Секој од нас еднаш барем во животот помислил да започне нов живот,да замине некаде и све да смени ,некаде каде што никој не го знае ,некаде каде што ке има мир,дали некој од вас е подготвен на ова?
Да, сум спремна да оставам се и да заминам одовде. Меѓутоа мислам дека тоа не е решение, каде и да одиш ти си ти, можеби ќе ја смениш државата, градот, местото, личностите околку тебе нема да бидат оние на кои си се навикнал, но сепак срцето и карактерот остануваат, сите рани, убави моменти, сеќавања ги земаш со себе, тоа е неизбежно.
се согласувам на ова.можеш се да смениш но сите сеќавања ги носиш со себе.ти е сменета само средината, луѓето но сепак ти си истата личност.
Немора да значи дека ти ќе си ти каде и да одиш.. Понекогаш самата околина тера да се прилагодиме на неа и на се однесуваме како што таа налага. Можеби кога ке запознаеш нови личности ќе ти биде убаво,но нема да ти биде како што си навикната, сето тоа ке те направи посилна личност и кога ќе се вратиш ке бидис карактерно оформена ако ништо друго. ТЕ МОЛАМ КАЖИ КАЈ САКАШ ДА ОДИШ.. ЈАС ПОСТОЈАНО РАЗМИСЛУВАМ НА ТАА ТЕМА НЕКАКО НЕМАМ МИР КАДЕ ШТО СУМ СЕГА САКАМ ДА ИЗБЕГАМ МАКАР И ДА Е НА 1 ГОДИНА НЕМОРА НИШТО ПОВЕКЕ САМО ДА СЕ ОТРГНАМ ОД СИТЕ ЛИЧНОСТИ ТУКА..
Едно знајте феминки и умни женски главчиња. Кај и да одите, колку и да бегате, колку и да започнувате нов живот, од самите себеси не можете да избегнете, едноставно тоа сте што сте. Тоа е најверојатно “проклетството“ на секој човек, да мора да живее со себе си и да се прифати. Кој успее во тоа, загарантирана му е среќа, мир и спокојство (до одреден степен). Јас успеав во тоа, среќен сум and I wanaaaaaaa daааnceeee with soооmebodyyy who loоооves meeeeeeeee. http://www.youtube.com/watch?v=eH3giaIzONA
Не е работата да избегаш од самиот себе,јас така не го сваќам,туку едноставно да си во друга средина,други луѓе,други навики,да избегаш од ова досадно секојдневие,едноставно да си го промениш животот и навиките,и тоа стварно би било убаво,јас сум за,а вие?
Потполно се сложувам. Неколку пати од корен сум си го менувал животот и тоа навистина нема врска со промена на локација/луѓе/навики. Се е во главата а што потоа ќе сватиш дека некои луѓе не го заслужуваат твоето внимание, дека некои работи си ги правел по инерција е само нуспродукт на промената. Внатрешната промена предизвикува и надворешни манифестации. Дефинитивно. Еве на пример, јас секогаш губам и на килажа. Ми се случувало и по 10 кила да ослабам. Ќе си застанеш пред огледало и ќе си се прашаш (ама искрено): Кој сум јас, каде одам, што правам, дали ова ме прави среќен, ако не сум среќен дал бар сум во мир со сам себе? Кога ќе одговориш на вакви работи, на крај ќе си се прашаш: Дали јас сум личност со која и самиот би сакал да се дружам? Обично на тие што не им се допаѓа одговорот на ова прашање им се бега (од себе, од државава, од жената, од се).
Пробувам да го заборавам минатото.Да почнам од почеток но некако не ми иде . :/ Сакам да сменам се во мојот живот но за жал невозможно е . Тоа сме што сме.Не треба да се бега Се во животот што завршило со пораз,останало како лекција за понатаму.Затоа луѓе, живејте го животот со полн здив.Мислам дека не треба да се оптеретуваме со работи,кои можат само да ни наштетат.Смејте се и бидете задоволни од тоа што сте.И да,немојте да заборавите дека МАЛИТЕ РАБОТИ,го прават животот прекрасен
да и јас пробувам да го заборавам минатото,но за да го заборавиш минатото треба во сегашноста да најдеш некој кој ке те цени и саја.. Јас мислев го најдив дека ми помогна да заборавам се,но не било така... Затоа пробај па и јас ќе пробам да сменам нешто и во сегашноста а се надевам кога ке ми биде подобро и поубаво ке се смени целиот живот.. поздрав
Сакам и јас некоја пресвртница, да сменам околина, луѓе, се, да отидам некаде далеку и таму да си останам. Овдека си ги знам луѓето, ги читам, преку глава ми е од такви што пет пари не вредат ама ете на едно поле им се наредиле случајно коцките, или мама и тато им ги наредиле, и сега се мислат господ се.
Па би сакала да ми искрсне нешто, да добијам некоја стипендија за доусовршување, да останам во странство. Сакам нови места, нови луѓе. Овдека 100 год е исто, или ништо не се менува или оди на бетер. Сакам нови познанства, сакам таму далеку да се заљубам во некој и да ми биде убаво...
тоа ми е сеуште неостварена желба би оставила тука се и би заминала, но не да бегам од нешто, од некој или од самата себе бидејки ако имам нешто за да расчистам ке го направам тоа, сакам да имам чист пат. би о направила тоа да пробам нешто ново,нови работи,нови искуства. тоа мене ми е забавно,ми претставува задоволство
Знам, секој почеток е тежок, особено кога си некаде дааалеку од домот, но сепак, заради својата иднина - подготвена сум да започнам нов живот. Останува само да добијам прилика, а до тогаш ќе си причекам
Добро би ми дошло да,ама каде и да одам,гаранттирам дека многу работи ќе ги однесам со мене,нема да имам мир,едноставно ќе имам пречки и сентименталности од минатото кои и натаму ќе ми се мешаат во иднината,јас сум таков карактер каков што сум,а додека пак познавам луѓе кои започнале нов живот,ново се,не се сетиле веќе ни на сопственото име и презиме
И јас би започнала, воопшто не сум задоволна со овој живот, заглавена сум со лош избор на луѓе кои не ме разбираат, не знаат да ценат, а постојано зборат како се цветчиња... Еве, ќе студирам во друг град, овие одовде пополека ќе ги откачувам, но сепак не знам како би го извела сето тоа, се сум супер ама некако не ми оди зближување со луѓето, посебно со женските. Порано со машки барем се дружев, но со годините си сфаќаат погрешно... Ууф, се надевам дека ќе се снајдам
Започнувањето нов живот нималку не е лесно ниту како одлука ниту да се реализира. Можеби себе можеш да се ресерираш и да заборавиш се што било, но лугето кои не познаваат тешко ќе можеш да ги натераме да заборават. Не постои толку далечно место каде можеш да избегаш од лугето а уште помалку да избегаш од самата себе. Наместо бегање јас предлагам да почнеме да се менуваме себеси и да ги отфрлиме работите кои ги сметаме за лоши, затоа што само така ќе ги натераме лугето да ја запознаат новата јас и да ги заборават лошите нешта.Ако бегаме тие ќе ги запомнат само лошите нешта а тие кога тогаш ќе ме стигнат и бегањето ќе биде залудно.
Во моментов ми иде да забегам од нервоза да заминам некаде на убав одмор би ми дошло убаво сега мене ме окривуваат да ти се плукнам во животот, се би дала да започнам од почеток со значајмите луѓе во мојот живот