дечковци долги врски, а бидејќи тие немаа дечковци ние секогаш излегувавме без дечковци... и двете фатија 2 другари и некако се заедно сакаа 4 да излагаат.. и дојде нова година мојата др у долга врска дечкото го остави да оди со другите, и на крајот тие ја зафркнаа си отидоа со дечковците ,но и она со нив, а дечкои со другарите, и на крајот не се налути само им кажа 2-3 збора... а најлошо е што пред да си фатат дечковци велеа ,,ее как може се со нив да сакате да излевате,, а они оп уште на 2 ден се сакат со нив и од тогаш се е исто само знам дека не се биле вистински др..но сепак тоа веќе и се заборава и пак се врака на старо..
Такви се повеќето девојки кога ќе се заљубат. Ама ти сега немаш, но утре ќе имаш и ќе им вратиш со иста мера, а дотогаш уживај во слободата, нема ништо поубаво од тоа, се во свое време. Јас кога бев сингле си уживав, секоја вечер излегував и се забавував како да нема утре. Тие (моите се мажени) ми завидуваа и осудуваа, а јас знаев дека им е криво, бидејќи седеа дома трудни, а мажите им беа или излезени или се досадуваа пред телевизор и не ме викаа во нивно друштво, ајде бе она нема ни дечко што ќе прави со нас. се во свое време.
Никогаш не сум откачила другарки за дечко, и никогаш нема ни да ги откачам. Секогаш сум наоагала време за сите, и за другарките и за дечкото. Според мене не е убаво да имам време само за дечкото, а за другарките да немам. Да дечкото денеска е тука утре не е, исто е и со другарките, ама вистинската другарка секогаш останува со тебе. А ретки се сега оние вистинските другарки. Искрено не ми требаат такви другарки што немаат време за мене, и што не се тука за мене. Ако е вистинска другарка секогаш ке биде тука за тебе, во било кое време, ке биде со тебе и во добро и лошо, и кога си тажна, и кога ти е тешко, да има време за тебе секогаш, да те почитува, да те сака, секогаш да те разбере, да можеш да и се довериш, да можеш све да и кажеш без да те осуди, да ти помага секогаш, да не губите контакт никогаш, да не се заборавате, и да не те заборава, да те праша како си. За све се наоага време, ако се сака ако не све друго е само еден обичен изговор. Да како и на членките погоре ми се има случено исто и мене за дечко да ме откачат многу пати. Сум се прашувала секогаш зашто е така, одговор немам. Колку ми е важен, и битен дечкото во животот, толку ми е важна, и битна и другарката. Ако сум права и вистинска другарка и ако ја сакам, јас душата ке ја дадам за неа, и никогаш нема да ја откачам за никој, и ништо. Ама искрено мене не ми треба ама ич таква другарка на која дечкото и е побитен од мене, и која нема време за мене. Зарем ги нема ваквите ли другарки више? Каде се?
Нзм колку е за овде ова ама не најдов посоодветна тема Вака,имам дечко 2 год ама како 10 да го имам оти цело време бевме заедно,освен дури сум на факултет,а тој на работа,едно спиење не делеше па некогаш и кај него ќе спиев од факултет имам една другарка,ептен сме блиски,бев кај неа дома,таа беше кај мене,ако не сме заедно на месенџер ќе пишуваме цело време е сега треба да одам на свадба со дечко ми кај негов другар,како брат му е,а дечко ми е девер,а со нив и цело време излегуваме,цело време сме заедно ама на истиот датум се погоди и таа моја другарка да прави прослава за дипломската нзм кај да отидам,најголем проблем е тоа што се во различни градови,се мислам ама никако да се одлучам и ке полудам овие 2 3 дена и на двајцата им викам ако не дојдам ептен е глупаво од моја страна ама и двајцата се лутат,додуша еден ке се налути па кај и да отидам вие што би избрале? :?