Работата е што сите и збориме. Ама она вика неам ја проблем, тоа понекад само, бла бла.. и што ќе се расправаш. Јас искрено веќе не и се тресам ко порано. Ако се јави јави. Него она си правам сеа муабет да си олеснам душа.
Јас од секогаш сум била осамена личност, сега си го имам само дечко ми и една другарка која ретко ја гледам. Повеќето од времето го поминувам сама ама навистина би сакала да имам друштво, премногу ми е тешко да стекнам пријатели, не сум добра во комуникација. Имав другарки до пред некое време, едноставно ме отфрлија од друштво пошто карактерите не ни се совпаѓаа, се надевам дека некој ден ќе запознаам нови личности.
блазе тебе , јас имам другарки колку сакаш многу брзо се зближувам,комуникативна сум ама за дечко не ме бидува...
Јас имав една другарка уште од основно.Се дружевме уште од прво одделение.Сега почна да ме избегнува,а и ми има кажано дека нејќи да излегва со мене во јавност.Различни карактери сме сепак нејќи да ја озборуваат покрај мене.Дури ни на роденден не ме покани.За жал таа ми беше најблиска другарка и ги знаеше сите мој тајни,што според мене е голема грешка.Сега сум речиси сама .Не барам сожалување туку само да го искажам своето мислење.
Не ти е таа другарка. Елиминирај ја. Избришај го секој контакт со неа и на социјални мрежи и во риал лајф.
Проблемот е што покрај неа имав и неколку другари и другарки од поранешното друштво кои сега само со еден се допишуваме другарски на социјалните мрежи.Сите ми го свртија грбот.
Тогаш воопшто не те заслужуваат. Бев во слична позиција, сите ги отерав у курац. Такви луѓе не ти требаат. Боље сама отколку опкружена со токсилни луѓе.