@Lea.Messi јас би отишла кај другарката.....Свадбата е на другар на дечко ти...Логично е да отидеш кај тој што ти е поблизок а верувам дека другарката ти е по блиска него ли другарот на дечко ти..
Бев запоставена скоро година дена и тинтрав ама брате шта је много много је имам и ја нерви и душа.И имаш само БЛОК на сите социјални мрежи и на бројот.Ни А ни Б, чао пријатно.Јас дур зборам зборам ама изгледа млатам празна слама.Затоа без многу зборување по кратка постапка.Пена ми фати устата.Де се извинува, де плаче ѕмиздри де ќе се сменела.Резултат ОД ЛОШО-ПОЛОШО.
Кога фати дечко ни муабет не правеше, а заедно пораснавме. Ајде се скараа фати друг пак истотоо. Значи ни пријателство нема повеќе
Сè се решава со разговор. Смирено и рационално. Седнете ја другарката и зборете со неа, кажете и дека ви смета што ве запоставува, и дека не сакате да бидете отфрлени. Ако стварно и е гајле за вас, ќе промени нешто. Ако не, баталете ја - без секој се живее. Јас имав другарка, кога си фати дечко не се одделуваа, и затоа што се дружевме со него, со неа се гледавме само кога ќе искочевме сите заедно. Ја седнавме, и кажавме што е работата. Прво, не е убаво ти животот да си го ограничиш на една личност. Без разлика дали е дечко или другарка. Второ, себично е да запоставиш некој што е тука за тебе отсекогаш и за се, за некој што дошол вчера.
Сум и кажала преку сто пати и упорно ми вели нема врска, абе не доаѓа ни на кафе да излезиме како со секундарен лепак да се залепени. А ако ја изнервира дечкото или се скараат одма ми звони.
Дистанцирај се од неа, не ја барај додека не те побара, а ако те побара затоа што се скарале ќе ја одбиеш.
Мојана си фати дечко, ја снема, ја разбрав, нормално, интересно, дечко, поточно, прв дечко, пробува нови работи итн... Од секојдневно заедно, се гледавме 1 до 2 пати неделно. Раскина со дечко и, јас бев рамо за плачење. Нормално, другарка. Си фатив дечко јас, се се смени. Ни ме разбра како што ја разбрав јас, се налути дека не сум била со неа, туку само со дечко ми. Јас буквално си останав без зброви.
Јас воопшто не разбирам како некој може да се оддели од другари само затоа што се во врска. Некако цел тој процес ми е безвезе. Ти ако си 24/7 со дечкото и воопшто немаш време за неа, ја разбирам. Таа сепак одвојувала ден два во неделата за тебе. Доколку и ти одвојуваш време за неа само не како порано, тогаш не знам што да кажам. Најверојатно се научила да е центар на внимание па сега и смета тоа. Како и да е, ако ти си и простила тогаш сега не треба да и враќаш затоа што и таа правела така. Не ме сфаќај погрешно, не те напаѓам.
Не не во ред е, го ценам твоето мислење. Инаку заборавив да наведам дека ние се гледавме пак, но поретко и викенди излегувавме заедно. Не и враќав со ист начин, се се случи спонтано. И мене прва сериозна врска, нов, запознавање итн. Ме разбираш. Само чекав да сум сфатена, како што направив јас.
Другарки од 1 одделение. Двете во врска, сега во брак со деца. До пред да фати дечко секој ден бевме неразделни. По цел ден заедно, секаде заедно. Одеднаш се се мења... без кавга.. само дистанца. Доаѓа, за кратко ја вика и си оди. Родендени, не доаѓа, или доаѓа сама, пред да дојдат другите гости. Измислува лаги(спрема сите другарки). Да не навлагам во детали сега. Сега откако сме во брак, никаде ја нема. Кога треба да се видиме се нешо, да видам, детево, свекор ми, маж ми... на улица 2 пати ме избегнува. Знам дека има проблеми и во заедницата. Се разбирам, ама ако е човек и знае да каже како што треба. 2 години малото, 3 пати го иам видено. Тоа е, луѓе се менуваат, глумат. Само лошо е кога се убедени дека им веруваме.
Чим има проблеми во заедницата, можеби сопругот не и дозволува нешто.. ни тоа не е изговор ама сигурно имаш читано тука за жени чиишто мажи ги затвараат дома.
Дури и да е така, искреноста е нешто што се почитува а не оддалечување без да кажеш ни збор што не е во ред. Едноставно не е убаво. Сите имаме проблеми, но и тие се надминуваат полесно кога имаш пријател покрај себе. Ама не секој го сфаќа тоа на време и после кога ќе престанеш да се трудиш за да оствариш контакт, ете тогаш им станува криво ама никој нема челични нерви.
Не не, не е мажот проблем, а проблемот може да се реши, таа односно тие не сакаат. Долго и широко е нивното. Но грешката што ја прават спрема друштвото е огромна. Едно е да те затвараат, друго е да се враќаш од работа сама и да избегнуваш некого, па после да му пишеш ко нишо да не било. Сум и рекла да разговара, го праи бракот совршен, ништо не и фали. А пред некое време маж и се жалеше пред мене и мм кои маки ги имаат. Не знам... не битно... 4 другарки останавме од основно.. се би напраила за нив. Навистина ги сакам како сестри. Еве и нејзе ја толерираме, ајде си има некој проблем, па да не ставаме сол на рана. Ама ептен ми е криво.
Нареден пат кога ќе се видите обидете се со отворен разговор, кажете и' дека покажувате добра волја и толеранција во име на многуте години минати во дружење но дека нема и понатаму да толерирате однесување кое наликува на тинејџерка. Ако и значи дружбата ќе се освести, а ако не секој по својот пат. Знам дека ти е криво, но ништо не оди со сила. Тоа е